КБ Прво пензиско друштво: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување, промени во стилот, меѓујазични врски
Ред 46: Ред 46:
Инвестирањето на средствата на Прв задолжителен пензиски фонд се врши на начин кој обезбедува: сигурност на средствата, диверсификација на ризикот од инвестициите и одржување на адекватна ликвидност.<ref>[http://www.kbprvo.com.mk/web/guest/kbprvotvoren Прв задолжителен пензиски фонд]</ref>
Инвестирањето на средствата на Прв задолжителен пензиски фонд се врши на начин кој обезбедува: сигурност на средствата, диверсификација на ризикот од инвестициите и одржување на адекватна ликвидност.<ref>[http://www.kbprvo.com.mk/web/guest/kbprvotvoren Прв задолжителен пензиски фонд]</ref>


КБ прво пензиско друштво на своите членови им наплатува надоместоци за управување со средствата и трансакциски провизии. Надоместоците за управување со средствата се менувале со текот на времето, паралелно со зголемувањето на бројот на членовите во друштвото.
КБ прво пензиско друштво на своите членови им наплатува надоместоци за управување со средствата и трансакциски провизии. Притоа, во периодот од [[1 јануари]] до [[31 мај]] [[2013]] година, друштвото наплаќало 4% од вредноста на уплатените придонеси за пензиско осигурување, како и дополнителен месечен надомест од 0,05% од вредноста на нето-средствата на задолжителниот фонд. Потоа, до крајот на 2013 година, овие надоместоци биле намалени и изнеувале 3,75% и 0,045%, соодветно. Покрај тоа, во текот на 2013 година, друштвото наплаќало трансакциони провизии во висина на 0,0113 денари по една сметководствена еднициа. Најпосле, за премин на осигурениците во друго друштво за управување со пензиски фондови, КБ прво пензиско друштво наплаќа надомест од 15 евра, кој се наплаќа само ако лицето било член во фондот помалку од 270 денови.<ref>Информатор за работата на КБпрво пензиско друштво АД Скопје во 2013 година.</ref>


Табела 1: Надомест за управување со средствата на КБ прво пензиско друштво АД Скопје

{| class="wikitable"
|-
! Период !! Надомест
|-
| 31.12.2006 - 30.6.2007 || 8,5%
|-
| 1.7.2007 - 31.1.2008 || 7,9%
|-
| 1.2.2008 - 31.12.2009 || 6,8%
|-
| 1.1.2010 - 31.12.2010 || 5,5%
|-
| 1.1.2011 - 31.12.2011 || 4,5%
|-
| 1.1.2012 - 31.5.2013 || 4%
|-
| 1.6.2013 - 31.12.2013 || 3,75%
|-
|}


[[1 јануари]] до [[31 мај]] [[2013]] година, друштвото наплаќало 4% од вредноста на уплатените придонеси за пензиско осигурување, како и дополнителен месечен надомест од 0,05% од вредноста на нето-средствата на задолжителниот фонд. Потоа, до крајот на 2013 година, овие надоместоци биле намалени и изнесувале 3,75% и 0,045%, соодветно. Покрај тоа, во текот на 2013 година, друштвото наплаќало трансакциони провизии во висина на 0,0113 денари по една сметководствена еднициа. Најпосле, за премин на осигурениците во друго друштво за управување со пензиски фондови, КБ прво пензиско друштво наплаќа надомест од 15 евра, кој се наплаќа само ако лицето било член во фондот помалку од 270 денови.<ref>Информатор за работата на КБпрво пензиско друштво АД Скопје во 2013 година.</ref>


==КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд==
==КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд==

Преработка од 19:07, 22 февруари 2014

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје е македонско трговско друштво за управување со пензиски фондови. Друштвото е основано во 2005 година од страна на Комерцијална банка АД Скопје и Прва покојнинска дружба (сега Prva Group plc) од Љубљана, Словенија.

