Брзина на светлината: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ZéroBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Бот Додава: ckb:خێرایی ڕووناکی
FoxBot (разговор | придонеси)
с r2.6.5) (Робот: Додава ga:Luas an tsolais
Ред 97: Ред 97:
[[fr:Vitesse de la lumière]]
[[fr:Vitesse de la lumière]]
[[fur:Velocitât de lûs]]
[[fur:Velocitât de lûs]]
[[ga:Luas an tsolais]]
[[gl:Velocidade da luz]]
[[gl:Velocidade da luz]]
[[ko:빛의 속력]]
[[ko:빛의 속력]]

Преработка од 20:35, 4 февруари 2012

Брзина на светлината, што обично се бележи со латинично c[1] (лат. celeritas - брзина), претставува физичка константа што е важна во многу области од физиката. Нејзината вредност изнесува точно 299.792.458 м/секунда (или 299.791,8 км/секунда, односно 1.079.252.848,8 км/час).

На сончевата светлина и се потребни 8 минути и 19 секунди за да стигне до Земјата (оддалеченост од 150 милиони километри)

Тоа е максималната брзина со која целата енергија, материјата, како и информациите можат да патуваат во универзумот и таа може да се постигне единствено во вакуум и обично наместо со с се обележува со c0. Во други средини (течности, гасови, итн.) брзината на светлината е различна и секогаш е помала отколку во ваккум.

Со оглед дека светлината е облик на електромагнетно зрачење, нејзината брзина зависи од електричните и магнетните својства на средината низ која се движи и претставува константа за таа средина.

Брзината на светлината се пресметува според формулата: , а во вакуум според формулата: [2].

Историјат

Првиот познат и признат историски експеримент за мерење на брзината на светлината го извел данскиот астроном Оле Кристенсен Ремер[3] во 1675 година кој, набљудувајќи го движењето на Ио - природниот сателит на Јупитер, докажал дека брзината на светлината не е бесконечна. После Ремер, Физо без астрономски методи доаѓа до вредност за брзина на светлината која изнесува 313.870 km/s.

Најпознатото мерење на брзината го извел Алберт Абрахам Мајклсeн, со помош на ротирачки огледала во Калифорнија. Благодарејќи на тие експерименти, утврдено е дека брзината на светлината изнесува 299.792,458 km/s, а за ова Мајклсeн ја добил Нобеловата награда за физика во 1907 година.

Брзината на светлината е еден поважните поими во Теоријата на релативитетот на Ајнштајн. Според оваа теорија, не е можно движењето со брзини поголеми од брзината на светлината во вакуум.

Со оглед дека основната мерна единица за време (секундата) може попрецизно да се измери од оснонвната единица за должина (метарот), брзината на светлината е искористена за попрецизно дефинирање на оваа мерна единица. Така, од 21 октомври 1983 година Меѓународното биро за тегови и мери ја прифаќа дефиницијата за метар во системот SI како "растојанието што светлината ја поминува во вакуум за 1/299.792.458 дел од секундата"[4], на тој начин определувајќи дека брзината на светлината е точно 299.792.458 м/секунда.

Интересни факти

Наводи

  1. Gibbs, P (2004) [1997]. „Why is c the symbol for the speed of light?“. Usenet Physics FAQ. University of California, Riverside. Архивирано од изворникот на 17.11.2009 г. Посетено на 20.04.2011 г.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archivedate= (help)
  2. Harris, JW (2002). Handbook of Physics. Springer. стр. 499. ISBN 0-387-95269-1. Занемарен непознатиот параметар |coauthors= (се препорачува |author=) (help)
  3. Cohen, IB (1940). „Roemer and the first determination of the velocity of light (1676)“. Isis. 31 (2): 327–79. doi:10.1086/347594.
  4. SI brochure, Section 2.1.1.1, Bureau International des Poids et Mesures
  5. Bradley, J (1729). „Account of a new discoved Motion of the Fix'd Stars“. Philosophical Transactions. 35: 637–660.