Алфа Кентаур

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Алфа Кентаури)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Алфа Кентаур A[1]/B[2]
Position Alpha Cen.png
Положбата на ѕвездата Алфа Кентаур во рамките на соѕвездието Кентаур
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Кентаур
Ректасцензија 14h 39m 36,5/35,1s
Деклинација -60° 50' 02/13"
Привидна величина (V)-0,01/+1,34
Особености
Спектрален типG2 V/K1 V
U−B боен показател0,24/0,64
B−V боен показател0,65/0,85
Променлив тип-
Астрометрија
Радијална брзина (Rv)-21,6 km/s
Сопствено движење (μ) RA: -3678,19 mas/yr
Dec.: 481,84 mas/yr
Паралакса (π)747,23 ± 1,17 mas
Растојание4,36 ly
(1,338 pc)
Апсолутна величина (MV)4,38/5,71
Податоци
Маса1,100/0,907 M
Полупречник1,227/0,865 R
Сјајност1,519/0,500 L
Температура5.800/5.300 K
Металичност130-230% од Сонцето
Вртење?
Старост5-6 × 109 години
Орбита
ПридружникАлфа Кентаур B
Период (P)79,24 г.
Голема полуоска (a)17,59"
Ексцентрицитет (e)0,516
Наклон (i)79,24°
Должина (Ω)204,87°
Перицентарска епоха (T)1955,56
Други ознаки
Alp Cen, Rigil Kentaurus, Rigil Kent, Toliman, Bungula, Gl 559 A/B, HR 5459/5460, CP(D)-60°5483, HD 128620/128621, GCTP 3309.00, LHS 50/51, SAO 252838, FK5 538, HIP 71683/71681.

Алфа Кентаур(и) (α Cen/Centauri или Толиман) — најсјајната ѕвезда во соѕвездието Кентаур (Centaurus), кое е видливо од јануари до јули, а кулминира во текот на април и не е видливо од северната хемисфера на географски широчини поголеми од 30°.

Алфа Кентаур е најблиска ѕвезда до Земјата, после Сонцето.

Опис[уреди | уреди извор]

Големината и бојата на ѕвездите од тројниот систем на Алфа Кентаур во однос на Сонцето

Набљудувана со голо око како еден објект, Алфа Кентаур, означена како Алфа Кентаур A/B (α Cen A/B), всушност e двоен ѕвезден систем составен од поединечните ѕвезди наречени Алфа Кентаур А (α Cen А), со 110% од масата и 151,9% од сјајноста на нашето Сонце, и Алфа Кентаур B (α Cen B), со 90,7% од масата и 50,0% од сјајноста на Сонцето. Всушност, Алфа Кентаур е троен систем, чиј член е и Проксима Кентаур, најблиската ѕвезда до Сонцето.

Нивната просечна оддалеченост од Сонцето изнесува 1,34 парсек или 4,37 светлосни години[3] .

Иако е најблиска до Земјата, таа е трета според сјајноста со својата привидна магнитуда од -0.27, а се наоѓа на 4,3 светлосни години од Земјата. Координатите на Алфа Кентаур во сферниот небесен екваторски координатен систем се 14 часови и 36 минути (ректасцензија) и -60°38' (деклинација). Оваа ѕвезда ѝ припаѓа на спектралната класа G2, како и Сонцето.

Во системот се наоѓа и планетата Алфа Кентаур Bb која има Земјина големина слична на и претставува најблиската вонсончева планета до Земјата. Има маса од барем 113% од онаа на Земјата[4] и кружи околу Алфа Кентаур B во период од 3,236 дена.[5] Растојанието од планетата до ѕвездата изнесува 6 милиони километри,[4] 4% од растојанието од Земјата до Сонцето и десет пати поблиску од орбитата на Меркур. Површинската температура изнесува барем 1500 K (прибл. 1200 °C), што е преврело за човечки живот, но сепак можно за микроорганизми.[6]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „LHS 50 -- Ѕвезда со големо сопствено движење“. Центар за астрономски податоци во Стразбур. конс. 20 април 2011. 
  2. „LHS 51 -- Ѕвезда со големо сопствено движење“. Центар за астрономски податоци во Стразбур. конс. 20 април 2011. 
  3. Söderhjelm, Staffan. Visual binary orbits and masses post Hipparcos. „Astronomy and Astrophysics“ том  341 (1): 121–40. 
  4. 4,0 4,1 Wall, Mike (16 октомври 2012). „Discovery! Earth-Size Alien Planet at Alpha Centauri Is Closest Ever Seen“. Space.Com. TechMediaNetwork. конс. 17 октомври 2012. 
  5. Dumusque, X.; Pepe, F.; Lovis, C.; Ségransan, D.; Sahlmann, J.; Benz, W.; Bouchy, F.; Mayor, M.; Queloz, D.; Santos, N.; Udry, S. (17 октомври 2012 г). An Earth mass planet orbiting Alpha Centauri B. „Nature“ том  490. doi:10.1038/nature11572. http://www.eso.org/public/archives/releases/sciencepapers/eso1241/eso1241a.pdf. посет. 17 октомври 2012 г. 
  6. "The exoplanet next door: Earth-sized world discovered in nearby α Centauri star system". Eric Hand, Nature, 1 октомври 2012. пров. 16 октомври 2012

Координати: Ѕвездена карта &1000000000000001400000014ч &1000000000000003900000039м &1000000000036495100000036,4951с, −&1000000000000006000000060° &1000000000000005000000050′ &1000000000000230800000002,308″