Организација и цели на КБ пензиско друштво

КБ прво пензиско друштво произлегло како дел од реформите во пензискиот систем во Република Македонија. Тоа било оновано во 2005 година од страна на Комерцијална банка АД Скопје и Прва покојнинска дружба од Љубљана. Друштвото е организирано како акционерско друштво чии сопственици се неговите основачи.

Целта на КБ прво пензиско друштво е да ги заштити интересите на членовите на фондовите, да овозможи сигурност на нивните средства и да создадат профит со соодветно инвестирање на прибраните придонеси. Работејќи на остварување на својата цел, КБ прво пензиско друштво, на своите членови на Фондовите им нуди:

  • СИГУРНОСТ – работејќи согласно строгите законски одреби и под контрола од страна на институциите кои се инволвирани во реформираниот пензиски систем (Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и банката чувар),
  • СТАБИЛНОСТ - КБ прво пензиско друштво произлегува од партнерството на две моќни и угледни финансиски институции - Комерцијална банка АД Скопје и Prva Group plc[1], кои се одликуваат со голема банкарска традиција и искуство во управување со пензиски фондови,
  • СПЕЦИЈАЛИЗИРАНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО – со друштвото раководат искусни и стручни лица, а негова основна дејност е управување со пензиски фондови,
  • ОРГАНИЗИРАНОСТ И ДОСТАПНОСТ – друштвото располага со широко распространета мрежа на обучени агенти,
  • ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО – друштвото е отворено за комуникација и достапно за членовите кои во секое време имаат увид во своите средства и нивното оплодување.[2]

Пензиската реформа во Македонија

Македонија е една од земјите која во 1990-тите го започнала процесот на транзиција кон пазарна економија, во која пензискиот систем забележал тешки контракции како резултат на општиот пад на економијата. Транзиционата економска криза ги потенцирала големите проблеми во пензискиот систем, го загрозила одржувањето на финансиската одржливост на системот, го зголемила степенот на редистрибуција и придонесла за слабеење на врската меѓу височината на придонесите и идните износи на пензиите. Тоа, постапно, довело до опаѓање на довербата на осигурениците во сигурноста на пензиите, а стимулирало и омасовување на појавата на евазија на плаќањата на пензискиот придонес или затајување на реалните плати на осигурениците. Од друга страна, големиот број предвремено пензионирани лица, како и растечкиот број на невработени уште повеќе го изостриле прашањето на одржливоста на пензискиот систем, заснован на принципот на генерациска солидарност. Односот меѓу бројот на пензионерите и бројот на осигурениците со текот на времето станувал сè понеповолен, а исплатата на пензиите била доведена во прашање.[3]


Реформата во пензискиот систем во Македонија била спроведена со цел да обезбеди материјална и социјална сигурност за сегашните и идните пензионери на долг рок. Ваков тип на реформа била неопходна во пензиското осигурување од причина што стариот - едностолбен систем, организиран според принципот на “генерациска солидарност”, бил соочен со сериозни проблеми во своето функционирање и се наметнало прашање дали ќе може да опстои во иднина. Заради сето ова, по примерот на другите земји кои веќе презеле реформи во пензиското осигурување, Македонија извршила реформа на пензискиот систем, т.е. воспоставила повеќестолбен систем во пензиското осигурување. Воведувањето на капитално-финансираното пензиско осигурување, кое радикално се разликува од тековно-финансирано осигурување, се настојувало да се постигне долгорочна избалансираност на приходите и расходите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и обезбедување сигурност и заштита на пензионерите.[4]

Задолжително пензиско осигурување преку КБ прво пензиско друштво

На секој осигуреник кој склучил договор со КБ Прво пензиско друштво му се отвора лична сметка на која се кумулираат средствата од придонесите за пензиско осигурување кои се издвојуваат на товар на неговата плата. На личната сметка се евидентира и целокупниот остварен принос од инвестициите во согласност со учеството на средства на членовите во вкупните средства на фондовите. Секој осигуреник уплаќа на личната сметка дел од придонесите за пензиско и инвалидско осигурување, во износ од 6.3 % од бруто платата. Тие средства не се користат за исплата на туѓи пензии, туку се лични средства што се користат како дел од пензијата која осигуреникот ќе ја добива по пензионирањето. Овие средства може да се предмет на наследување, што не е случај во едностолбниот систем.

