КК Лирија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
сНема опис на уредувањето
Ред 13: Ред 13:
| бои = сина и бела
| бои = сина и бела
| претседател =
| претседател =
| тренер = Марјан Илиевски (последен)
| тренер = Марјан Илиевски (последен)
| титули = нема
| титули = нема
| лига = [[Прва македонска кошаркарска лига|Прва лига]]
| лига = [[Прва македонска кошаркарска лига|Прва лига]]
| сезона = [[Прва македонска кошаркарска лига 2013/14|2013/14]]
| сезона = [[Прва македонска кошаркарска лига 2013/14|2013/14]]
| позиција = полуфинале<br />4<small>ти</small> Супер Лига
| позиција = полуфинале<br /> Супер Лига 4<small>ти</small>
| вебместо = |
| вебместо = |
| h_pattern_b=_thinorangesides|h_body=orange|h_shorts=orange|h_pattern_s=_orangesides
| h_pattern_b=_thinorangesides|h_body=orange|h_shorts=orange|h_pattern_s=_orangesides

Преработка од 20:49, 21 јануари 2015

КК Лирија
KB Liria
Податотека:KK lirija logo.jpg
ЛигаПрва лига
Основан1977; пред 47 години (1977)
Распаднат11 септември 2014; пред 9 години (2014-09-11)
МестоСкопје
Бои на клуботсина и бела
ТренерМарјан Илиевски (последен)
Позиција 2013/14полуфинале
Супер Лига 4ти
Првацинема
Дресови
Домашен jersey
Team colours
Домашен
Гостински jersey
Team colours
Гостински


КК Лирија е поранешен кошаркарски клуб кој се наоѓал во населбата Чаир во Скопје, Македонија и има настапувано во Првата македонска кошаркарска лига.

Историја

Клубот првично е создаден во 1977 година во основното училиште "Лирија" во Скопје, и поради тоа клубот се вика Лирија. На почетокот во тогашниот состав играле воглавно поранешни и тогашни ученици од тоа училиште. Најголем придонес за клубот има веќе покојниот Ментаз Алајбегу.

По основањето, клубот се натпреварувал во Втората македонска републичка лига, која била во состав на југословенскиот кошаркарски систем. Подоцна се пласирале во Првата македонска републичка лига. Во сезоната 1985/86 клубот се распаднал. Од 2007/08 клубот се обновил, со неколку активирања и паузи во меѓувреме.

Од сезоната 2008/09, клубот почнал со натпреварување во Третата лига и поради добриот успех напреднал во Втората лига за следната сезона. Во сезоната 2009/10 во Втората лига, Лирија завршила на осмото место, но бидејќи Лирија се фузирала со КК Плејмејкер Кубус кој бил прволигаш и така обезбедила прволигачки статус. Во сезоната 2010/11 во Првата лига, Лирија завршила на петтото место во Суперлигата, додека во Купот стигнале до четврфиналето. Во 2011/12, екипата стигнала до полуфиналето во Лигата и Купот. Во 2012/13, Лирија завршила на шестото место во Суперлигата, а во Купот до четвртфинале. Во сезоната 2013/14, Лирија за првпат во својата историја играла во финале односно во Купот, каде изгубила од МЗТ Аеродром, додека во Лигата стигнала до полуфиналето каде повторно изгубила од МЗТ Аеродром. За време на полуфиналето против МЗТ Аеродром, Лирија поради ненаоѓање на сопствена сала изгубила службено и така била елиминирана.

Исто така, поради ненаоѓање на сопствен терен, Лирија го откажала своето учество во Првата Лига за сезоната 2014/15 и се распаднала. [1]

Галерија

Наводи

Надворешни врски