Википедија:Одземање на администраторски статус/Brest: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 113: Ред 113:
== Гласање ==
== Гласање ==
'''(0/0/0); Закажано да заврши во 14:04, [[22 мај]] [[2013]] (CEST)'''
'''(0/0/0); Закажано да заврши во 14:04, [[22 мај]] [[2013]] (CEST)'''

Како што напомена Слободан, пред да се започне со гласање, треба да се дефинираат правила како ќе се изведе гласањето. Ова би одело како начело за евенутални идни случаи.
# Кој смее да гласа
# Какво мнозинство е потребно за гласањето да биде успешно
# Времетраење на гласањето
# Должина на забрана за користење на администраторски привилегии - ограничено (X месеци), неопределено


Мој предлог:
# Регистрирани корисници повеќе од 30 дена, со најмалку 500 уредувања во главниот именски простор
# 75%
# 7 дена
# зависи од корисникот кој го поднесува барањето

=== За ===
=== За ===
{{за}}--[[User:Dalco26|Хилариус Книгоподврзувачот]] <small>([[User talk:Dalco26|разговор]])</small> 23:24, 15 мај 2013 (CEST)
{{за}}--[[User:Dalco26|Хилариус Книгоподврзувачот]] <small>([[User talk:Dalco26|разговор]])</small> 23:24, 15 мај 2013 (CEST)

Преработка од 23:31, 15 мај 2013

Инволвирани страни

Потврда дека сите засегнати страни се информирани

Потврда дека сите други чекори во спорот резолуција се изцрпани

Дискусија

Однесување на администраторот Brest

Сакам да ги известам администраторите дека, во последно време, однесувањето на администраторот Brest со некои активни корисници воопшто не е во склад со начелата за пристојност, добронамерност и без лични напади. Во продолжение изнесувам неколку случувања подредени по хронолошки редослед, со коишто сакам да ја искажам мојата загриженост:

