Антофагаста

Координати: 23°39′S 70°24′W / 23.650° ЈГШ; 70.400° ЗГД / -23.650; -70.400
Од Википедија — слободната енциклопедија
Антофагаста
Град и општина
Грб
Прекар(и): La perla del Norte ("Бисер на Северот")
Гесло: "Gloria, patria y tesón es tu lema y tu honor"
ДржаваЧиле
РегионАнтофагаста
ПровинцијаАнтофагаста
Населен22 октомври 1868
Главен градАнтофагаста
Управа[1]
 • ВидОпштински совет
 • АлкалдеЏонатан Веласкес
Површина[2]
 • Вкупна30.718,1 км2 (118,603 ми2)
Надм. вис.&1000000000000004000000040 м
Население (2017[3])
 • Урбано352,638
Поштенски број3580000
Повик. бр.+56 55
Мреж. местоMunicipality of Antofagasta

Антофагаста (шпански: Antofagasta е пристанишен град во северниот дел од Чиле, на околу 1100 км северно од Сантјаго. Тој е главен град на провинцијата Антофагаста и регионот Антофагаста. Според пописот од 2015 година, градот има население од 402.669 жители.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

По шпанско-американските војни за независност, градот Антофагаста станал дел од територијата на Боливија. И покрај тоа што во градот живеело претежно етничко чилеанско население, Чиле во 1866 година го признал боливискиот суверенитет врз Антофагаста, но во 1879 година Чиле се откажал од признавањето на боливискиот суверенитет поради тоа што Боливија го прекршила Договорот за разграничување од 1874. Антофагаста бил заземен од Чиле на 14 февруари 1879 година, и ова ја предизвикала Тихоокеанската војна (1879–83). Според условите на Договорот за мир и пријателство од 1904 година, Боливија го признала чилеанскиот суверенитет врз Антофагаста.

Економија[уреди | уреди извор]

Градот Антофагаста тесно се поврзува со рударската активност, затоа што е пристаниште и главен центар на една од главните рударски области во Чиле. Иако ископувањето на сребро и шалитра биле важни за Антофагаста низ историјата, од средината на 19 век ископувањето на бакар е убедливо најважна рударска активност за Антофагаста што поттикнува стабилен раст во областа на градежништвото, малопродажбата, хотелските сместувања, растот на населението и извонреден развој до крајот на 2000-тите. Од 2010-тите Антофагаста е исто така сервисен центар за ископ на литиум.[5]

Антофагаста има највисок БДП по глава на жител во Чиле, 37.000 УСД и е на трето место на Индексот за човечки развој веднаш по регионот Метрополитана де Сантјаго и регионот Магаланес и Антарктика Чилена.[6]

Демографија[уреди | уреди извор]

Јапонски парк, изграден од јапонската колонија.

Според пописот од 2002 година, Антофагаста имала 296.905 жители распоредени на површина од 30.718 км2, од кои 143.685 се жени и 153.220 мажи. Експертите процениле дека во следните 10 години градот ќе достигне 500.000 жители.[7]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Municipality of Antofagasta“ (шпански). Архивирано од изворникот 20 August 2010. Посетено на 6 September 2010.
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име INE.
  3. „Antofagasta (Chile): Provinces & Places - Population Statistics, Charts and Map“. Архивирано од изворникот 11 May 2019. Посетено на 11 May 2019.
  4. National Institute of Statistics of Chile (уред.). „Cities, Towns, Villages and Hamlets“. Архивирано од изворникот на 20 November 2006. Посетено на 22 June 2007.
  5. Cabello, J. (2022).
  6. Economía y Negocios (уред.). „Antofagasta GDP per capita is similar to the UK, and GDP per capita from La Araucanía is similar to Ecuador“. Архивирано од изворникот на 4 February 2014. Посетено на 17 January 2013.
  7. „Antofagasta will reach 500 000 inhabitants“ (шпански). Архивирано од изворникот на 27 September 2011. Посетено на 8 November 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]