Прејди на содржината

Синчец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Синчец
Синчец
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Астериди
Ред: Ѕвездовидни
Семејство: Главоцветни
Род: Различник
Вид: Синчец
Научен назив
Centaurea cyanus
L.

Синчец (науч. Centaurea cyanus)едногодишно скриеносемено растение од семејството главоцветни, домородно во Европа. Се наоѓа по должината на рабовите на шумите, покрај патиштата како плевел, во зеленчуковите градини и полињата со житни култури.[1]

Подробен изглед на синчецот

Синчецот е едногодишно растение што расте 40 — 90 см, со сиво-зелени разгранети стебла. Лисјата се копјевидни и долги 1 — 4 см. Цветовите најчесто се со изразена сина боја. Синиот пигмент е протоцијанин, кој во розите е црвен. Цвета цело лето.[2][3][4]

Употреба

[уреди | уреди извор]

Чај од синчец се употребува за подобрување на апетитот и јакнење на организмот. Ја подобрува функцијата на жолчката и црниот дроб, влијае диуретично поради што се дава при заболувања на уринарните органи.

Синчецот може да се употребува и за промивка на очите, при конјуктивит и блефарит, како и за козметички цели — за освежување и јакнење на кожата.[5]

  1. „синчец“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Rose, Francis (1981). The Wild Flower Key. Frederick Warne & Co. стр. 386–387. ISBN 0-7232-2419-6.
  3. Lauber, Konrad; Wagner, Gerhart (1996). Flora Helvetica (германски). Berne: Paul Haupt Verlag. стр. 1152. ISBN 3-258-05405-3.
  4. Shiono M, Matsugaki N, Takeda K (2005). „Structure of the blue cornflower pigment“. Nature. 436 (7052): 791. doi:10.1038/436791a. PMID 16094358. S2CID 4312804.
  5. „Синчец — Centaruea cyanus“. Билки Лековити и Народна Медицина. Посетено на 2021-04-09.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]