Случување бр. 1
  • Датум: 27 февруари 2013.
  • Опис: Brest ја брише страницата МедијаВики:Sitenotice којашто служи за објавување на соопштенија за важни случувања на Википедија на македонски јазик.
  • Забелешка: Навистина не гледам која е причината страницата да биде целосно избришана, кога отстранувањето на некои застарени соопштенија секогаш го вршиме со нивно поединечно бришење од оваа страница. Покрај тоа, бришењето на страници коишто може да ги уредува само одредена група на корисници мора секогаш да биде во согласност со заедницата, а во овој случај не постои ниту дискусија за тоа дали треба оваа страница да се брише, ниту пак согласност од страна на некој друг корисник.
  • Полезни врски: страница којашто е избришана; последователна дискусија.
Коментар  Од последователната дискусија која ја наведувате, мислам дека е сосема јасно за што станува збор и не гледам зошто сето тоа се драматизира. Од сите наведени „Случувања“ само во овој случај ги имам употребено моите администраторски привилегии.--brest (разговор) 14:10, 13 мај 2013 (CEST)[одговори]
Случување бр. 2
  • Датум: 4 април 2013.
  • Опис: Brest со остар тон го обвинува корисникот Kiril Simeonovski дека со неговото бришење на дел од статија има несоодветен однос кон новите корисници. Притоа, делот од статијата којшто е избришан во целост ги задоволува критериумите за бришење како неенциклопедиски и напишан со големи букви. Сепак, по кратката дискусија со корисникот Kiril Simeonovski, Brest му пишува на авторот на статијата и го известува дека истата мора да задоволи одредени стандарди за квалитет за истата да опстои на Википедија.
  • Забелешка: Проблемот во оваа ситуација мислам дека е тоа што Brest напаѓа корисник, без претходно да го опомене авторот на делот од статијата за постоењето на стандарди за квалитет. Во случај авторот да знаел за оваа работа, тој можеби би се потрудил истиот да биде енциклопедиски и не би дошло до потребата од негово бришење. Понатаму, не гледам оправдување да се напаѓа активен корисник на Википедија на македонски јазик којшто совесно си ја извршува својата должност.
  • Полезни врски: дискусија; спорно уредување; предупредување на авторот.
Коментар  Почитуван Kiril Simeonovski, навистина се драматични вашите чувства кога некој ќе ви се обрати на еден културен начин да бидете повнимателни со новите корисници. Еве како се обратив кон вас: „Здраво Kiril Simeonovski, мислам дека би можело малку пољубезно да постапуваме кон новите корисници кои се обидуваат да ги направат првите чекори на википедија. Ревертирањето на нивниот полчасовен труд, без никакво образложение мислам дека воопшто не е во духот на Википедија. Поздрав“ Незнам каде гледате тука остар тон и обвинување? Тука има само укажување на вашите постапки кои по мое мислење не водат кон тоа да ги задржиме новите корисници. Веројатно како резултат на тоа новиот корисник целосно ги избриша своите придонеси (види Историја на промените на страницата за СУ „Никола Карев - Струмица и Историја на придонеси на корисникот Dumbasss5). Но веројатно овие корисници не се дел од вашите проекти, па не заслужуваат посебно внимание.--brest (разговор) 14:10, 13 мај 2013 (CEST)[одговори]
Случување бр. 3
  • Датум: 24-25 април 2013.
  • Опис: Brest влегува во дискусија со корисникот Bjankuloski06 во врска со нејаснотиите околу употребата на поимите „чучурлига“ и „чучулига“, во којашто уште од самиот почеток употребува неодмерен тон и ги отфрла сите обиди на Bjankuloski06 да му објасни дека едниот од пимите е прифатен според Правописот на македонскиот литературен јазик.
  • Забелешка: Сметам дека ваквиот начин на дискусија е несоодветен на Википедија на македонски јазик и секогаш треба да се има почит кон соговорникот.
  • Полезни врски: дискусија; статија за којашто станува збор.
Коментар  Повторно непотребно и несоодветно драматизирање на работите и надмено однесување. Моите укажувања на почитуваниот Bjankuloski06 беа конкретно поврзани со употребата на правилниот назив за птицата „чуч(р)лига“ а како одговор добив негов личен напад врз мене за употреба на поими кои се широко прифатени во реалниот живот. Еве што пишав кај Bjankuloski06 „Здраво, имај го предвид следниов коментар [2], пре пренасочувањето од Чучрулигите во Чучулиги и останати акции, најдобро би било прво да ги појасниш на страницата за разговор твоите акции, за да нема забуни кај понеискусните уредувачи на википедија. Поздрав.“ а што според Kiril Simeonovski значело дека „од самиот почеток употребувам неодмерен тон ...". Како аргумент за точноста на своите тврдења Bjankuloski06 ги посочува следниве референци: ова наспроти ова, и ова [посебен речник, иако на иста страница], а особено ова, но откако од Guc zc му е посочено ова, нема никаква понатамошна реакција со која би се признала барем мала грешка во врска со „чучу(р)лигите“. Патем Guc zc е долгогодипшен професор по македонски јазик и секако дека не случајно ги употребил поимите за кои зборуваме. Guc zc исто така е раководител на вики секција во едно средно училиште каде кое јас имам помогнато да заживеат активностите со моите неперфектни предавања, па претпоставувам дека тоа е причината за таквиот однос на Bjankuloski06. Јас во целата оваа конверзација се појавувам само со желба да помогнам да ги задржам новите вредни уредувачи како што е Guc zc. Ако тоа некому пречи тогаш навистина се прашувам дали вреди да се биде дел од оваа заедница. --brest (разговор) 14:10, 13 мај 2013 (CEST)[одговори]
Овој проблем беше малку непотребно драматизиран, но јас се разбрав со корисникот веднаш на неговата страница и не е точно дека немало реакција од моја страна а пропо даденото посочување. Јас прашав кои се нивните извори и реков дека ако стручната јавност така прави, дека нема проблем. Ми беше посочено и јас реков во ред. Коментарот за јазикот со кој општиш беше на истото место упатен само бидејќи беше на истото место употребен и нема никаква врска со овој проблем. И тоа не се зборови од реалниот живот, да викаш „викимедија фодацијата“, а и да се, тоа се погрешни за раководител на енциклопедија. Нивото е нула. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:13, 14 мај 2013 (CEST)[одговори]


