ФК Железничар Сараево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Железничар
Целосно имеФудбалски клуб Железничар
ПрекарЖељо,[1]
Плави (Сините)
Основан19 септември 1921; пред 102 години (1921-09-19)
СтадионГрбавица
Капацитет17.000
ПретседателБосна и Херцеговина Ведран Вукотиќ
ТренерСрбија Славко Петровиќ
ЛигаПремиер лига
2020/217-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои

Фудбалски клуб Железничар е фудбалски клуб од Сараево, Босна и Херцеговина и еден од најголемите и најуспешните клубови во земјата. Името Железничар значи "железнички работник", а клубот го носи ова име токму порад фактот дека бил основан од страна на група на железнички работници. Во Босна, клубот традиционално е познат по производството на талентирани играчи, наместо нивно купување. Клубот обично се потпира на продажба на своите најталентирани играчи на крајот на секоја сезона[2] за да преживее финансиски.

Во времето на поранешна Југославија, ФК Железничар биле шампиони еднаш во сезоната 1971-1972, квалификувајќи се за Европскиот куп во 1972-1973 сезоната, каде што биле елиминирани во првата рунда. Клубот исто така завршил како вицешампион еднаш во лигата, и бил финалист во Купот на Југославија во сезоната 1980-1981. Во Европа, клубот е најпознат по достигнувањето до полуфиналето на Купот на УЕФА за време на сезоната 1984-1985 и четвртфиналето во сезоната 1971-1972.

Железничар е првиот босански клуб кој успеал да стигне до полуфиналето на Купот на УЕФА и еден од ретките тимови од Југославија кои некогаш успеале да го сторат тоа. Железничар е исто така најуспешниот фудбалски тим во денешна Босна и Херцеговина, со освоени 6 првенства на Босна и Херцеговина, 5 купа и 3 суперкупа. Клубот никогаш не успеал да се квалификува за Лигата на шампионите (во ерата пост Европскиот куп), а како најдобар резултат на клубот би можело да се истакне достигнувањето до третото (последно) квалификациско коло во сезоната 2002-2003, во кое загубиле од Њукасл Јунајтед со вкупен резултат 0-5. Според списокот на IFFHS од Топ 200 европски клубови на 20-от век, организација призната од страна на ФИФА, Железничар е највисоко рангираниот босански клуб, на делба на 110-тотот место на листата заедно со АЗ Алкмар и Виторија Сетубал.[3]

Своите домашни натпревари Железничар ги игра на стадионот Грбавица, кој е со капацитет од 17.000 седечки места. Основните бои на клубот се сината и белата и најчесто настапуваат сини дресови и шорцеви или бели дресови и шорцеви. Нивен најголем соперник им е локалниот градски конкурент ФК Сараево, со кого се натпреварува во Дербито на Сараево, во кое гледано историски Железничар доминира. Низ историјата клубот има произведено многу великани на југословенскиот и босанскиот фудбал, како: Ивица Осим, Јосип Каталински, Мишо Смајловиќ, Благоје Братиќ Хајрудин Сарачевиќ, Јосип Букал, Божо Јанковиќ, Мехмед Баждаревиќ, Един Бахтиќ, Радмило Михајловиќ, Харис Шкоро, Никола Никиќ, Един Чуриќ, Џелалудин Мухаремовиќ, Един Вишча и Един Џеко.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Обновено на 31 март 2017
Бр. Позиција Играч
1 Босна и Херцеговина ГМ Ирфан Фејзиќ
2 Србија ОД Синиша Стевановиќ
3 Босна и Херцеговина ОД Амар Беширевиќ
4 Италија ОД Матео Бочачини
7 Хрватска СР Иван Црнов
8 Црна Гора СР Дарко Марковиќ
10 Босна и Херцеговина СР Самир Бекриќ
11 Србија СР Јован Блегојевеиќ
12 Босна и Херцеговина ГМ Аднан Бобиќ
13 Босна и Херцеговина ГМ Ведран Ќосевски
14 Босна и Херцеговина СР Дино Хасановиќ
15 Босна и Херцеговина ОД Јадранко Богичевиќ
Бр. Позиција Играч
16 Босна и Херцеговина ОД Срѓан Станиќ
17 Босна и Херцеговина СР Горан Закариќ
18 Хрватска ОД Даниел Стојановиќ
19 Босна и Херцеговина ОД Семир Керла
20 Босна и Херцеговина СР Зајко Зеба
22 Нигерија ОД Муса Мухамед
23 Босна и Херцеговина НП Стево Николиќ
24 Хрватска НП Иван Лендриќ
25 Србија СР Угљеша Радиновиќ
27 Босна и Херцеговина ОД Кемал Османковиќ
39 Босна и Херцеговина СР Денис Жериќ
88 Босна и Херцеговина СР Мирослав Стевановиќ

Титули[уреди | уреди извор]

Социјалистичка Федеративна Република Југославија Југославија[уреди | уреди извор]

1971-1972

Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина[уреди | уреди извор]

1997-1998, 2000-2001, 2001-2002, 2009-2010, 2011-2012, 2012-2013
1999-2000, 2000-2001, 2002-2003, 2010-2011, 2011-2012
1998, 2000, 2001

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Osim card coming up trumps at Željezničar (Željo for short)“. uefs.com. Посетено на 14 August 2015.
  2. „Berjan: Željo je dobijao aplauz po cijeloj Jugoslaviji“. fkzeljeznicar.ba. Посетено на 19 August 2015.
  3. Europe's Club of the Century retrieved from www.iffhs.de, 13 September 2009

Надворешни врски[уреди | уреди извор]