Силвија Плат: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 43: Ред 43:
Силвија пишувала дневник од својата 11 година, а Тед го уништил нејзиниот последен дневник за никогаш да не се дознае вистината за нивната врска. Во 1982 година Плат е првата поетеса која ја добива Пулицеровата награда постхумно.
Силвија пишувала дневник од својата 11 година, а Тед го уништил нејзиниот последен дневник за никогаш да не се дознае вистината за нивната врска. Во 1982 година Плат е првата поетеса која ја добива Пулицеровата награда постхумно.


Многу критичари сметаат дека Тед се обидувал да ги контролира сите можни публикации на Силвија Плат сè до неговата смрт во [[1998]] година. Дури и откако по многугодишно криење на нејзиниот дневник го открива пред јавноста, Тед цензурира делови од нејзините текстови. Тој дури и ја цензурира нејзината стихозбирка Ариел отфрлајќи песни кои се однесувале на него. Тед го прекинува молкот за Силвија во неговата последна колекција наречена „Роденденски писма“, насловната страна е направена од неговата ќерка Фрида.
Многу критичари сметаат дека Тед се обидувал да ги контролира сите можни публикации на Силвија Плат сè до неговата смрт во [[1998]] година. Дури и откако по многугодишно криење на нејзиниот дневник го открива пред јавноста, Тед цензурира делови од нејзините текстови. Тој дури и ја цензурира нејзината стихозбирка Ариел отфрлајќи песни кои се однесувале на него. Тед пишува за Силвија во неговата последна колекција наречена „Роденденски писма“, насловната страна е направена од неговата ќерка Фрида.

Во 2017 година биле откриени писма напишани од Плат помеѓу 18 февруари 1960 и 4 февруари 1963 кои откриваат дека Тед ја тепал два дена пред таа да има спонтан абортус во 1961 година и дека тој ѝ кажал дека сака таа да е мртва.<ref name=":3">{{Cite news|url=https://www.theguardian.com/books/2017/apr/11/unseen-sylvia-plath-letters-claim-domestic-abuse-by-ted-hughes|title=Unseen Sylvia Plath letters claim domestic abuse by Ted Hughes|last=Kean|first=Danuta|date=2017-04-11|work=The Guardian|access-date=2017-04-14|language=en-GB|issn=0261-3077}}</ref>


== Белешки ==
== Белешки ==

Преработка од 06:41, 13 јуни 2017

Силвија Плат
Плат на 20 години
Занимањепоет, романописец
НационалностАмериканка
Жанравтобиографија, детска литература, феминизам, ментално здравје, roman à clef
Книжевно движењеисповедничка поезија
Значајни делаThe Bell Jar иAriel
Значајни наградиПулицерова награда за поезија
Сопруг/аТед Хјуз (1956-1963)
ДецаФрида Хјуз
Николас Хјуз (починат)

Силвија Плат (27 октомври 1932 година - 11 февруари 1963 година) била американска поетеса и писателка. Нејзиното најпознато дело е „Стакленото ѕвоно“ (The Bell Jar) што е полу-автобиографска книга за нејзината борба со клиничката депресија. По нејзиното самоубиство во 1963,[4] таа добива статус на икона и се смета за една од најдобрите поети на нејзината генерација.

Биографија

Плат е родена во Бостон, татко ѝ бил Германец, а мајка ѝ имала австриско потекло. Таа била млада надежна поетеса, која својата прва поема ја објавува на 8-годишна возраст. Нејзиниот татко Ото бил универзитетски професор, но умира многу рано од дијабетес во 1940 година.[5] Плат никогаш не се опоравува од смртта на својот татко. Таа продолжува да објавува поеми, а во август 1950 го објавува и својот прв расказ „Летото нема повторно да дојде“, објавен во магазинот Seventeen.

Силвија страда од напади на депресија во текот на својот живот, а во 1950 година добива престижна стипендија и влегува на Smith College каде што останува до 1953 година. Работи во списанието Madamoiselle во Њујорк и тука преживува неколку епизоди на депресија. Згрижена е во болница и се подложува на електро-конвулзивна шок-терапија (ЕЦТ), но и покрај агресивната терапија, во август 1953 година, таа прави обид да се самоубие. Испратена е во институција за ментално здравје и тука се опоравува. Дипломира на Smith College во 1955 година и истата година ја освојува престижната Glascock награда за нејзината поема „Two Lovers and a Beachcomber by the Real Sea“.

Плат се здобива со Фулбрајт стипендијата и се запишува на Кембриџ каде продолжува да пишува поезија, повремено објавувајќи некои од своите песни во студентскиот магазин Варсити. На Кембриџ се запознава со англискиот поет Тед Хјуз. Во јуни 1956 година таа се мажи за Тед, откако мајка ѝ се согласува на овој брак. Од 1957 до 1959 година Силвија и Тед живеат во САД. Силвија предава на Колеџот „Смит“. Откако забременува, Силвија и Тед се враќаат во Велика Британија. Нивната ќерка Фрида Хјуз се раѓа на 1 април 1960 година.