Случување бр. 4
  • Датум: 1-3 мај 2013.
  • Опис: На селската чешма започнува дискусија меѓу корисниците Brest и Kiril Simeonovski во врска со бројот на активни корисници на Википедија на македонски јазик. Но, по неколку коментари Brest употребува зборови со коишто упатува навреда за дел од активните корисници на Википедија на македонски јазик дека работат за некој да добие 1420 евра. Тој, исто така, обвинува и дека се користат пари на движењето за „плаќање туѓи сметки“, иако одлука за тоа имаат донесено луѓето коишто работат во Фондацијата Викимедија. Понатаму, Brest дури споменува и дека треба да им се објасни на корисниците што прават и за кого го прават истото.
  • Забелешка: Мислам дека ваквото однесување, не само што не му доликува на еден администратор, туку е и штетно за самата заедница на Википедија на македонски јазик. Ние, како корисници, не уредуваме за никого и нам не ни е целта да сработиме нешто за некој друг да добие парични средства. Што се однесува до предлог-проектот за којшто се побарани парични средства, Фондацијата Викимедија веќе има дадено позитивно мислење со тоа што има дозволено проектот финансиски да се подржи. Brest сигурно не е оној којшто треба да коментира дали вработените во Фондацијата се во право или не, бидејќи не е вработен таму и никој претходно не го прашал да го каже своето мислење. Освен тоа, обидот за незадоволството да се искаже на Википедија на македонски јазик со тоа што активнити корисници ќе се употребат како „заложници“ е многу непристојно.
  • Полезни врски: дискусија; препорака за проект; дискусија за препораката; дискусија во којашто Brest објавува дека не ја подржува препораката.
Коментар  Следејќи ги сите настани поврзани со случките кои ги изнесува овде Kiril Simeonovski, може да се свати дека неговиот фокус е насочен против мене само поради тоа што имам искажано мое лично мислење околу неговиот предлог како член на meta:FF_portal/2012/FF_members Wikimedia Flow Funding за финансирање на проект на Економскиот факултет. Наместо да се потруди да одговори на моите прашања и да ја запознае пошироката викизаедница со проектот Kiril Simeonovski избира да изнесе обвинувања и напади врз мене (овде на оваа страница), барајќи од заедницата на википедија на македонски јазик, поточно од администраторите коишто не биле вмешани во горенаведените случувања да преземат соодветни мерки. Веројатно ценејќи дека пдпобро е да ме обвини наместо да одговори на поставените прашања. Посебно загрижува неговата изјава дека Brest „сигурно не е оној којшто треба да коментира дали вработените во Фондацијата се во право или не, бидејќи не е вработен таму и никој претходно не го прашал да го каже своето мислење“. Ова е многу несериозен однос кон викизаедницата и кон донаторите кои ја подржуваат нивната работа. Тоа секако дека директно нанесува штета на проектите на Фондацијата и секако на википедија како еден од проектите. Јас како член на викизаедницата чуствувам дека имам право да го изнесам своето мислење и дека никој не треба да си земе за право да ме спречи во тоа. Посебно не Kiril Simeonovski кој се јавува во улога на предлагач и одобрувач на средствата. Доколку сум бил во заблуда дека го имам тоа право, тогаш ќе го преиспитам моето понатамошно учество во проектите на Фондацијата. --brest (разговор) 14:10, 13 мај 2013 (CEST)[одговори]

Морам да признаам дека со својата активност Brest навистина има голем удел во зголемувањето на бројот на активни корисници на Википедија на македонски јазик, но тоа не значи дека може да се однесува како сопственик на проектот и да прави што сака. Поради тоа, искрено ќе ги замолам администраторите на Википедија на македонски јазик коишто не биле вмешани во горенаведените случувања да се изјаснат во поглед на ова прашање и да преземат соодветни мерки. Се надевам дека набргу ќе се отвори дискусија со којашто проблемот ќе биде решен овде и со тоа нема да се јави потребата за прашањето да биде поставено на Мета. Благодарам.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:46, 3 мај 2013 (CEST)[одговори]

Коментар  Јас никаде не сум се однесувал како сопственик на проектот ниту тоа некаде сум го изјавил. Дали почитувани вие се однесувате како сопственици на проектот? Постојат повеќе индиции дека имате таквии аспирации преку нељубезниот однос кон уредувањата на новите корисници и стравот дека приливот на нови корисници ќе ви ја растури таа илузија дека целосно го контролирате проектот?--brest (разговор) 14:10, 13 мај 2013 (CEST)[одговори]

Дополнителни примедби

Би сакал да додадам други примедби и би побарал да се земат предвид, а што сметам дека се значајни и многу сериозни. Треба да влезат во проблематиката на оваа страница и на Мета (доколку одат): --Б. Јанкулоски (разговор) 01:01, 7 мај 2013 (CEST)[одговори]

1. Редовно менување на поими и пренасочувања без консултација, кои одат спротивно на практиката и консензусот (искажан или подразбран од практиката). Вакви потајни работи се случуваат како тука, така и на translatewiki.net, кајшто се преведува самиот систем. Оваа појава оди до тој степен што потајно и без никаква консултација го менуваше на разни места името (т.е. макед. име) на новиот и важен проект „Википодатоци“ (англ. Wikidata), подмолно настојувајќи да било Википодаток (data е множина, а и здраворазумски е да биде преведено така). Не ми пречи да се проблематизира преводот, јас не сум никаков монопол, но едно цело име не еден цел проект да се менува на битни системски места без консултација е недозволиво.

