Прејди на содржината

Цар Калојан (град)

Координати: 43°36′25″N 26°14′20″E / 43.607078° СГШ; 26.239016° ИГД / 43.607078; 26.239016
Од Википедија — слободната енциклопедија
Цар Калојан
Цар Калоян
град
Цар Калојан is located in Бугарија
Цар Калојан
Цар Калојан
Местоположба на Цар Калојан во Бугарија
Координати: 43°36′25″N 26°14′20″E / 43.607078° СГШ; 26.239016° ИГД / 43.607078; 26.239016
ЗемјаБугарија
ОбластРазград
ОпштинаЦар Калојан
Управа
 • ГрадоначалникДауд Аљаовлу (ДПС)
Површина
 • Вкупна71,3 км2 (27,5 ми2)
Надм. вис.&10000000000000190000000190 м
Население (2022)
 • Вкупно3,302
 • Густина46/км2 (120/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код7280
Повик. бр.+359 08424
Мреж. местоtsarkaloyan.eu

Цар Калојан (бугарски: Цар Калоян) — град во Североисточна Бугарија, административен центар на Општина Цар Калојан во Разградската Област. Има население од околу 3.302 жители (2022).[1]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Цар Калојан се наоѓа во североисточниот дел на Дунавската Рамнина. Гратчето се наоѓа на 27 километри северозападно од регионалниот центар Разград и на 35 километри југозападно од Русе.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во реонот се пронајдени траги од различни култури. Населбите и гробните могили се тракиски. Остатоци од утврдување и мермерен релјеф на божицата на земјоделството и плодноста Церера даваат доказ за живот за време на римското владеење. Во локалитетот Расате се пронајдени украси, предмети за домаќинството и градежни материјали својствени за Првата Бугарска Држава. Од Втората Бугарска Држава се наоѓаат карпестите манастири и испосници „Црква“, „Калугерица“, „Торлашки Манастир“, како и наод од сребрени монети од времето на царот Иван Шишман.

Првите пишани документи во кои се споменува селото Торлак се од средината на XV век. Во еден регистар на Никополскиот санџак од 1450 година стои: „... Торлак, селски домаќинства 31 — данок без испенџа, адет и агнам 4815 акчиња...“. Главен опстанок во тоа време било сточарството. Во друг документ од XVII век под наслов „Регистарот на Јелеп-кешаните од Хрзградската кааза, според највисок ред е составен на 24.12.1573 година“ има именуван список на џелеп-кешаните, кои предале колку овци на османлиската држава. Еве еден извадок од него: „... село Торлак — Иванчо Стано-50 овци, Мирчо Михал-25 овци, Доброслав Добромир-25 овци, Добромир Черњо-25 овци-вкупно 125 овци...“. Тоа е исклучително важно и укажува дека населението на Торлак е чисто бугарско, додека во списоците на џелеп-кешаните има и Турци од другите населби. Во овој период, крајот на XVII век, започнало интензивното искоренување на шумите, поради брзиот пораст на бројот на населението, а кон крајот на XIX век, обработливото земјиште изнесувало повеќе од 15.000 декари, а потоа достигнало 42.000 декари. Првите искоренувања започнале јужно од селото во месноста „Д’лгија рт“ и продолжиле во западен правец до границите на соседните села Костанденец и Сваленик. Дури тогаш започнува развојот на занаетчиството и трговијата.

Населбата се викала Торлак до 1934 година, кога била преименувана во Цар Калојан. Во 1951 година комунистичеките власти ја преименувале во Хлебарово, а во 1981 година била прогласена за град. Во 1991 година е вратено името Цар Калојан.[2]

Личности

[уреди | уреди извор]
  1. Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
  2. Дигитална Библиотека на Национален Статистически Институт – Каталог (PDF), Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-06-13, Посетено на 2018-09-25 no-break space character во |title= во положба 58 (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]