Шуховска кула

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шуховска кула
Shukhov Tower photo by Maxim Fedorov. Night.jpg
Кулата во 2007 година
Општи податоци
Стилконструктивистичка архитектура
ГрадМосква
Темелот удрен1920
Завршена1922
Висина
Завршеток160 м (525 ст)
Проектирање и изградба
АрхитектВладимир Шухов

Шуховска кула (руски: Шуховская башня), познатa и каkо кула Шаболовкарадиокула во Москва. Споменик на архитектурата и објект на светското наследство.

Оваа кула е 160-метарски слободностоечка челична рамка од револуционерни хиперболоиди. Градена е од 1920 до 1922 година, као радиопредавател за пренос на сигнал ширум Русија.

Градена е како хиперболоидна структура (поточно, како хиперболоидна лушпа).

Географска положба[уреди | уреди извор]

Се наоѓа на 55°43'02" северна географска ширина и 37°36'41" источна географска должина.

Историја[уреди | уреди извор]

Проект на 350-метарска кула на В. Г. Шухов, 1919.

Величествената кула, една од околу 200 кои ги дизајнирал Владимир Глигориевич Шухов, изворно била проектирана да биде со висина од 350 метри, но оскудицата од челик во граѓанската војна во РУсија довеле до тоа изворната проектирана висина морала да се смали на 160 метри. Шухововите методи биле и иновативна: кулата била подигната според негова сопствена телескопска метода на склопување.

Шуховската кула има елегантна оригинална конструкција, заради која трпи минимални налети на ветар, кој е главна опасност за високите градби. Отворената челична конструкција ги комбинира снагата и леснотијата: по единица висина за Шуховската кула се користи три пати помалку челик во однос на Ајфеловата кула. За првобитниот проект на кулата од од 350 метри проценетата маса била само 2200 тона, додека 300-метарската Ајфелова кула е тешка околу око 7300 тона.

Радиопредавателот почна со работа на 19 март 1922 година.

Шуховската кула е прогласена за споменик на архитектурата. На меѓународната конференција „Heritage at Risk. Зачувување на архитектурата на 20 век и светското наследство“ која била одржана во 2006 година во Москва, Шуховската кула со својата единствена конструкција е призната како ремек-дело на руската авангардна архитектура и објект на светското наследство.

Се наоѓа на „улица Шаболовка 37", според која кулата го добил своето неслужбено име. Не е достапна за туристите.

Шуховската кула никогаш не била реставрирана и не е адекватно заштитена од корозија.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Некои од градбите кај кои е применета Шуховската хиперболоидна структура:

Шуховска кула

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]