Кајмакчалан: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Нема опис на уредувањето |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 3: | Ред 3: | ||
==Местоположба== |
==Местоположба== |
||
Од врвот се гледаат [[Островско Езеро|Островското Езеро]] и [[Петерско Езеро|Петерското Езеро]] во |
Од врвот се гледаат [[Островско Езеро|Островското Езеро]] и [[Петерско Езеро|Петерското Езеро]] во Егејска Македонија, како и областа [[Мариово]] во Р. Македонија. Во близина на Кајмакчалан се наоѓаат селата [[Скочивир]] од македонска, како и селото [[Чеган]] и ски-центарот „Ниџе“ (Ворас) од грчка страна.<ref>Алекандар Матески, „Убава Македонија - Кајмакчалан“, ''Економија и бизнис'', година 17, број 196, 30 октомври 2014, стр. 92.</ref> |
||
==Знаменитости== |
==Знаменитости== |
Преработка од 00:45, 13 мај 2019
Кајмакчалан или Мачник — највисок врв на планината Ниџе. Се наоѓа на јужната граница од Македонија, со висина од 2.521 м.[1] Кај Бугарите, врвот е познат како Борисов Град, а кај Србите како Порта на слободата и Праг на татковината.
Местоположба
Од врвот се гледаат Островското Езеро и Петерското Езеро во Егејска Македонија, како и областа Мариово во Р. Македонија. Во близина на Кајмакчалан се наоѓаат селата Скочивир од македонска, како и селото Чеган и ски-центарот „Ниџе“ (Ворас) од грчка страна.[2]
Знаменитости
За време на Првата светска војна, на Кајмакчалан се воделе тешки борби меѓу бугарската армија, од една страна, и француската и српската војска, од друга страна, како дел од Македонскиот фронт, познати како солунски. Притоа, само во периодот од 12 до 30 септември 1916 година, во жестоките борби[3] на врвот загинале над 4.600 војници од српската војска. Во составот на двете завојувани војски на фронтот биле мобилизирани голем број на Македонци од месното население во Мариово и од цела Македонија. Во спомен на овој настан, на црквата „Св. Илија“, сместена на самиот врв, се наоѓа посвета напишана од кралот Александар I Караѓорѓевиќ. До пред некое време, во црквата, во посебна урна, се наоѓало срцето на швајцарскиот форензичар, публицист и професор, Арчибалд Рајс.[4]
Наводи
- ↑ Статистички годишник на СР Македонија. Републички завод за статистика. 1978.
- ↑ Алекандар Матески, „Убава Македонија - Кајмакчалан“, Економија и бизнис, година 17, број 196, 30 октомври 2014, стр. 92.
- ↑ Александар Стојчев, Македонија и Македонците во Прва светска војна, Воен музеј во состав на Министерство за одбрана на Република Македонија, Скопје, 2017, стр. 85 - 87.
- ↑ Алекандар Матески, „Убава Македонија - Кајмакчалан“, Економија и бизнис, година 17, број 196, 30 октомври 2014, стр. 92-93.
Надворешни врски
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |