Аеродром Љубљана
Аеродром Јоже Пучник Љубљана Letališče Jožeta Pučnika Ljubljana Ljubljana Jože Pučnik Airport | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
[[Слика:|centre|200px]]
| |||||||||
Писти | |||||||||
Правец | Должина | Површина | |||||||
ft | m | ||||||||
13/31 | 10,827 | 3,300 | Асфалт |
Аеродромот Јоже Пучник во Љубљана (IATA: LJU, ICAO: LJLJ, www.lju-airport.si) (словенечки: Letališče Jožeta Pučnika Ljubljana), исто така познат и како Аеродром Брник, е аеродром кој ја опслужува Љубљана, Словенија. Аеродромот е сместен на 19 километри од центарот на Љубљана[1] и 11 километри јужно од Крањ. Аеродромот бил официјално отворен на 24 декември, 1963 година.
Аеродромот е именуван по Јоже Пучник, словенечки интелектуалец, дисидент и политичар. Тој е база на Adria Airways - словенечкиот национален авиопревозник. На 8 декември 2004, аеродромот ја надминал бројката од еден милион патници на годишно ниво за првпат откако е отворен. Во 2007, низ аеродромот поминале 1.524.028 патници. Во близина на аеродромот минува автопатот А2/Е61, а исто така од и до аеродромот транзитираат автобуси до Љубљана и Крањ.
Статистика
[уреди | уреди извор]Година | Патници | Карго |
---|---|---|
2000 | 991,693 | 12,396 |
2001 | 894,130 | 12,403 |
2002 | 872,966 | 12,021 |
2003 | 928,397 | 12,080 |
2004 | 1,048,238 | 11,780 |
2005 | 1,218,896 | 11,560 |
2006 | 1,334,355 | 15,309 |
2007 | 1,524,028 | 21,717 |
2008 | 1,673,050 | 17,188 |
2009 | 1,433,855 | 14,333 |
2010 | 240,588 |
Планови за експанзија
[уреди | уреди извор]Поради зголемувањето на авиосообраќајот во Словенија како и поради задолжителната поделба на шенгенски и не-шенгенски зони, властите на аеродромот имаат план за изградба на нов терминал. Првата фаза била започната во 2007 година, кога на Словенија влегла во Шенген зоната. Било додадено уште едно ниво на постоечкиот терминал, на кое биле додадени 4 порти. Втората фаза, која започнала во втората половина на 2008 година, вклучува изградба на нов терминал кој ќе биде изграден веднаш до првиот терминал. Се планира да има околу 40 шалтери за чекирање. Системот за багаж ќе има 3 ленти. На терминалот ќе има простор за авиокомпании, туристички агенции, ресторани, продавници, како и специјален простор за патниците од прва класа. Капацитетот на новиот терминал се планира на 850 патници за пристигање и заминување во рок од еден час.
Авиокомпании и одредишта
[уреди | уреди извор]- Adria Airways (Амстердам, Атина, Барселона, Бирмингем, Брисел, Букурешт Отопени, Копенхаген, Даблин, Франкфурт, Истанбул Ататурк, Киев, Лондон Гетвик, Манчестер, Москва Шереметјево, Минхен, Охрид (сезонски), Осло, Париз де Гол, Подгорица, Приштина, Сараево, Скопје, Стокхолм Арланда, Тирана, Виена, Варшава, Цирих)
- Air France
- оперирано од Régional (Париз де Гол)
- Brussels Airlines (Брисел)
- Clickair (Барселона)
- Czech Airlines (Прага)
- easyJet (Лондон Станстед)
- Finnair (Хелсинки)
- Jat Airways (Белград)
- Малев (Будимпешта)
- Montenegro Airlines (Подгорица)
- Turkish Airlines (Истанбул Ататурк)
Чартер
[уреди | уреди извор]- Adria Airways (Анталија, Агаба, Каиро, Чиос, Констанца, Крф, Дубровник, Ираклион, Хургада, Ибица, Карпатос, Кавала, Кефалонија, Кос, Ларнака, Лас Палмас, Лефкас, Лезбос, Мадрид, Малта, Миконос, Палма де Мајорка, Родос, Самос, Санторини, Шарм ел Шеик, Симферопол, Скијатос, Солун, Сплит, Тел Авив, Тенерифе, Закинтос)
- Arkia Israel Airlines (Tел Авив)
- BH Air (Бургас, Варна)
- Bulgaria Air (Бургас, Варна)
- Dubrovnik Airlines (Дубровник, Хургада)
- Egypt Air (Каиро)
- First Choice Airways (Лондон)
- Japan Airlines (Токио)
- Israir Airlines (Тел Авив)
- Nouvelair (Џерба, Монастир)
- SunExpress (Анталија)
- Tunisair (Џерба, Тунис)
Карго авиокомпании
[уреди | уреди извор]- DHL (Лајпциг/Хале)
- Farnair Switzerland (Букурешт Отопени)
- Scorpion Air (Софија)
- Solinair (Бергамо)
- TNT Airways (Лиеж)
- Trade Air (Загреб, Сараево)
- UPS Airlines (Атина, Келн/Бон)