Сите средства што се уплаќат на личната сметка се дел од личниот имот на осигуреникот и тие не може да се користат во постапка на порамнување или стечај на КБ прво пензиско друштво, да се даваат во залог, асигнација или да се пренесуваат во полза на трети лица, освен во случаи што се стриктно наведени со законските прописи.

Комплетен увид во состојбата на средствата на членовите

Преку достава на редовни годишни извештаи за состојбата на средствата на индивидуалната сметка на членовите во Задолжителниот пензиски фонд и/или доброволната индивидуална/професионална сметка во Доброволниот пензиски фонд, на личната адреса на членовите, секој член на пензискиот фонд има комплетен увид на средствата на личната сметка, бројот на сметководствени единици и вредноста на сметководствената единица на Фондовите. Со дополнителната можност за on-line известување има можност за брз, бесплатен, современ и едноставен начин за увид во сметката во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд - Скопје. Со тоа, секој член на пензиските фондови има информации за редовноста на уплатите на сметка, бројот на сметководствени единици, крајната состојба на средствата на сметката во Фондот.[5]

Професионално управување со средствата на членовите

Со пензиските фондови управувани од КБ пензиско друштво управуваат стручни и искусни лица, вложувајќи ги средствата во сигурни финансиски инструменти, согласно законските прописи, што овозможува сигурност и одреден принос на вложените средства и со што се создава можност за раст на идните пензии на членовите на фондовите.

Пензија од три извори

Реформираниот пензиски систем обезбедува поголема сигурност на тој начин што финансирањето на пензиите се врши од трите столба: Фондот за ПИОМ, задолжителниот пензиски фонд од вториот столб и доброволниот пензиски столб во третиот пензиски столб. Делот од пензијата што се исплатува од првиот столб се пресметува според однапред одредена формула врз основа на висината на платите и должината на работниот стаж. Вториот дел од пензијата се исплатува од задолжителна индивидуалната сметка на членот во Задолжителниот пензиски фонд со кој управува КБ Прво пензиско друштво, како дел од вториот столб на системот за пензиско осигурување. Третиот дел од пензијата се исплатува од доброволна индивидуална сметка или професионална сметка на членот во Доброволниот пензиски фонд, како еден од изворите во рамките на доброволното капитално финансирано пензиско осигурување – трет столб на пензискиот систем.

Инвестирање согласно законските прописи

Инвестирањето на средствата на КБ прв отворен задолжителен пензиски фонд–Скопје и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд–Скопје се врши според строго утврдени правила, едновремено почитувајќи ги принципите на сигурност, диверсификација на ризикот и одржување ликвидност на средствата на Фондовите. Инвестирањето на средствата е под постојан надзор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, додека пак, банката чувар на имот безбедно ги чува средствата на Фондовите, одделно од средствата на Друштвото.[6]

КБ прв отворен задолжителен пензиски фонд

КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд - Скопје (скратено Прв задолжителен пензиски фонд) е називот на задолжителниот пензискиот фонд кој е основан и управуван од страна на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје. На 31 декември 2013 година, во овој фонд членувале 183 711 лица.[7]

Прв задолжителен пензиски фонд го сочинуваат уплатените средства од придонесите на неговите членови, по пресметката и наплатата на надоместоците, и приносот од инвестиициите. Сопственици на Прв задолжителен пензиски фонд се неговите членови, а нивните поединечни сопственички права се определени од износот на средствата на нивните сметки во фондот. Средствата на Прв задолжителен пензиски фонд се целосно издвоени од средствата на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и се доверени на чување на банката-чувар на имот. Ова подвојување на средствата е направено со цел да се постигне висок степен на сигурност на средствата. Средствата на Прв задолжителен пензиски фонд не можат да бидат предмет на побарувања, ниту врз тие средства може да биде спроведено извршување од страна на доверителите на КБ Прво пензиско друштво или во нивно име.

