Црква „Св. Илија“ - Ѕвегор

Координати: 41°58′36.4″N 22°49′17.8″E / 41.976778° СГШ; 22.821611° ИГД / 41.976778; 22.821611
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Илија

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Делчевско
Парохија Ѕвегорска
Местоположба

Карта

Координати 41°58′36.4″N 22°49′17.8″E / 41.976778° СГШ; 22.821611° ИГД / 41.976778; 22.821611
Место Ѕвегор
Општина Делчево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Изградба 2 август 1990
Завршено 1991
Осветување 15 септември 1991
Архитектонски опис

Свети Илија — манастирска црква на Ѕвегорскиот манастир.

Историја[уреди | уреди извор]

Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 2 август 1990 година, а истата била изградена следната година и осветена на 15 септември 1991 година од страна на тогашниот Митрополитот Брегалнички г. Стефан.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Црквата е изградена од камени блокови обоени во бела боја. Во предниот дел има трем до кој водат неколку мермерни скали. Влезната порта е дрвена и е покриена со метална решетка, а над неа има слика на Свети Илија. Во задниот дел од градбата има полукружна апсида. Црквата во целост е покриена со ќерамиди. Внатрешноста на храмот не е зографисана.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]