Американски бизон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Американски бизон
Период: ран холоцен – денес
American bison k5680-1.jpg
Американски бизон
Gnome-speakernotes.svg Огласување
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Надред: Копитари
Ред: Парнокопитни
Семејство: Шуплороги
Потсемејство: Говеда
Род: Бизон
Вид: Американски бизон
Биномен назив
Bison bison
(Linnaeus, 1758)
Подвидови

B. b. athabascae
B. b. bison

Синоними

Bos americanus
Bos bison
Bison americanus
Bison bison montanae

Американски бизон (науч. Bison bison) наречен и бафало (англиски: buffalo) — вид бизон од тревните предели на Северна Америка. Некогаш живеел огромни стада, но во XIX е доведен до раб на истребување поради прекумерниот стопански лов и болестите префатени од домашниот добиток. Во поново време бројноста му е зголемена, но ова е ограничено на неколку национални паркови и резервати. Изворното живеалиште на бизонот сочинувало триаголник помеѓу Големото Мечкино Езеро во најсеверозападниот дел на Канада, на југ до сојузните држави и Дуранго и Нов Леон во Мексико, а на исток до источното крејбрежје на САД, од Њујорк до Џорџија, па дури и до Флорида и Северна Каролина.[2][3][4]

Постојат два подвида: рамничарскиот бизон (Bison bison bison), кој е помал и со позаоблена грпка, и шумскиот бизон (Bison bison athabascae), кој е повисок и има поаглеста грпка.[5][6][7][8][9][10] Шумскиот бизон е трет вид по големина меѓу говедата во светот, веднаш зад гаурот и индискиот бивол. Во денешно време претставува најголемото копнено животно на американските континенти.

Животното може да се види во Зоолошката градина во Скопје.[11]

Опис[уреди | уреди извор]

Бизонот достигнува 2,5-3 м во должина и до 2 м во висина. Има густи влакна со сиво-кафена боја, а на главата и вратот тие се црно-кафеави, иако се среќаваат и необично светли единки. Предниот дел од телото е прекриен со подолги влакна. Главата е масивна, со широко чело. Нозете му се кратки и дебели и се разидуваат на страна, а на краевите пак се враќаат навнатре. Ушите се кратки и тесни; очите — големи и темни, а вратот кус[12].

Предницата на телото има грпка и е многу поразвиена од задната страна. Опашката му е кратка, со долг густ перчин на крајот. Нозете се ниски, но многу силни. Женктие се значително помали од мажјаците, кои достигнуваат тежина до 1270 кг. Американскиот бизон е мошне сличен на еврпоскиот, дотколку што некои научници претпоставуваат дека не е засебен вид, туку видоизменет европски бизон (зубар).

Разликуваме два подвида на американски бизон — рамничарскиот (Bison bison bison) и шумскиот бизон (Bison bison athabascae), кои јасно се разликуваат по градба и крзното[13].

Рамничарски бизон
Шумски бизон

Особености на рамничарскиот бизон:

  • главата е крупна, коса меѓу роговите е густа, а самите рогови ретко се издаваат повисоко од косата;
  • највисокиот дел на грпката е сместен над предните нозе, има густа брада и изразена грлена грива издадена над градите, добро изразена крзенна наметка, а по боја е посветол од шумскиот бизон;
  • помал е и полесен од шумскиот бизон.

Особености на шумскиот визон:

  • главата му е помала, со темни шишки пред и над челото, а роговите се издаваат над шишките;
  • највисокиот дел на грпката е сместен пред предните нозе, има лелеава брада и недоразвиена грлена грива, неизразен крзнен плашт; крзното обично му е потемно отколку она на рамничарскиот бизон;
  • покрупен е и потежок од рамничарскиот бизон

Американскот бизон слободно се вкрстува со европскиот бизон (зубар). Добиеното животно е плодно и се нарекува „зубробизон“ или „бизонозубар“.

Поведение[уреди | уреди извор]

Младо теле

Во минатото, бизоните лете паселе по широките рамници на север, а зиме преоѓале во шумовити предели на југ, кајшто е потопло.

Рамничарските бизони се хранат претежно со трева, и тоа до 25 кг дневно. Шумските јадат и мов, лишаи и гранки. Можат да наоѓаат храна во снег на длабочина од 1 метар. Густото крзно добро ги штити од студот и лесно поднесуваат ниски температури до -30 °C. Зимно време бараат подрачја со помалку снег.

