Хосе Ечегарај

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Хосе Ечегарај и Еисагире)
Хосе Ечегарај-и-Еисагире

Хосе Марија Валдо Ечегарај-и-Еисагире (Мадрид, 19 април 1832Мадрид, 14 септември 1916) — шпански драмски писател од баскиско потекло. Заедно со поетот Фредерик Мистрал, награден е во 1904 година со Нобелова награда за литература и така стана првиот Шпанец кој ја има добиено, така што го зазема централното место меѓу класичната и модерната шпанска драма.

Рани години[уреди | уреди извор]

Од млади години Ечегарај-и-Еисагире учел латински и грчки јазик. На 14 години дипломирал филозофија. Завршил математика во техничката школа во Мадрид, 1853, и од 1858 година предавал во неа. Тој бил еден од најистакнатите математичари на своето време.

Политички ангажман[уреди | уреди извор]

По паѓањето од власт на кралицата Исабела II, 1868 година, Ечегарај-и-Еисагире се вклучил активно во политичкиот живот и бил избран во шпанскиот парламент. Како министер за финансии учествувал во основање на Шпанска банка.

Творештво[уреди | уреди извор]

Во 1874 година заминал во Париз, каде што ги разгранува своите театарски интересирања. по враќањето во Мадрид, 1875 година, ја објавил својата прва пиеса, Чековна книшка, под псевдонимот Хорхе Ајасек-и-Еисагире.[1]

Во тек на три десетлетија Ечегарај-и-Еисагире се наоѓал меѓу најпопуларните драмски писатели на Шпанија. Ја развил театарската традиција од епохата на златниот век на шпанската драма, особено на Педро Калдерсон де ла Барка.[1]

Пиесите на Ечегарај-и-Еисагире се адекватен израз на вкусот на публиката кон мелодрамата, со романтична интерпретација на вечните теми : љубов, должност, чест. Речиси половина од творбите, 30, му се напишани во стихови.[1]

Негови најпознати дела се: -{El gran Galeoto, O locura o santidad}-, (1877), -{Mariana}- (1892), -{El estigma}- (1895), -{The Calum}- (-{La duda}-, 1898) и -{El loco Dios}- (1900).

Подоцнежното творештво му било под вкијание на францускиот натурализам и на драматургијата на Хенрик Ибзен: Големиот сплеткар, 1891; Синот на Дон Хуан, 1892;[1]

Ечегарај-и-Еисагире бил член на Кралската шпанска академија.

Една од улиците во Мадрид носи име по Ечегарај. Таа улица и денас е позната по кафеаните во кои се игра фламенко.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 НИД „Микена“, Битола, 2009