Растенија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.3) (Робот: Додава bar:Pflanzna
с r2.7.2) (Робот: Ја менувам pnb:پودا во pnb:بوٹے
Ред 303: Ред 303:
[[uz:Oʻsimliklar]]
[[uz:Oʻsimliklar]]
[[pa:ਪੌਦਾ]]
[[pa:ਪੌਦਾ]]
[[pnb:پودا]]
[[pnb:بوٹے]]
[[ps:بوټی]]
[[ps:بوټی]]
[[koi:Быдмас]]
[[koi:Быдмас]]

Преработка од 05:00, 6 март 2013

Растенија, билки
Plantae
Период: Камбриум до денес
Податотека:Diversity of plants image version 3.png
Научна класификација
Домен: Eukaryota
Нерангирано: Archaeplastida
Царство: Plantae
Хекел, 1866
Оддели

Зелени алги

Embryophyta (копнени растенија)

Nematophytes

Растенијата или билки се многуклеточни автотрофи (многу мал број се хетеротрофи, како на пример некои паразитски растенија) што обично живеат прикрепени на почвата. Тие сочинуваат посебно царство - Plantae (порано познато и како Vegetabilia). Најраните фосили од растенија се од почвени, т.е. васкуларни растенија. Фосилните и биохемиските истражувања укажуваат на тоа дека растенијата еволуирале од многуклеточни зелени алги. Генерално, растенијата се делат на неваскуларни (оние кај кои ситестите клетки не содржат лигнин и кај кои отсуствува спроводен систем - кисилем и флоем) и васкуларни (оние кај кои ситестите клетки содржат лигнин и имаат ксилем и флоем). Науката што ги проучува растенијата се нарекува ботаника (или многу поретко нарекувана и фитологија).

Од еколошки поглед, растенијата се примарни произведувачи на органска материја (по пат на фотосинтеза) во сите копнени и помал дел од водните екосистеми, со што претставуваат основна храна за сите останати живи организми во дадениот екосистем. Тие го започнуваат движењето на енергијата во екосистемот преку метаболитичките процеси на организмите, со што ја намалуваат ентропијата.

Растителни клетки, ткива, органи и органски системи

Еволуција на растенијата

Се мисли дека растенијата еволуирале од веќе спомнатите зелени алги, меѓутоа не се знае точно кои. Така, различни групи на зелени алги се спомнуваат дека се предок на растенијата, но, најчесто се спомнуваат харофитите. Кладистичките студии го поддржуваат вклучувањето на харофитите (па и колеохеталите) како сестрински таксон на васкуларните растенија. Тие тоа го појаснуваат со тоа што пред околу 500 и 400 милиони години некои алги (кои живееле во океаните) транзитирале на копното, станувајќи растенија со развивање на серија од адаптации кои им помагале да преживеат надвор од водата. Стеблените, т.е. васкуларни (воздушни) растенија се појавиле пред околу 350 милиони години,со што по неколку години (пред 300 милиони години) се појавуваат и првите шуми.

Една од можните филогенетски шеми (филогенетско дрво) на растенијата е онаа дадена од Кенрик и Крејн во 1997 година.[1] Prasinophyceae може да е парафилетска основна група на сите зелени растенија.



Prasinophyceae (микромонади)



Streptobionta

Embryophyta

Stomatophyta

Polysporangiates

Tracheophytes
Eutracheophytes
Euphyllophytina
Lignophytia

Spermatophytes (семени растенија)



Progymnospermophyta †



Pteridophyta


Pteridopsida (вистински папрати)



Marattiopsida



Equisetopsida (членестостеблени растенија)



Psilotopsida (псилотови растенија)



Cladoxylopsida †





Lycophytina

Lycopodiophyta



Zosterophyllophyta †





Rhyniophyta †





Aglaophyton †



Horneophytopsida †





Bryophyta (мовови)



Anthocerotophyta (роговници)





Marchantiophyta (џигерници)





Charophyta





Chlorophyta


Trebouxiophyceae (Pleurastrophyceae)



Chlorophyceae




Ulvophyceae





Животен циклус на растенијата

Во својот животен циклус, растенијата имаат т.н. смена на генерациите: диплоидно,споропродуцирачко растение (спорофит), кое е алтернативно со хаплоидното гаметопродуцирачко растение (гаметофит). Кај растенијата митозата се случува во спорите, кои се продукт од мејозата, а стануваат плодни во гаметофитната генерација (фаза). Големината на гаметофитот достигнува од три клетки (во поленот) до неколку милиони (кај нижите растенија, како мововите). Смената на генерациите се случува кај растенијата каде по спорофитот следи гаметофитот. Спорофитната фаза произведува спори со мејоза во спорангиум. Гаметофитната фаза произведува гамети со митоза во антеридиум и/или архегониум. Во царството на растенијата, доминантноста на фазите варира. Кај неваскуларните растенија и мововите, доминантен е гаметофитот. Васкуларните растенија покажуваат прогресија на зголемена доминантност на спорофитот, и тоа од папратите и нивните сродници, па се до скриеносемените растенија.

Хомоспорија и хетероспорија

Постојат некои разлики во животните циклуси на растенијата. Така, има растенија кои продуцираат бисексуален гаметофит. Тој потекнува од т.н. изоспори (грчки:iso-исто) што се со иста големина. Оваа појава се нарекува изоспорија или хомоспорија (грчки:homo-исто). Кај растенијата, пак, кои произведуваат одделни (хетеросексуални) машки и женски гаметофити, тие им потекнуваат од спори со различни големини (хетероспори, од грчки:hetero-различно). Машкиот гаметофит продуцира сперма, која е асоцирана со микроспори. Женскиот гаметофит е асоциран со мегаспори. Оваа појава, хетероспорија, ботаничарите ја сметаат за значаен чекор кон развитокот на семето.

Еколошки поделби

Освен автотрофни, мал број на растителни видови се хетеротрофни организми. Такви се на пример паразитските растенија (на пример, Cuscuta) кои се зависни за храна од други (домаќински) живи организми (најчесто зелени растенија). Освен паразитите, хетеротрофни се и сапрофитските растенија кои се исхрануваат со мртва органска материја.

Во зависност од животната средина, растенијата може да бидат водни (акватични), копнени (терестрични) и епифити (со своите корења се прикачени за други растенија, а не на почва). Според побарувачката за вода, растенијата се делат на ксерофити (живеат на суви места), мезофити (имаат средна потреба за вода) и хидрофити (живеат во воденикави или влажни места, имаат голема потреба за вода).

Животниот век кај растенијата е различен. Така, имаме:

Растителниот хабитус може да биде:

  • Дрво: со единечно задрвенето стебло;
  • Грмушка: со дрвенесто релативно кратко стебло кое дава многу разграноци;
  • Тревесто (зелјесто) растение: со меко кратко стебло кое е краткорочно;
  • Ползач: ползи по почвата или по други предмети (тие растенија кои ползат по дрвјата се наречени лијани).

Галерија

Наводи

  1. Kenrick, Paul & Peter R. Crane. 1997. The Origin and Early Diversification of Land Plants: A Cladistic Study. (Washington, D.C.: Smithsonian Institution Press). ISBN 1-56098-730-8.

Предлошка:Link FA