Коментар  translatewiki.net е отворено/јавно вики и мојата работа таму е јавна како и вашата работа, така што во никој случај не може да стане збор за „потајни работи“ и „подмолно настојување“. Ако го прифатиме тоа за вистина тогаш вашата работа е исто така „потајна“ и „подмолно настојувате“ да протуркате некои поими. Се разбира јас не мислам така и сметам дека вашата работа е племенита и треба да се цени, но далеку од тоа дека сте безгрешни. Дали вие сте се консултирале со некого за преводот? Колку што можам да забележам од дневниците на промена на соодветните страници освен ние двајцата, некои ботови и корисници (неговорници на македонскиот јазик) кои работат на техничко одржување на страниците никој друг не учествувал во средување на страниците, така што стои вашето мислење наспроти моето мислење за преводот. Бидејќи изгледа дека вие полагате монопол на translatewiki.net и пропагирате безгрешност би ве замолил доколку најдете за сходно да го исправите следниов превод: http://translatewiki.net/wiki/MediaWiki:Welcomeuser/mk, кој е направен исклучиво од ваша страна согласно со дневникот на промени на страницата: http://translatewiki.net/w/i.php?title=MediaWiki:Welcomeuser/mk&action=history. --brest (разговор) 14:10, 13 мај 2013 (CEST)[одговори]

Сета флагрантна негрижа за јазикот е газење по нашиот труд да имаме некаков углед како понудувачи на содржини на македонски јазик кои инаку не постојат на други места, или постојат напишани/преведени со крајна негрижа и непознавање на јазикот од сосем некомпетентни лица. Со тоа се разградува ткивото на јазикот, што е веќе повеќе од очигледно меѓу луѓето (особено младите), и тоа до фрапантни граници. Кирил знае за ова поподробно, му имам посочувано бескрајно многу примери. Моите обиди за да се спасиме од тежок дилетантизам секогаш не наоѓаат слух и намерно се занемаруваат, одејќи против нив. Највеќе што сум добил како одговор (кога сум го добил) е дека тоа што го велам требало да се дискутира и не било јасно само од себе. Само не знам како е јасно кога другите бараат помош или ги советувам? Само кај него не е јасно.

Коментар  Како коментар на овој пасус, би ви ја посочил страницата Личен сметач, која своевремено беше и на Главната страница како избрана. Кирил знае за ова бидејќи лично ја постави на Главната страница. За мноштвото „поими, јасни сами од себе“ кои се употребуваат само во оваа статија веројатно не сум забележал дека има водено дискусија на википедија за нивно прифаќање. А како илустрација за тоа каков е ставот на заедницата за оваа работа за тие што имаат време може да ја погледнат следнава дискусија]. --brest (разговор) 14:10, 13 мај 2013 (CEST)[одговори]
Јас реков дека станува збор за подразбрано, т.е. имплицитно прифаќање и таман работа да има дискусија за сите (од кои грото се неспорни). Ако некој мисли дека не нешто е во ред, нека оспори и ќе дискутираме. Овој пример што го посочуваш е единствениот што беше дискутабилен (иако заправо не беше дискутабилен, како што не е на српски или словенечки јазик, а ние го имаме истиот пандан) ама ајде, да речам дека може да е предмет на расправа. Со ова ги заматуваш сите други стотици примери кајшто флагрантно правиш што сакаш, на ниво на полуписменост на раководител на енциклопедија. Немој да ми ги извртуваш работите. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:30, 14 мај 2013 (CEST)[одговори]

