Охридска пастрмка: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с отстранета Категорија:Фауна на Македонија користејќи го HotCat
Ред 19: Ред 19:


== Подврсти ==
== Подврсти ==
Охридската пастрмка е изразито езерски ендемичен вид риба, длабинска и реликтна риба, па се развива и живее во длабоките слоеви вода исклучиво во [[Охридско Езеро]]. Имајќи ги во предвид начинот на живот и уште некои карактеристики, познавачите разликуваат ''струшка'', ''пештанска'' и ''летна форма'' на овој вид риба.
Согласно новата класификација овие форми (подвидови) кои во литературата се опишувани и како “раси” се издигнати на одделни видови, така што денес, согласно новата класификација, би требало да разликуваме неколку вида на пастрмки кои се изведени од видот Salmo letnica Karaman 1924.

Бројот и распоредот на темните и црвените пеѓи по телото на охридската пастрмка силно варира. Црнте пеги преовладуваат по страните и над грбната линија, црвените се релативно малубројни и распоредени по должината на страничната линија.<ref>[http://www.slvesnik.com.mk/Issues/634836914B1C2C48A528E23A94A0CD4B.pdf/ Службен весник на Р.Македонија, бр.145]</ref>

Полово незрелите единки се разликуваат од полово зрелите единки со посветла боја на телото со сребренаст сјај:
'''Охридската пастрмка''' се јавува во три подврсти и тоа:
'''Охридската пастрмка''' се јавува во три подврсти и тоа:
* [[Летница]] ({{lang-la|Salmo letnica Balcanicus}}) - се мрести на зима
* [[Летница]] ({{lang-la|Salmo letnica Balcanicus}}) - се мрести на зима;
* [[Струшка пастрмка]] ({{lang-la|Salmo letnica Typicus}}) - се мрести на зима, а меѓу мрестењето на оваа раса и расата S.L.Baclanicus (струшка) има разлика од барем еден месец.
* [[Струшка пастрмка]] ({{lang-la|Salmo letnica Typicus}}) - се мрести на зима, а меѓу мрестењето на оваа раса и расата S.L.Baclanicus (струшка) има разлика од барем еден месец;
* [[Охридска белвица]] ({{lang-la|Salmo letnica Aestivalis}}) - се мрести на лето периодот од мај до јули
* [[Охридска белвица]] ({{lang-la|Salmo letnica Aestivalis}}) - се мрести на лето периодот од мај до јули;


== Опис и градба ==
== Опис и градба ==

Преработка од 21:37, 16 октомври 2020

Охридска пастрмка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Зракоперки
Ред: Пастрмковидни
Семејство: Пастрмки
Род: Пастрмка
Вид: Охридска пастрмка
Научен назив
Salmo letnica

(Karaman, 1924)

Охридска пастрмка (науч. Salmo letnica) — ендемска слатководна риба што живее во Охридското Езеро, а припаѓа на семејството пастрмките. Неколку локални називи се летница, струшка пастрмка, охридска белвица. Максималната должина се движи од 25 до 60 см, а тежина до 15,8 кг. Се мрести од март до мај.

Подврсти

Охридската пастрмка е изразито езерски ендемичен вид риба, длабинска и реликтна риба, па се развива и живее во длабоките слоеви вода исклучиво во Охридско Езеро. Имајќи ги во предвид начинот на живот и уште некои карактеристики, познавачите разликуваат струшка, пештанска и летна форма на овој вид риба. Согласно новата класификација овие форми (подвидови) кои во литературата се опишувани и како “раси” се издигнати на одделни видови, така што денес, согласно новата класификација, би требало да разликуваме неколку вида на пастрмки кои се изведени од видот Salmo letnica Karaman 1924.

Бројот и распоредот на темните и црвените пеѓи по телото на охридската пастрмка силно варира. Црнте пеги преовладуваат по страните и над грбната линија, црвените се релативно малубројни и распоредени по должината на страничната линија.[1]

Полово незрелите единки се разликуваат од полово зрелите единки со посветла боја на телото со сребренаст сјај: Охридската пастрмка се јавува во три подврсти и тоа:

Опис и градба

Охридската пастрмка се разликува од поточната пастрмка по сплеснатото тело, по малата глава и ѕвездестите сиви пеги по телото. Бојата на месото е кај некои бела, а кај некои розевкаста.

Навики, живеалиште, распространетост

Охридската пастрмка е ендемски вид риба на Балканот и во Европа. Таа е најблизок потомок на видовите што живееле на тоа подрачје уште од периодот на терциерот.

Охридската пастрмка секогаш живее во Охридското Езеро. Денот го поминува во длабочините и на места што се доста оддалечени од брегот, а на површината на водата испливува навечер, кога лови муви. Понекогаш приоѓа до самиот брег, во плитките води, барајќи храна од подводните растенија.

Охридската белвица се наоѓа само во најдлабоките места на езерото и тоа до 200 метри, и се мрести на зима како поточната пастрмка. Сè почесто се лови, па се претпоставува дека ѝ се заканува истребување.

Размножување

Охридската пастрмка се мрести од март до мај, а мелезите се настанати со вкрстување на поточната и охридската пастрмка, кои по телото имаат наизменично распоредени црвени округли и сиви ѕвездести пеги како летницата.

Наводи

  1. Службен весник на Р.Македонија, бр.145