Аеродром Приштина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Аеродром Приштина
Aeroporti Ndërkombëtar i Prishtinës
Међународни аеродром Приштина
PIIAJ - Limak Kosovo.jpg
{{{name}}}
Summary
Писти
Правец Должина Површина
ft m
17/35 8.210 2.501 Асфалт

Меѓународниот аеродром во Приштина (IATA: PRN, ICAO: BKPR / LYPR) (албански: Aeroporti Ndërkombëtar i Prishtinës; српски: Међународни аеродром Приштина), е меѓународен аеродром сместен 16 километри од центарот на Приштина, Косово. Аеродромот е под раководство на владата на Косово, по предавањето на контролата од страна на УНМИК, и е главна порта за влез во Косово.

Историја[уреди | уреди извор]

Аеродромот во Приштина беше официјално отворен во 1965 година, со една и едиствена цел, летови од и до Белград. Во текот на 90-тите години, аеродромот започна да оперира на меѓународни одредишта, главно до Швајцарија и Германија. По завршувањето на косовската војна, од 12 Јуни, 1999 до 26 Јуни, 1999 година имаше мала тензија помеѓу НАТО и Руските воени сили коишто во тие моменти го имаа заземано аеродромот. По потпишувањето на договорот со којшто Руските воени сили ќе останат дел од мировните сили во Косово, аеродромот беше реактивиран како воен аеродром на 15 Октомври, 1999 година, а потоа и како цивилен аеродром со оперирање на неколку одредишта ширум Европа.

Награди[уреди | уреди извор]

Во Јуни 2006 година, аеродромот ја доби наградата за најдобар аеродром за 2006 година во категориите: развој на аеродромот, операции, аеродромски објекти, безбедност и однос кон патниците од страна на Меѓународниот совет за аеродроми.

Авиокомпании и одредишта[уреди | уреди извор]

Следните авиокомпании оперираат од аеродром заклучно со јули 2008:

Charter Airlines[уреди | уреди извор]