24 јули (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1148  Францускиот крал Луј VII поставил опсада на Дамаск во текот на Втората крстоносна војна.
1534  Жак Картие поставил крст на северноамериканското копно близу до устието на реката Сент Лоренс и го прогласил за прва француска територија во името на кралот Франсоа I.
1715  Шпанска флота со богатство составена од 10 брода заминала од Хавана, Куба кон Шпанија. Седум дена подоцна, 9 брода потонале во бура близу до Флорида. Богатството е откриено и извлечено од морето во 1960-тите.
1823  Укинато е ропството во Чиле.
1908  Турција е прогласена за уставна монархија. Овој датум се зема како Ден на победата на Младотурската револуција.
1923  Грција, Турција и сојузничките сили од Првата светска војна ја потпишаа Лозанската декларација, врз основа на која е извршена принудна размена на население: христијаните од Турција во Грција, а муслиманите од Грција во Турција. Ова во голема мера го изменило националниот состав на Егејска Македонија.
1946  Во Пацификот, во близина на островот Бакини, САД ја извршија првата подводна атомска експлозија.
1974  По инвазијата на Турција врз Северен Кипар, паднала од власт воената хунта во Грција.
2002  Алфред Мојсиу е избран за претседател на Албанија.
2014  Парламентот го избира Фуад Масум за претседател на Ирак.