2. Негрижа за јазикот и начинот на изразување и примерот што се дава на корисниците како администратор и претседател, присутен на проектите во установите. Во самите уредувања, а и во разговорите. Како енциклопедија не можеме да имаме кредибилитет со таков јазик и однос. Ов а се повторува и покрај тоа што е укажано по не знам кој пат. Истото важи и за дилетантизмот и несериозноста во изразување во интервјуата за надворешни медиуми, што е особено страшно. Ова е разградување на ткивото кое самите со заеднички сили го градиме со години. Насилство врз општиот дух и консензус. Ставање на шаблони за немање извори пред неколку години на најголемиот дел од страниците без никаква консултација, сосем самоволно. Секој од нас редовните уредници знае дека тоа е така и што значи, но ова е многу погубно за угледот на нашата работа кај сите вон нашата група, јавноста и тн. бидејќи сами се поткопуваме во кредибилитетот (во нивното сфаќање, ние самите велиме дека е сомнително тоа што е напишано, што само на јавноста ѝ ги потврдува предрасудите за Википедија што постојат). Повеќе пати укажано и до сега веќе две години (ако не и повеќе) се нема направено ништо на таа тема за да бидат отстранети. Кому му служи тоа? Секој може да види дека нема извори, особено ако се работи за толкав број на статии? Кога сите тие ќе се пополнат и како?? Се работи за огромен број на статии. Впрочем, наскоро на Википодатоците ќе биде воведен систем на наводи и извори, каде истите ќе се ставаат право таму и ќе можат или да се прикажуваат во нашите статии (македонските пандани), или ако не, со бот да се организира нивно ставање. Доста ми е веќе од тие клеветнички шаблончиња горе. Смачено ми е.

Коментар  Како и Kiril Simeonovski и вие сакате да ја инволвирате заедницата на википедија за задоволување на вашите лични фрустрации за неможноста целосно да го контролирате проектот. Доколку имало наведени извори во статиите за кои зборувате тогаш „клеветничкиот шаблон“ за недостаток на извори немало ни да се постави. Но секако како на сопственик на проектот потребно било „ставањето на шаблони за немање извори на најголемиот дел од страниците“ да се направи со ваша консултација и одобрување иначе ќе ви се „смачи“. За работа на Викимедија Македонија, мојата како претседател но и на другите членови на здружението мислам дека треба да се дискутира на друго место а вашиот обид за поентирање по таа основа е премногу инфантилен за да биде сериозно сватен. --brest (разговор) 14:10, 13 мај 2013 (CEST)[одговори]

3. Сите грдни пренасочувања за секоја страница од сите јазици, што сосем ја разводни содржајноста на нашата Википедија во мерилата. И тоа до тој степен што ние сме речиси единствени што немаме показател за „длабочина“ во списоците на википедии. Исто така направено без никаква консултација и подлабоко размислување. Чуму сите тие пренасочувања? Само проблем ни направија.

Коментар  На оваа тема се дискутираше премногу, секој си го искажа своето мислење тогаш, за жал не можам да го забележам вашето мислење, [тогаш кога се расправало за тоа]. Драго ми е што по две години го слушнав и вашето мислење. --brest (разговор) 14:10, 13 мај 2013 (CEST)[одговори]

4. Очигледна неспособност во предавањата во установите во однос на тоа како треба и како мора да се уредува. Јазикот е (барем делумно) многу лош, форматирањето е нула, се случуваат ужасни, ужасни уредувања секој ден. За тоа сноси одговорност само тој што ги организирал да го прават тоа.

Коментар  Јас ја сносам мојата одговорност. Греши тој кој што работи. Тој кој не работи не прави никакви грешки. Се надевам дека еден ден способна и талентирана личност како што сте вие ќе направи перфектни предавања после кои слушателите ќе прават прекрасни уредувања. --brest (разговор) 14:10, 13 мај 2013 (CEST)[одговори]

5. Најшокантна е дрскоста кон Кирил и можеби други, кога беше споменато дека наводно некој одработувал нешто за нечија парична корист. Вакви тенденции на однесува мора да се сосечат веднаш и од корен бидејќи се чума за проектот.