Во 1960 година Силвија ја издава својата прва збирка песни наречена „The Colossus“. Во февруари 1961 година таа има спонтан абортус и голем број песни се однесуваат токму на овој трагичен настан од нејзиниот живот. Нејзиниот брак со Тед станува комплициран и тие се разделуваат, делумно поради нејзината психичка состојба (теориите се движат од: биполарно нарушување (манична депресија) па сè до шизофренија и опсесивно-компулсивно нарушување) но и поради тоа што Тед ја запознава Азија Вевил. Плат се сели во Лондон со нејзините две деца, Фрида и Николас, изнајмува стан на Примроуз Хил (блиску до Регентовиот арк) во куќа во којашто некогаш живеел В.Б. Јејтс. Зимата 1962/1963, најладната зима што Британија ја памети, Силвија го минува својот последен викенд во куќата на Џилијан Бекер.

Силвија изгледала среќно тој викенд. На 11 февруари 1963 година Силвија Плат извршува самоубиство задушувајќи се со гас во сопствената кујна. Нејзините две деце се пронајдени живи и во совршена здравствена состојба бидејќи таа ги сместила во друга соба, одлично изолирана со водени кујнски крпи, отворајќи го прозорецот од собата на децата за да не вдишат ниту малку гас. Плат е погребана на гробиштата Хептонстал, Западен Јоркшир. И денес со сигурност не може да се зборува за врската меѓу Силвија и Тед иако за многумина тоа е главната причина за нејзиното самоубиство.

Плат остави впечаток во феминистичкото движење, сметана за "симбол на уништениот женски гениј." Писателката Онор Мур ја опишува Ариел како означувањето на почетокот на движење. Мур вели: "Кога Ариел од Силвија Плат беше објавена во САД во 1966 година, американските жени забележале. Не само жените кои вообичаено ги читаат песните, но и домаќинки и мајки чии амбиции се разбудиле [...] Ова е жена, извонредно обучена во нејзиниот занает, чии песни бескомпромисно го мапираа женскиот гнев, амбивалентност, и тагата, во еден глас со кој се идентификувале многу жени."[6]

Да, мојата најголема желба е да се мешам со морнари и војници, редовните во баровите - да бидам дел од сцена, анонимна, слушајќи, снимајќи - сето тоа е овознеможено од фактот што сум жена, жена секогаш наводно во опасност од напад. Мојот интерес за мажите и нивните животи често е погрешно сфатен како желба да ги заведам, или како покана за интимност. Сакам да зборувам со сите длабоко колку што можам. Сакам да бидам во можност да спијам на отворено поле, да патувам на запад, слободно да одам во текот на ноќта...[7]

Творештво

И покрај необјаснетата врска помеѓу Силвија и Тед, тој сепак е главниот наследник на нејзиниот личен и литературен имот. Контроверзно е тоа што Силвија не започнува бракоразводна постапка и целото наследство му припаѓа на Тед кој пак со писмо се обратил до The Guardian велејќи дека Силвија никогаш сериозно не размислувала за развод туку тие планирале заедничка иднина. Силвија пишувала дневник од својата 11 година, а Тед го уништил нејзиниот последен дневник за никогаш да не се дознае вистината за нивната врска. Во 1982 година Плат е првата поетеса која ја добива Пулицеровата награда постхумно.

Многу критичари сметаат дека Тед се обидувал да ги контролира сите можни публикации на Силвија Плат сè до неговата смрт во 1998 година. Дури и откако по многугодишно криење на нејзиниот дневник го открива пред јавноста, Тед цензурира делови од нејзините текстови. Тој дури и ја цензурира нејзината стихозбирка Ариел отфрлајќи песни кои се однесувале на него. Тед пишува за Силвија во неговата последна колекција наречена „Роденденски писма“, насловната страна е направена од неговата ќерка Фрида.

Во 2017 година биле откриени писма напишани од Плат помеѓу 18 февруари 1960 и 4 февруари 1963 кои откриваат дека Тед ја тепал два дена пред таа да има спонтан абортус во 1961 година и дека тој ѝ кажал дека сака таа да е мртва.[8]

Белешки

  1. Introduction to Twilight at the Equator: A Novel by Jaime Manrique. University of Wisconsin Press, 2003 ISBN 0-299-18774-8
  2. Journal of Modern Literature, Vol. 1, No. 1 (1970), pp. 57–74
  3. Zusak interview for The Book Depository accessed 2010-02-21
  4. Becker. (2003)
  5. Steven Axelrod. „Sylvia Plath“. The Literary Encyclopedia, 17 Sept. 2003, The Literary Dictionary Company (April 24, 2007), University of California Riverside. Посетено на 2007-06-01.
  6. Boston Review. Article by Honor Moore. March/April 2009. After Ariel: Celebrating the poetry of the women’s movement Accessed 2010-07-09
  7. Feminspire
  8. Kean, Danuta (2017-04-11). „Unseen Sylvia Plath letters claim domestic abuse by Ted Hughes“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2017-04-14.

Надворешни врски

Викицитат има збирка цитати поврзани со: