Штрумфови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
The Smurfs (film) logo.svg
Штрумфови  
Автор Пејо
Наслов на
оригиналот
Les Schtroumpfs
Земја  Белгија Белгија
Јазик француски
Жанр(ови) стрип
Издадена 1958
Страници

34 тома 5 тома Штрумфетерии 7 тома Светот на штрумфовите 2 тома 300 финти 1 том Специјално издание

Назив на оригиналното издание: "Флејтата со шесте дупки" (француски: "La Flûte à six trous") (1958) во стрип Јохан и Пјуит


Штрумфови (француски: Les Schtroumpfs) е белгиски стрип и телевизиска серија фокусиран на група мали сини фиктивни суштества наречени Штрумфови, создадени и за прв пат претставени како низа на комични стрипови од белгискиот карикатурист Пејо (псевдонимот на Пјер Килифор) на 23 октомври 1958 година. Оригиналниот збор и сета останата придружна терминологија Пејо ги измислил за време на оброк со неговиот колега и пријател Андре Франкен на белгиското крајбрежје[1]. Во моментот, заборавајќи го зборот “сол”, Пејо го замолил пријателот да му го подаде онаквото, односно, штрумфот. Франкен шегувовито му одговорил: “Еве ти го штрумфот – кога ќе завршиш со штрумфување, штрумфни го назад...” и двајцата го поминале викендот зборувајќи на “штрумфски јазик”. Името подоцна било преведено на холандски како Smurf, кое било усвоено и на англиски јазик.

Јохан и Пирлуи[уреди | уреди извор]

Пејо во 1990.

Во времето кога ја добил идејата за Штрумфовите, Пејо бил творец, уметник и писател на француско-белгиски стрип серии со наслов Јохан и Пирлуи (преведени на англиски во Јохан и Пјуит) со центар на случување во Европа за време на средновековието, вклучувајќи елементи со мечови и волшепства. Јохан му служи на кралот како млад храбар благородник, а Пирлуи (се изговара Пиир-луу-и) врши улога на негов верен џуџест придружник, макар што наперчен и измамник.

Во 1958 година, списанието Спиру (ориг. Spirou) започнало да ја објавува приказната за Јохан и Пирлуи, Флејтата со шест дупки[2]. Авантурата ги вовлекува во наоѓање на магична флејта, за што било потребно малку магија од волшебникот Омнибус. На тој начин тие ќе сретнат едно мало суштество што личи на човек и има сина кожа, облечено во бело по име Штрумф[2], кој го следат голем број на суштества кои изгледаат исто како него, со постар водич кој носел црвена облека и имал бела брада. Нивното прво појавување е објавено во Спиру на 23 октомври 1958 година. Ликовите постигнале голем успех, а првите независни приказни за Штрумфовите се појавиле во Спиру во 1959 година, заедно со првата реклама[3]. Штрумфовите споделиле повеќе авантури со Јохан и Пирлуи, добиле свои серии и сите наредни изданија на оригиналната приказна, која е преименувана во Флејтата на шесте штрумфови (исто како насловот на филмската верзија на приказната).

Со комерцијалниот успех на Штрумфовите дојде и рекламната империја на штрумфовски минијатури, модели, игри и играчки. Цели колекционерски клубови се посветени на собирање пластични штрумфови и друга штрумфовска трговска стока. Во 2011 година, Мекдоналдс пуштил линија играчки, вклучувајќи ги сите познати ликови, како Веле Штрумф и Бебе Штрумф.

Во светот на штрумфовите[уреди | уреди извор]

Штрумфови[уреди | уреди извор]

Сапарина (Smilax aspera), омилената храна на штрумфовите

Дејствието било со тенденција на едноставна приказна за храбра авантура. Ркипата со едноставна структура каде речиси сите ликови во суштина изгледаат исто. Повеќето се машки (освен три женски: Штрумфета, Сасета и Штрумфдадилка), ниски (високи само 3 јаболки), со сина кожа, со панталони со дупка за нивните кратки опашки, бела капа во стилот на фригиските капи и понекогаш со дополнителни додатоци кои ја карактеризираат личноста (на пример, штрумфот “Мајсторче” носи панталони со прерамки наместо стандардни панталони, капа со рабови и молив над увото). Штрумфовите може да пешачат и да трчаат, но често се движат и со скокање со двете нозе. Обожаваат да јадат листови од сапарина која е вид на грмушка (од видот смилакс), чии зрнести плодови штрумфовите нормално ги нарекуваат “штрумфоплодови” (штрумфоплодовите ги има само во цртаниот филм; во оригиналните стрипови, штрумфовите ги јадат само листовите од сапарината).

