Сен Дени (Реинион)
Сен Дени Saint-Denis | |
---|---|
Панорама на Сен Дени | |
Координати: 20°52′44″S 55°26′53″E / 20.8789° ЈГШ; 55.4481° ИГД | |
Земја | Франција |
Округ | Сен Дени, Реинион |
Кантон | главен на 9 кантони |
Општ. заедница | CINOR |
Управа | |
• Градоначалник (2001-2007) | Рене-Пол Викторија |
Население 1 | 133,700 131,557 |
INSEE/Пошт. бр. | 97411 / |
2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Сен Дени (фр. Saint-Denis) — префектура (главен град) на францускиот прекуморски регион и департман Реинион, во Индискиот Океан. Се наоѓа на најсеверната точка на островот, близу устието на реката Сен Дени.
Сен Дени е најнаселената општина во француските прекуморски департмани. Според пописот во 1999 г., градското подрачје броело 158.139 жители, од кое 131.557 во самиот град, а останатите во блиската општина Сент-Мари.
Историја
[уреди | уреди извор]Сен Дени го основал Етјен Рењо во 1669, а во 1738 станува главен град на Сен Дени.
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Најблискиот аеродром е Ролан Гарос кој воедно е главниот меѓународен аеродром на Реинион. Започнувајќи со 2008, во местото се гради посебен трамвајски воз кој ќе го поврзува градот со аеродромот, како и со блиското место Сен-Пол.
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Атракции
[уреди | уреди извор]- Музеј на Леон Дјеркс (Musée Léon Dierx) - уметничка галерија и музеј
- Државни градини (Jardin de l'Etat) - јавни градини - во нив има и природонаучен музеј)
- Ле Баршоа (Le Barachois) - крајбрежен парк
- Пишана Карпа (La Roche Écrite) - 15 km јужно од градот. Планински врв над Сен Дени кој овозможува мошне импресивен поглед врз градот.
Хотели
[уреди | уреди извор]Меѓу меѓународните хотели во Сен Дени се вбројуваат: Mercure Creolia Hotel, Austral Hotel и Best Western.
Занимливости
[уреди | уреди извор]Виетнамскиот принц Бао Ванг, син на царот Дуј Тан е роден и живее во Сен Дени со семејството.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Сен Дени на Ризницата ?
- Портал на Сен Дени (француски)
|