Иако навидум изгледа несмасен, бизонот е прилично брзо животно и не секој коњ може да го стигне. Воедно е и добар пливач. Во минатото живеел во големи стада од по 20 000 единки.

Секое стадо го предводат неколку стари мажјаци, кои го чуваат и бранат со големо внимание и посветеност. Бизонот е многу силно и опаснен кога е налутен, и има добар мирис и слух. Оддава мошусен мирис, кој се чувствува на големо растојание.

Бизоните се многуженци. Доминантните мажјаци собираат мали хареми. Сезоната на парење е од јули до септември. Бременоста трае околу 9 месеци. Се раѓа по едно теле, а многу ретко по две. Млекото има масленост од 12%.

Младите бизони се мошне пргави и игриви, а старите ги штитат. Се огласуваат со глуво мукање.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Gates, C. & Aune, K (2008). „Bison bison“. Црвен список на МСЗП - загрозени видови во 2008 година. МСЗП 2008. Вчитано на November 10, 2008. Database entry includes a brief justification of why this species is "Near Threatened".
  2. Project Gutenburg E Book - The Extermination of the American Bison
  3. „American Buffalo (Bison bison) species page“. U.S. Fish and Wildlife Service. http://www.fws.gov/species/species_accounts/bio_buff.html. конс. 24 февруари 2013 г. 
  4. William T. Hornaday, Superintendent of the National Zoological Park (February 10, 2006) [1889]. The Extermination of the American Bison. Smithsonian Institution. http://www.gutenberg.org/files/17748/17748-h/17748-h.htm.  конс. 24 февруари 2013 г
  5. Geist V.. Phantom subspecies: the wood bison, Bison bison "athabascae" Rhoads 1897, is not a valid taxon, but an ecotype. „Arctic“ том  44 (4): 283–300. doi:10.14430/arctic1552. 
  6. Kay, Charles E.; Clifford A. White (2001). "Reintroduction of bison into the Rocky Mountain parks of Canada: historical and archaeological evidence" (PDF). Crossing Boundaries in Park Management: Proceedings of the 11th Conference on Research and Resource Management in Parks and on Public Lands. Hancock, Michigan: George Wright Soc. стр. 143–51. конс. December 2, 2009. 
  7. Bork, A. M., C. M. Strobeck, F. C. Yeh, R. J. Hudson, & R. K. Salmon; Strobeck; Yeh; Hudson; Salmon. Genetic relationship of wood and plains bison based on restriction fragment length polymorphisms. „Can J Zool“ том  69 (1): 43–48. doi:10.1139/z91-007. http://article.pubs.nrc-cnrc.gc.ca/RPAS/RPViewDoc?_handler_=HandleInitialGet&calyLang=eng&journal=cjz&volume=69&articleFile=z91-007.pdf. 
  8. Halbert, Natalie D., Terje Raudsepp, Bhanu P. Chowdhary, & James N. Derr; Raudsepp; Chowdhary; Derr. Conservation Genetic Analysis of the Texas State Bison Herd. „Journal of Mammalogy“ том  85 (5): 924–931. doi:10.1644/BER-029. 
  9. Wilson, G. A., & C. Strobeck; Strobeck. Genetic variation within and relatedness among wood and plains bison populations. „Genome“ том  42 (3): 483–96. doi:10.1139/gen-42-3-483. PMID 10382295. 
  10. Boyd, Delaney P. (April 2003) (MS thesis). Conservation of North American Bison: Status and Recommendations. University of Calgary. OCLC 232117310. http://www.notitia.com/bison/Members/PDF%20Files/Library/Thesis%20Document%20-%20Conservation%20Status%20of%20Bison%20-%20BOYD.pdf. конс. 23 февруари 2010 г. 
  11. „Американски бизон“. Зоо Скопје. http://www.zooskopje.com.mk/bizon.html. конс. 20 август 2015 г. 
  12. Бизон“. Енциклопедиски речник „Брокхаус и Ефрон“ : во 86 тома (82 тома и 4 доп.). Санкт Петербург. 1890–1907. 
  13. Bison Specialist Group North America.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]