Средствата на Прв задолжителен пензиски фонд се инвестираат согласно строго утврдени законски правила и други прописи од областа на задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување и согласно инвестиционата стратегија и инвестиционата тактика на Фондот. Инвестирањето на средствата на Прв задолжителен пензиски фонд се врши на начин кој обезбедува: сигурност на средствата, диверсификација на ризикот од инвестициите и одржување на адекватна ликвидност.[8]

КБ прво пензиско друштво на своите членови им наплатува надоместоци за управување со средствата и трансакциски провизии. Надоместоците за управување со средствата се менувале со текот на времето, паралелно со зголемувањето на бројот на членовите во друштвото.


Табела 1: Надомест за управување со средствата на КБ прво пензиско друштво АД Скопје

Период Надомест
31.12.2006 - 30.6.2007 8,5%
1.7.2007 - 31.1.2008 7,9%
1.2.2008 - 31.12.2009 6,8%
1.1.2010 - 31.12.2010 5,5%
1.1.2011 - 31.12.2011 4,5%
1.1.2012 - 31.5.2013 4%
1.6.2013 - 31.12.2013 3,75%


1 јануари до 31 мај 2013 година, друштвото наплаќало 4% од вредноста на уплатените придонеси за пензиско осигурување, како и дополнителен месечен надомест од 0,05% од вредноста на нето-средствата на задолжителниот фонд. Потоа, до крајот на 2013 година, овие надоместоци биле намалени и изнесувале 3,75% и 0,045%, соодветно. Покрај тоа, во текот на 2013 година, друштвото наплаќало трансакциони провизии во висина на 0,0113 денари по една сметководствена еднициа. Најпосле, за премин на осигурениците во друго друштво за управување со пензиски фондови, КБ прво пензиско друштво наплаќа надомест од 15 евра, кој се наплаќа само ако лицето било член во фондот помалку од 270 денови.[9]

КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд

КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд е доброволен пензиски фонд како дел од третиот пензиски столб – доброволно капитално-финансирано пензиско осигурување и тој овозможува дополнително пензиско осигурување засновано на капитализација на уплатените средства. Основната цел на третиот пензиски столб, независно од државното пензиско осигурување, е да обезбеди повисок приход по пензионирањето на вработените лица, пензиски приходи на лицата кои не се вработени или спаѓаат во категоријата на долгорочно невработени лица, лицата вработени на проекти или во странски мисии, лица кои немаат приходи по ниедна основа, дополнително пензиско осигурување на трети лица - брачни другари, членови на семејство, односно пензиски приходи на сите лица кои се на возраст од 15 до 70 години, но немаат остварено право на пензија, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување пензија.

Доброволното пензиско осигурување овозможува и доброволно колективно пензиско осигурување – професионални пензиски шеми каде што работодавците уплаќаат дополнителни средства за пензиско осигурување за сите или за дел од своите вработени. Принципот на акумулација и капитализација на средствата на доброволните индивидуални или професионални сметки, поддржана со инвестиции на средствата на доброволните пензиски фондови и формирање на идните пензиски надоместоци од доброволните фондови врз основа на висината и периодот на уплата на средствата, наплатените надоместоци и приносот од инвестиции, овозможува дефинирање на висината на акумулираните средства што се користат за исплата на пензиски надоместоци од доброволните фондови.[10]


Наводи

  1. Prva zavarovalnice ki holding dd. Ljubljana
  2. КБ прво пензиско друштво
  3. Министерство за труд и социјална политика
  4. КБ прво пензиско друштво, Пензиска реформа во Република Македонија
  5. on-line KБ прво пензиско друштво, Известувањe
  6. КБ Прво пензиско друштво
  7. Комерцијална банка - Скопје
  8. Прв задолжителен пензиски фонд
  9. Информатор за работата на КБпрво пензиско друштво АД Скопје во 2013 година.
  10. Прв отворен доброволен пензиски фонд