Средноевропско летно време

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Central European Summer Time)

Средноевропско летно време (англиски: Central European Summer Time, CEST) — назив на временско отстапување при сметање на времето во лето кое ја користи часовниот појас UTC+1, 2 понапред од координираното универзално време. Се користи при летно сметање на времето во највеќето европски земји. Во текот на зимата се користи средноевропското време (UTC+1).

Сè до 1996 г. се сметало т.н. „европско летно време“ од последниот ден недела во март до последниот ден недела во октомври. Дотогаш правилата за сметање на ова време не биле исти во сите земји.[1]

Примена[уреди | уреди извор]

Средноевропското време се користи во следниве земји во текот на летото, помеѓу 1:00 UTC на последниот ден недела во март и 1:00 на последниот ден недела во октомври.

Средноевропското летно време се користело и во Португалија од 1993 до 1995 г. и во Литванија од 1998 до 1999 г.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Џозеф Маерс (17 септември 2009). „Историја на правно-определеното време во Британија“. Посетено на 11 октомври 2009. (англиски)