Ликовите[уреди | уреди извор]

Штрумфовите исполнуваат едноставни архетипови на секојдневни луѓе: штрумфот Мрзливко, штрумфот Лутко, штрумф Текнувало и така натаму. За сите штрумфови, со исклучок на Веле Штрумф, Штрумфета, Штрумфдадилка и Дедо Штрумф, се вели дека се стари 100 години. Прво имало 99 штрумфови, но овој број се зголемил со појавувањето на нови штрумф ликови, како Сасета и Дадилката. Во почетокот сите штрумфови биле машки; подоцна биле додадени женските Штрумфета и Сасета – Штрумфета како производ на волшебникот Гаргамел, додека Сасета била создадена од штрумфовите.

Веле Штрумф е водачот на заедницата. Тој се разликува од останатите по облеката. Неговата е црвена и има брада. Другите штрумфови носат имиња според нивниот карактер или според професијата (пр. штрумфот Лутко). Првиот женски лик е Штрумфета, создадена од Гаргамел којашто Веле Штрумф потоа ја променил во русокоса. Ликовите што не се Штрумфови се непријателите Гаргамел и неговата мачка Азриел како и кумот на Гаргамел, Балтазар. Други кои не се штрумфови а се нивни пријатели се младиот благородник Јохан и младиот пријател Пирлуи, како и волшебникот Омнибус[4].

Јазикот[уреди | уреди извор]

Карактеристично за јазикот на штрумфовите е зачестената употреба на зборот штрумф и зборови изведени од него, со различно значење. Штрумфовите заменуваат доволно именки и глаголи во секојдневниот говор со “штрумф”, како би го направиле нивните разговори одвај разбирливи: “Ќе одиме да штрумфуваме на реката Штрумф.” Кога го употребуваат како глагол, зборот “штрумф” обично значи “прави”, “глаголот сум”, “допаѓа” или “направи”.

Луѓето мислеле дека замената на обичните зборови со терминот “штрумф” по случаен избор не е доволно. Во една авантура, Пјуит им објаснува на другите дека исказот “Штрумфувам до штрумфот” значи “Одам во шумата”, но еден од штрумфовите го поправа, велејќи дека правилниот исказ би бил “Штрумфувам во штрумфот”, додека тоа што Пјуит го кажал значело “Чрчорам во зората”. Така, “Штрумфувам во штрумфот” не е исто со “Штрумфувам во штрумфот”[5].

Во анимираните серии, само некои зборови (или дел од зборот) се заменети со зборот “штрумф”. Контекстот овозможува сигурно разбирање на овој начин на зборување, но вообичаениот жаргон ја опфаќа и напомената дека нешто е “баш штрумфно” или “штрумфастично”.

Во Зелениот штрумф и штрумфот зелен[6], (на англ. Штрумф против Штрумф, Smurf Versus Smurf) издаден во Белгија во 1972 година, било откриено дека селото е поделено на север и југ, и дека штрумфовите од двете страни имаат различни идеи за тоа како терминот “штрумф” треба да се употребува: на пример, северните штрумфови го нарекувале некој предмет “шише штрумфорач”, додека јужните штрумфови го викале “штрумф отворач”. Приказната се смета за пародија на сè уште актуелната јазична војна (taalstrijd) помеѓу француските и холандските јазични заедници во Белгија[7][8].

Селото[уреди | уреди извор]

Куќа на штрумф во забавен парк во Анкара

Кога за прв пат се појавиле во 1958 година, штрумфовите живееле во дел од светот наречен “Проклетата Земја”[9]. За да се стигне до таму била потребна магија или патување низ густи шуми, длабоки мочуришта, жешки пустини и високи планински вериги. Самите штрумфови користат штркови за патувања на долги растојанија, како што е кралството каде што живеат Јохан и Пирлуи, и да останат во тек со настаните во надворешниот свет.

