Американски бизон
Американски бизон Период: ран холоцен – денес | |
---|---|
Американски бизон Огласување | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Цицачи |
Надред: | Копитари |
Ред: | Парнокопитни |
Семејство: | Шуплороги |
Потсемејство: | Говеда |
Род: | Бизон |
Вид: | Американски бизон |
Научен назив | |
Bison bison (Linnaeus, 1758) | |
Подвидови | |
Синоними | |
Bos americanus |
Американски бизон (науч. Bison bison) наречен и бафало (англиски: buffalo) — вид бизон од тревните предели на Северна Америка. Некогаш живеел огромни стада, но во XIX е доведен до раб на истребување поради прекумерниот стопански лов и болестите префатени од домашниот добиток. Во поново време бројноста му е зголемена, но ова е ограничено на неколку национални паркови и резервати. Изворното живеалиште на бизонот сочинувало триаголник помеѓу Големото Мечкино Езеро во најсеверозападниот дел на Канада, на југ до сојузните држави и Дуранго и Нов Леон во Мексико, а на исток до источното крејбрежје на САД, од Њујорк до Џорџија, па дури и до Флорида и Северна Каролина.[2][3][4]
Постојат два подвида: рамничарскиот бизон (Bison bison bison), кој е помал и со позаоблена грпка, и шумскиот бизон (Bison bison athabascae), кој е повисок и има поаглеста грпка.[5][6][7][8][9][10] Шумскиот бизон е трет вид по големина меѓу говедата во светот, веднаш зад гаурот и индискиот бивол. Во денешно време претставува најголемото копнено животно на американските континенти.
Животното може да се види во Зоолошката градина во Скопје.[11]
Опис
[уреди | уреди извор]Бизонот достигнува 2,5-3 м во должина и до 2 м во висина. Има густи влакна со сиво-кафена боја, а на главата и вратот тие се црно-кафеави, иако се среќаваат и необично светли единки. Предниот дел од телото е прекриен со подолги влакна. Главата е масивна, со широко чело. Нозете му се кратки и дебели и се разидуваат на страна, а на краевите пак се враќаат навнатре. Ушите се кратки и тесни; очите — големи и темни, а вратот кус[12].
Предницата на телото има грпка и е многу поразвиена од задната страна. Опашката му е кратка, со долг густ перчин на крајот. Нозете се ниски, но многу силни. Женктие се значително помали од мажјаците, кои достигнуваат тежина до 1270 кг. Американскиот бизон е мошне сличен на еврпоскиот, дотколку што некои научници претпоставуваат дека не е засебен вид, туку видоизменет европски бизон (зубар).
Разликуваме два подвида на американски бизон — рамничарскиот (Bison bison bison) и шумскиот бизон (Bison bison athabascae), кои јасно се разликуваат по градба и крзното[13].
Особености на рамничарскиот бизон:
- главата е крупна, коса меѓу роговите е густа, а самите рогови ретко се издаваат повисоко од косата;
- највисокиот дел на грпката е сместен над предните нозе, има густа брада и изразена грлена грива издадена над градите, добро изразена крзенна наметка, а по боја е посветол од шумскиот бизон;
- помал е и полесен од шумскиот бизон.
Особености на шумскиот визон:
- главата му е помала, со темни шишки пред и над челото, а роговите се издаваат над шишките;
- највисокиот дел на грпката е сместен пред предните нозе, има лелеава брада и недоразвиена грлена грива, неизразен крзнен плашт; крзното обично му е потемно отколку она на рамничарскиот бизон;
- покрупен е и потежок од рамничарскиот бизон
Американскот бизон слободно се вкрстува со европскиот бизон (зубар). Добиеното животно е плодно и се нарекува „зубробизон“ или „бизонозубар“.
Поведение
[уреди | уреди извор]Во минатото, бизоните лете паселе по широките рамници на север, а зиме преоѓале во шумовити предели на југ, кајшто е потопло.
Рамничарските бизони се хранат претежно со трева, и тоа до 25 кг дневно. Шумските јадат и мов, лишаи и гранки. Можат да наоѓаат храна во снег на длабочина од 1 метар. Густото крзно добро ги штити од студот и лесно поднесуваат ниски температури до -30 °C. Зимно време бараат подрачја со помалку снег.