Коментар  Реков во коментарите погоре дека јас како член на викизаедницата поставив прашања на кои не добив одговор, т.е. сеуште чекам на одговор. Наместо културен одговор добив каконада на неосновани и беспредметни обвинувања. Сметам дека имам право на тоа и така ги сваќам работите. Од ова што го читам тука очигледно е дека ако некој поставува прашања мора веднаш „да се сосече од корен“ а по потреба и да му се сотре семката до девето колено, бидејќи е чума за проектот, пардон за тие кои полагаат сопствеништво на проектот. --brest (разговор) 14:10, 13 мај 2013 (CEST)[одговори]
Сега и злобници нè направи. Големи пречки за коишто се смета дека се трајно штетни ја изискуваат таа аналогија, и нема врска со „сој“ и „семка“ и било какви лични глупости. Однесувањето е тоа што е чир за проектот. --Б. Јанкулоски (разговор) 12:17, 14 мај 2013 (CEST)[одговори]
Сите ние имаме его, ретко кој си ги признава грешките или се поправа, па една ваква јавна опомена не сум сигурна дека ќе вроди плод, гледано на долги патеки. Зборувам општо, сега читам за Брест, другпат било или ќе биде за друг. Но добро, можеби па јас грешам, и јавната опомена ќе предизвика подобрување на нечие однесување? Се разбира дека ова што е наведено погоре како поплака, изгледа оправдано. Немам што да додадам или да одземам, ме нема одамна на Википедија, но мои најголеми поплаки против корисникот Брест се во корелација со неговата функција претседател на Викимедија, а тоа овде не е тема. Толку од мене, поздрав -- --Виолетова (разговор) 14:32, 7 мај 2013 (CEST)[одговори]

Коментар  Сумарен одговор: Мислам дека премногу драматични се неоснованите и беспредметните обвинувања изнесени од Kiril Simeonovski и Bjankulovski06 и не се во духот на википедија. Обвинувањата се изнесени овде на Огласната табла за администратори а не на Селска чешма каде би било вообичаено тоа да се направи, иако само една моја акција посочена во обвинувањата е преземена од моја страна со користење на администраторските привилегии. Веројатно тоа е направено за да се направи поголема драма и привид кај останатите членови на заедницата дека некој од позиција на администратор ги прави сите тие „злодела“. Другите обвинувања се обвинувања врз правото на еден обичен корисник да го искаже своето мислење и да побара одговор на некои прашања кои се од интерес на викизаедницата. Исто така има обвинувања насочени кон мојата работа околу привлекувањето на нови корисници, за што секако дека сносам одговорност, но ги повикувам тие кои сметаат дека можат подобро, тоа да го направат во првиот погоден момент и им посакувам да не направат никаква грешка. За работата на Викимедија Македонија и избраните органи на здружението постојат други места каде што можело и може да се разговара и да се носат соодветни одлуки. --brest (разговор) 14:10, 13 мај 2013 (CEST)[одговори]


Заклучна забелешка

Не знам дали следуваат коментари на одговорите, но јас дадов само два, и предлагам другите да се изјаснат, доколку така следува. Јасс коментирав само на де работи за кои најдов време, а останатите се непомалку за коментирање и непомалку шокантни по неприфаќањето и дрскоста во обвинувањата, извртувањето на работите и немање никаква совест - секоја сама за себе. Ако следат, нека повелат учесниците. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:46, 14 мај 2013 (CEST)[одговори]

Дали има предлог-решенија за моменталниов спор? Мене ми сметаше работата на ботот на Брест од моментот на поставување секакви јазични пренасочувања па навака. Не е за занемарување и конфликтите кои сме ги имале, пред сè неизразувањето желба за компромиси за некои работи. Но не можам да менувам личности на луѓето. Предлог кој го давам јас за да се исправат некои грешки направени со ботот на Брест се:
  1. Бришење на сите пренасочувања кои не се на македонски јазик
  2. Употреба на ботот за дејства за кои ќе одлучи заедницата, а не корисникот. Сега за сега, исправањето правописни грешки, пожелување добредојде на нови корисници и ставање шаблон СЗР низ разговорите се основните работи на ботот. Преку посебна страница да се поставуваат барања за ботот, и без одобрение од заедницата да не се преземаат дејства кои се разликуваат од погорните три. Ова важи за сите ботови.
  3. Ако смета некој дека треба да се преземат мерки за самиот корисник (како споменатите: неговото однесување, тврдоглавоста, самоволието, кориснички права) предлагам да се отвори арбитража. Вака зборување напразно не е вкусно ни за мене, ни за Брест а ни за сите Википедијанци, верувам. Мал придонес од мене. Поз--Никола Стоіаноски 00:06, 15 мај 2013 (CEST)[одговори]

