Аеродром Подгорица
Аеродром Подгорица Aerodrom Podgorica Аеродром Подгорица | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
![]() | |||||||||||
Општо | |||||||||||
Тип | Јавен | ||||||||||
Сопственик | Government of Montenegro | ||||||||||
Оператор | Airports of Montenegro | ||||||||||
Опслужуван град | Подгорица | ||||||||||
Местоположба | Golubovci, Montenegro | ||||||||||
Јазол за | Air Montenegro | ||||||||||
Надморска височина | 141 ft / 43[1] m | ||||||||||
Координати | 42°21′34″N 19°15′07″E / 42.35944°N 19.25194°E | ||||||||||
Мрежно место | montenegroairports.com | ||||||||||
Карта | |||||||||||
![]() | |||||||||||
Писти | |||||||||||
| |||||||||||
Статистика (2018) | |||||||||||
| |||||||||||
Source: Airports of Montenegro |
Аеродромот во Подгорица (Српски/Црногорски: Аеродром Подгорица, Aerodrom Podgorica)(IATA: TGD, ICAO: LYPG) е меѓународен аеродром сместен 11 километри јужно од центарот на Подгорица. Аеродромот е главна централа на Montenegro Airlines, и е еден од двата јавни аеродроми во Црна Гора.
Главен Терминал
[уреди | уреди извор]Со зголемениот авиосообраќај во Црна Гора во последните неколку години, сегашниот таканаречен "стар" терминал, мал, со само две порти за авионите, стана премал за протокот на патници, и со тоа градењето на нов терминал стана неизбежно. Нов патнички терминал се отвори на 14 мај 2006 година, на кој постојат 8 порти за пристигање и 2 порти за заминување, и е способен да прими околу 1 милион патници на годишно ниво. Покрај конструкцијата на нов терминал, надоградени беа и придружните објекти на аеродромот. Терминалната зграда е целосно алуминиумска со структура од стакло. На терминалот постојат неколку ресторани, кафе барови, продавници, како и подружници на неколку банки.
Воено користење
[уреди | уреди извор]Аеродромот во Подгорица е цивилен аеродром, но пистата исто така се користи и од страна на военото воздухопловство на Црна Гора.
Авиокомпании и одредишта
[уреди | уреди извор]- Adria Airways (Љубљана)
- Austrian Airlines (Виена)
- bmi (Лондон Хитроу)
- Croatia Airlines (Загреб)
- Jat Airways (Белград)
- Малев (Будимпешта)
- Montenegro Airlines (Белград, Франкфурт, Лондон Гетвик, Љубљана, Париз Де Гол, Рим Фјумичино, Виена, Цирих)
- Moskovia Airlines (Москва Домодедово)
- Norwegian Air Shuttle (Осло)
Инциденти
[уреди | уреди извор]- На 25 јануари 2005 година, авион од типот Фокер 100 под боите на Montenegro Airlines при слетување излезе од пистата. Два патника, пилотот и копилотот беа полесно повредени. Подоцна авиокомпанијата беше тужена од страна на патниците поради тоа што беше единствената авиокомпанија која оперираше на аеродромот тој ден, другите летови беа откажани поради недостиг од опрема за одледување.
- На 11 септември 1973 година, 41 лице загинаа, кога авион на ЈАТ се сруши на врвот Бабин Заб северно од Подгорица.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „You are being redirected...“. Архивирано од изворникот на 2017-12-15. Посетено на 2010-06-22.