Јужен повратник
23°26′16″S 0°0′0″W / 23.43778°S 0°E
Јужниот повратник (наречен и јарчев повратник) е замислена кружница на најјужната географска должина на Земјата на која Сонцето може да дојде нормално на Земјината површина. Оваа појава се јавува при декемврискиот сонцестој, кога јужната полутопка е во најголема мера наклонета кон Сонцето.
Ова е еден од петте главни напоредници што стојат на картите на светот. Моментално јужниот напоредник (епоха 2011) лежи 23° 26′ 16″ јужно од екваторот.[1]
Положбата на повратникот не е постојана, туку се поместува на север со стапка од речиси половина секунда (0,47″ или 15 метри) годишно. Во 1917 г. повратникот се наоѓал точно на 23° 27' ЈГШ.[2]
Повратникот се нарекува и „јарчев повратник“ поради фактот што пред 2000 сонцето влегло во соѕвездието Јарец за време на декемврискиот сонцестој. Денес сонцето во ова време од годината се јавува во соѕвездието Стрелец. Промената се должи на појавата наречена прецесија на рамнодениците.
Содржина |
[уреди] Места
Почнувајќи од нултиот меридијан, па на исток, јужниот повратник минува низ следниве места:
[уреди] Поврзано
- 23-ти јужен напоредник
- 24-ти јужен напоредник
- Северен повратник
- Северен поларен круг
- Јужен поларен круг
- Екватор
[уреди] Надворешни врски
- Пресметки на временските епохи (англиски)
- Корисни константи (англиски)
[уреди] Наводи
- ↑ Повратник во движење (шпански)
- ↑ Миланковиќевите циклуси и глацијацијата - Државен унверзитет на Монтана (англиски)
|
|||||