Коментар  Мене навистина не ми се допаѓа незаинтересираноста кај администраторите во врска со оваа работа и сакам да искажам искрено незадоволство од несовесното извршување на нивните функции во овој случај. Не сакам да анализирам дали некој нема време да седне и да даде свое мислење или можеби причината е некоја друга, но нема никакво оправдување без оглед на тоа што е. Сите, како администратори, многу добро знаете дека оваа функција не е никаков престиж и дека има доза на одговорност којашто мора да се потврди со тоа што ќе се посредува и даде мислење во врска со многу важни прашања поставени, токму овде, на огласната табла за администратори. Како што постои доделување на администраторски права, на ист начин постои и нивно одземање. Ако сметате дека не можете да бидете активни, тогаш откажете се. На Википедија на македонски јазик не ѝ се потребни неактивни администратори, коишто не се запознаени и не „сакаат“ или не се „заинтересирани“ за решавање на проблемите коишто се настанати. Има други луѓе коишто би можеле да ја извршат оваа функција посовесно. Покрај тоа, кога Никола веќе спомена сроведување на арбитража за однесувањето на администраторот Brest, јас само да напоменам дека постои и арбитража за однесувањето на администраторите. Немојте ова да го сфатите како некоја закана, но јас не гледам никаков интерес за да се реши овој проблем. Извини Никола, но на твоето прашање за предлог-решенија одговор треба да дадеш самиот ти. Јас сум администратор којшто го поднесува барањето и претставува конфликт на интереси доколку јас го направам тоа.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:09, 15 мај 2013 (CEST)[одговори]

Кирил малку ја претеруваш. Ова е сериозна работа и бара сериозна дискусија. Како сакаш да има решение ако нема предлог-решенија? Туку така да се донесат одлуки, кој како сака. Ако не се согласува некој со мојата одлука? Што правиме тогаш? Затоа треба прво да се види кое предлог-решение треба да се реализира. Јас дадов предлог решенија, а луѓето треба да се изјаснат, не ти реков ти мора да пишеш. Кога збориме за активноста на администраторите, тоа е лично право дали администраторот придонесува или не. Јас предложив еднаш да се отстранат тие неактивни администратори и вие бевте против. И сега сум го сменил мислењето и го почитувам мислењето на заедницата. Зошто да му се одземат правата на еден корисник ако не е активен? Кое правило е тоа? Освен јас, ти, Рашо, Тиверополник и Бојан (ако забраев некој, нека прости), на сите другите треба да им се одземат правата. Не си за ова во право. Патем гледам веќе некој одбрал едно од предлог-решенијата - одземање администраторски права.--Никола Стоіаноски 17:27, 15 мај 2013 (CEST)[одговори]
Веќе ако сметаш дека треба да има предлог-решенија коишто треба да бидат разгледани, тогаш предложи ги за да бидат разгледани од страна на другите администратори. Твоите предлози коишто ги гледам немаат врска со моето барање. Овде не станува збор за пренасочувањата или за ботот. Арбитражата е веќе добро предлог-решение. Што се однесува до активноста на администраторите, мислам дека не си во право и ги мешаш поимите „корисник“ и „администратор“. Секој има свое право да одлучи дали активно ќе придонесува или не како корисник, но откако веќе ќе стане администратор тогаш тој се обврзува дека ќе се однесува како администратор во случаите кога има потреба од тоа. Тоа ти е исто како да споредуваш обичен граѓанин на држава и претседател на држава. Доколку на пример се случи да има земјотрес, секој граѓанин има право да одлучи дали ќе отиде до местото каде што има најсериозни последици или не и тоа право не може никој да му го оспори. Но, веќе ако граѓанинот е претседател на држава, тогаш тој е обврзан да го стори тоа, инаку би бил подложен на сериозни критики и негодувања. Инаку, јас никаде не сум кажал дека на Brest треба да му бидат одземени администраторските права. Повикав да се предложат решенија и јас би го прифатил секое коешто би довело до подобрување на неговото однесување.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:48, 15 мај 2013 (CEST)[одговори]
Кирил јас веќе дадов предлог - арбитража. Таму ќе се наведе на колку период не смее корисникот да уредува, да користи администраторски алатки и слично. Прекршување на одлуката од арбитражата води до одземање на правата (привремено или трајно).--Никола Стоіаноски 17:54, 15 мај 2013 (CEST)[одговори]
Предлогот за арбитража веќе споменав дека е добро предлог-решение, но сепак треба да видиме што ќе кажат другите администратори.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:57, 15 мај 2013 (CEST)[одговори]
Ги извести некој нив? Ако не, треба да се известат.--Никола Стоіаноски 17:58, 15 мај 2013 (CEST)[одговори]
Не и немој воопшто да ги известуваш. Тоа е веќе агитација. Секој од нив треба да знае која е улогата на огласната табла за администратори. Ќе си прочитаат таму и таму ќе дадат свое мислење.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:01, 15 мај 2013 (CEST)[одговори]
Веќе ги известив, и тоа не е агитација, туку практика која ја применуваме за известување на заедницата. Некои се полуактивни, не се секогаш на Википедија. Нека се изјаснат што решение да се донесе, арбитража, одземање права или некое друго.--Никола Стоіаноски 18:08, 15 мај 2013 (CEST)[одговори]
Многу прогледуваш низ прсти, ама ајде нека биде. Вака, само ќе се намали функционалноста на огласната табла за администратори, којашто и онака е премногу мала. Страницата е создадена за да се намали време при известување на голем број на администратори, но доколку сметаш дека е така најдобро, тогаш ќе го прифатам тоа.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:12, 15 мај 2013 (CEST)[одговори]
Над 7 дена, никој не враќа, очигчедно не ни виделе. Затоа да се известат не е лошо.--Никола Стоіаноски 18:14, 15 мај 2013 (CEST)[одговори]
Да потсетам дека ваквата постапка мора 1. да определи кој смее да гласа (обично нови корисници без уредувања не смеат да гласаат, па се става некој лимит, да речеме минимум 50 уредувања), и 2. да определи мерило за консензус кое што обично е над просто мнозинство (предлог: 75%).
Никола предложи и арбритража, проблемот тука е што немаме арбитрациски комитет ниту пак некакво искуство со ваква процедура.
Јас пак ќе предложам Кирил и Димче да седнат на заедничка маса со нас и во отворена комуникација да покажат спремност за надминување на ситуацијата. Ваквиот пристап мислам дека најдобар и за ова барање и за дискусиите околу ВММК. Секој друг пристап мислам дека би водел до понатамошни конфликти и би им одзел дополнително време и енергија на сите. --FlavrSavr (разговор) 21:58, 15 мај 2013 (CEST)[одговори]
Цобе, проблемот не е само меѓу мене и Димче и јас сметам дека најсоодветно е истиот да се реши на Википедија. Во врска со овие работи беше вклучен и Бојан, којшто е невозможно да присуствува на еден таков состанок. Ако ја имаш прочитано оваа дискусија убаво ќе видиш дека тој има дури и повеќе забелешки од мене. Не сакам да споменувам и други корисници, така што единствено место за решавање на проблемот е Википедија. Мора ли секогаш проблемите коишто ги има заедницата со некој корисник да се сведуваат на мене. Јас и Димче не сум заедницата за меѓусебно да решаваме во врска со нешто коешто не е наша работа. Во секој случај, јас веќе закажав состанок. На него треба да се разговара за други работи, но може да се додаде уште една тема ако мислиш дека ќе се надмине ситуацијата. Јас не мислам така, бидејќи се вмешани многу луѓе во целата оваа работа.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:45, 15 мај 2013 (CEST)[одговори]