Во приказните за Јохан и Пирлуи, селата на штрумфовите се направени од куќи во вид на печурки во различни форми и големини во пусти и карпести земјишта со само неколку дрва. Меѓутоа, во филмови Штрумфови печуркастите кучи се послични една на друга и се наоѓаат во една чистинка во густа шума со трева, река и вегетација. Луѓето како Гаргамел се прикажани дека живеат во близина, иако е речиси невозможно за странец да го пронајде селотото на штрумфовите, освен ако дотаму не го однесе некој штрумф.

Заедницата[уреди | уреди извор]

Заедницата на штрумфовите е облик на соработка, споделувачка и пријателска средина врз основа на принципот дека секој штрумф е добар за нешто, а со тоа придонесува за штрумф општеството како што знае и умее. За возврат, секој штрумф го добива потребното, од живеалишта и облека до храна без потреба од пари за возврат.

Влијанието на штрумфовите[уреди | уреди извор]

Штрумфовите имале големо влијание на децата кои растеле во 80-тите години на минатиот век[10] најмногу поради истоимената популарна телевизиска анимирана серија. Во 1998 година, писателот Марк Шмид напишал пародична статија наведувајќи ги Штрумфовите како пример за влијанието на социјализмот во континенталната европска култура[11][12]. Францускиот социолог Антоан Буено, во книга од 2011 година ги опишал како тотална расистичка утопија[13]. Директорот на студиото Пејо, Тјери Килифор, синот на Пејо, ги отфрлил обвинувањата на Буено како “апсурдни и безначајни”.

50-годишнината од постоењето на Штрумфови и 80-годишнината од раѓањето на нивниот создавач Пејо, биле одбележани со издавање на колекционерски монети со висока вредност: белгиската комеморативна монета од 5 евра по повод 50-годишнината од Штрумфовите, искована во 2008 година.

Во 2011 година, излезе филм по име Штрумфови.

Телевизиски серии[уреди | уреди извор]

Штрумфови (1981 ТВ серија)[уреди | уреди извор]

Штрумовите си го обезбедиле своето место во северно-американската поп култура во 1981 година, кога цртаната серија Штрумфови, во продукција на Хана и Барбера, се емитувала на NBC од 1981 до 25 август 1990 година. Шоуто продолжило да се емитува на американската мрежа до 1993 година, по што следувала и на Cartoon Network до 2003 година. Штрумфовите сѐ уште се емитуваат на станицата Бумеранг низ Соединетите Американски Држави. Шоуто постигнало голем успех со неочекуван профит, речиси секоја година. Штрумфовите биле номинирани неколку пати за Еми, и добиле награда за Најдобра детска забавна серија во периодот од 1982-1983 година. Во сериите, како музика во позадина се слушаат многу класични музички ремек дела меѓу кои Недовршена симфонија на Франц Шуберт (Симфонија бр. 8 во б-мол), Пер Гинт на Едвард Григ и Слики на изложба од Модест Мусоргски.

Репризи од шоуто се прикажувале на сестринскиот канал на Cartoon Network , Бумеранг.

Телевизиското шоу Штрумфови имало континуиран успех сѐ до 1990 година, кога, по речиси цела успешна деценија, NBC го откажале заради намалување на гледаноста.

На 31 август, 2017, IMPS и Dupuis Audiovisuel објавиле дека ќе работат на нов ТВ серијал Штрумфови, со CGI анимација.[14][15][16]

Филмови[уреди | уреди извор]

Во 1965 година, црнобел 87-минутен анимиран филм наречен Авантурите на Штрумфовите бил издаден во кината во Белгија. Се состоел од пет кратки цртани филмови. Познато е дека постојат германски копии и копии со холандски преводи. Приказните се базирани врз веќе постоечките приказни за штрумфовите како Црните штрумфови и Штрумфовите и јајцето, а ги создале писателот Морис Рози и уметникот Еди Рајзак од малото студио Дипуи[17]. Вкупно создале десет анимирани краткометражни филмови помеѓу 1961 и 1967 година, првите серии во црнобела техника, а подоцнежните во боја.

