Различник
Различник | |
---|---|
Centaurea pullata | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Carduoideae |
Племе: | Cynareae |
Потплеме: | Centaureinae |
Род: | Centaurea Л. |
Типски вид | |
Centaurea centaurium L. | |
Разновидност | |
околу 350-600 видови | |
Синоними | |
Cyanus Л. |
Centaurea — род кој опфаќа помеѓу 350 и 600 видови на тревни трновидни цветни растенија во фамилијата Asteraceae или Главоцветници.
Членови на родот се наоѓаат само на север од екваторот, претежно на источната полутопка; на Блискиот Исток и околните региони и се особено богати со видови. Други имиња за овој род се кентаури, ѕвезди, цвет кошници.
Името centaury понекогаш се користи и за други растенија кои не се поврзани со родот Centaurea. Главичестите соцветија, кои се од типот на псеуданциум, се изградени од два типа на цветови. Периферно се поставени јазичести, а централно трубести цветови. Тие се најчесто обоени со убави и живописни бои, како што се: жолта, виолетова, розова, темносина, црвена, бела итн. Цветовите на периферијата на соцветието се поинтезивно обоени или послабо обоени во однос на внатрешните цветови. Во основата на соцветието се наоѓаат инволукрални лушпести ливчиња кои може да имаат израстоци како влакна, запчина, трепки и др. Листовите може да бидат прости или сложено насечени и пересто разделени. Оние видови кои растат во посушни региони имаат подолг и појак корен.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Centaurea на Ризницата ?
- Фотографии на Centaurea Архивирано на 28 август 2019 г.
|
|