Овде не гледам дека една таква викисредба или приватна средба ќе биде фер за сите оние кои две недели дискутираат за односот на Brest и за оние кои даваат предлози. Ова би значело залудно изгубено време. Зошто ова барање го сфаќаме толку трагично. Доколку заедницата реши дека ова барање треба да се одобри истото означува дека Brest во моментот не заслужува да има администраторски статус без разлика колку многу имал претходно придонесено за Википедија--Тиверополник (разговор) 22:42, 15 мај 2013 (CEST).[одговори]

Гласање

(0/0/0); Закажано да заврши во 14:04, 22 мај 2013 (CEST)

Како што напомена Слободан, пред да се започне со гласање, треба да се дефинираат правила како ќе се изведе гласањето. Ова би одело како начело за евенутални идни случаи.

  1. Кој смее да гласа
  2. Какво мнозинство е потребно за гласањето да биде успешно
  3. Времетраење на гласањето
  4. Должина на забрана за користење на администраторски привилегии - ограничено (X месеци), неопределено


Мој предлог:

  1. Регистрирани корисници повеќе од 30 дена, со најмалку 500 уредувања во главниот именски простор
  2. 75%
  3. 7 дена
  4. зависи од корисникот кој го поднесува барањето

За

За --Хилариус Книгоподврзувачот (разговор) 23:24, 15 мај 2013 (CEST)[одговори]

Против

Воздржан