Иако навидум изгледа несмасен, бизонот е прилично брзо животно и не секој коњ може да го стигне. Воедно е и добар пливач. Во минатото живеел во големи стада од по 20 000 единки.
Секое стадо го предводат неколку стари мажјаци, кои го чуваат и бранат со големо внимание и посветеност. Бизонот е многу силно и опаснен кога е налутен, и има добар мирис и слух. Оддава мошусен мирис, кој се чувствува на големо растојание.
Бизоните се многуженци. Доминантните мажјаци собираат мали хареми. Сезоната на парење е од јули до септември. Бременоста трае околу 9 месеци. Се раѓа по едно теле, а многу ретко по две. Млекото има масленост од 12%.
Младите бизони се мошне пргави и игриви, а старите ги штитат. Се огласуваат со глуво мукање.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Bison bison“. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на November 10, 2008. Database entry includes a brief justification of why this species is "Near Threatened".
- ↑ Project Gutenburg E Book - The Extermination of the American Bison
- ↑ „American Buffalo (Bison bison) species page“. U.S. Fish and Wildlife Service. Посетено на February 24, 2013.
- ↑ William T. Hornaday, Superintendent of the National Zoological Park (February 10, 2006) [1889]. The Extermination of the American Bison. Smithsonian Institution. посет. 24 февруари 2013 г
- ↑ Geist V. (1991). „Phantom subspecies: the wood bison, Bison bison "athabascae" Rhoads 1897, is not a valid taxon, but an ecotype“. Arctic. 44 (4): 283–300. doi:10.14430/arctic1552.
- ↑ Kay, Charles E.; Clifford A. White (2001). „Reintroduction of bison into the Rocky Mountain parks of Canada: historical and archaeological evidence“ (PDF). Crossing Boundaries in Park Management: Proceedings of the 11th Conference on Research and Resource Management in Parks and on Public Lands. Hancock, Michigan: George Wright Soc. стр. 143–51. Посетено на December 2, 2009.
- ↑ Bork, A. M., C. M. Strobeck, F. C. Yeh, R. J. Hudson, & R. K. Salmon; Strobeck; Yeh; Hudson; Salmon (1991). „Genetic relationship of wood and plains bison based on restriction fragment length polymorphisms“ (PDF). Can J Zool. 69 (1): 43–48. doi:10.1139/z91-007. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-05-10. Посетено на 2015-08-20.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Halbert, Natalie D., Terje Raudsepp, Bhanu P. Chowdhary, & James N. Derr; Raudsepp; Chowdhary; Derr (2004). „Conservation Genetic Analysis of the Texas State Bison Herd“. Journal of Mammalogy. 85 (5): 924–931. doi:10.1644/BER-029.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Wilson, G. A., & C. Strobeck; Strobeck (1999). „Genetic variation within and relatedness among wood and plains bison populations“. Genome. 42 (3): 483–96. doi:10.1139/gen-42-3-483. PMID 10382295.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Boyd, Delaney P. (April 2003). Conservation of North American Bison: Status and Recommendations (MS thesis). University of Calgary. OCLC 232117310. Архивирано (PDF) од изворникот 2010-01-17. Посетено на February 23, 2010.
- ↑ „Американски бизон“. Зоо Скопје. Архивирано од изворникот на 2015-05-04. Посетено на 20 август 2015.
- ↑ „Бизон“. Енциклопедиски речник „Брокхаус и Ефрон“ : во 86 тома (82 тома и 4 доп.). Санкт Петербург. 1890–1907.
- ↑ Bison Specialist Group North America.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Американски бизон“ на Ризницата ? |
„Американски бизон“ на Викивидовите ? |
- „Американски бизон“ — Енциклопедија на живиот свет
- „Американски бизон“. Обединет таксономски информативен систем. (англиски)
- Портал на американскиот бизон Архивирано на 21 јуни 2017 г. (англиски)
- Национално здружение на американскиот бизон (англиски)