Во 1976 година, била издаден филмот Флејтата на шесте штрумфови (адаптација на оригиналната приказна за “Јохан и Пирлуи”) . Мишел Легранд обезбедил музички запис за филмот. Во 1983 година филмот ќе биде издаден во Соединетите Американски Држави (по популарноста на анимираните серии таму) во синхронизирана верзија на англиски јазик, под наслов Штрумфовите и магичната флејта. Уште неколку долгометражни филмови биле направени, од кои најзабележителни биле Бебето штрумф и Еве ги штрумфовите[18], создадени од епизоди на цртаната телевизиска серија на Хана и Барбера.

Филмското студио Сони (Sony Pictures) најавил трилогија филмови за Штрумфови, со издавање на првиот филм на 29 јули, 2011 година. Анимираниот филм Штрумфови: изгубеното село, излегол на 7 аплил 2017.[19]

ДВД изданија[уреди | уреди извор]

На 26 февруари 2008 година, Ворнер Брос ја издава Сезона 1 дел 1 на ДВД, која ги содржи првите 19 епизоди. На 7 октомври 2008 година, Ворнер Брос ја издава Сезона 1 Дел 2 на ДВД, која ги содржи преостанатите 20 епизоди од првата сезона. Иако Ворнер Брос одлучиле да го прекинат збирот сезони и наместо тоа, да ги издадат деловите на еден диск, но наводно тие сѐ уште го следат правилниот редослед на епизоди.

Магна Хоум Ентертеинмент во Австралија издале колекција од 9 дискови по повод 50-годишнината, што содржи вкупно 52 епизоди. Во септември 2009 година, била достапна колекција на тема Штрумфета со 25 епизоди, по што следувала и Веле Штрумф Колекција во декември 2009 година со 26 тематски епизоди. Во јули 2010 година, и двете колекции на Штрумфета и Веле Штрумф биле вклучени во специјална “Колекција на Миленици”. Исто така, истовремено бил издаден и првиот игран филм на Штрумфовите (издаден во 1975 година), Штрумфовите и магичната флејта, за прв пат достапен на ДВД во Австралија.[20]

На 3 ноември 2010 година, биле издадени две колекции “Баш штрумфно”, двете со епизоди кои сѐ уште не биле издадени на ДВД на австралискиот пазар. На 3 декември 2010 година на пазарот излегла и третата колекција. Четврта колекција била планирана за 2 март 2011 година.

Реклами[уреди | уреди извор]

Бенко Инстант Чоко е популарен холандски чоколаден пијалак. Маскотата на компанијата е Бенко шишенце со лице, раце и нозе. Низа на реклами во форма на стрип од една страна биле објавени во стрипови во Европа со Бенко кој живеел со штрумфовите и го користел својот чоколаден пијалак со цел да ги реши нивните проблеми; како што е спречувањето на штрумфот Текнувало да им држи предавања на другите штрумфови, будење на штрумфот Мрзливко од длабок сон или награда за напорната работа. Целата авантура објавувана во текот на цела недела ги донела до соочување со една од злобните интриги на Гаргамел. Овие приказни биле објавени во Спиру (оригиналниот стрип на Штрумфовите) и конкурентските изданија како Дневникот на Мики (според Светот на Мики Маус и Пајо Паторот на Волт Дизни). Исто така, била направена и ТВ реклама.

Компанијата БП ги користела штрумфовите во низа реклами во 70-те и 80-те.

Штрумфовите ги имало на два вида житарки во 80-те. Штрумф тестенини биле создадени од готвачот Бујарде (конзервирани спремни за јадење) ДелВерде (спремни за готвење и јадење) исто така произведени во 80-те.

Забавни паркови[уреди | уреди извор]

Околу 1984 година, штрумфовите започнале да се појавуваат во забавните паркови во Северна Америка во сопственост на компанијата Кинг Ентертеинмент (KECO). Во секој парк имало штрумфовска атракција и ликови на штрумфови што се движеле наоколу. Во 1989 година, во францускиот регион Лорена, групацијата Сорепарк отворила комплетен Штрумфпарк, наречен Биг Бенг Штрумф. Во 1991 година, паркот го купила успешната белгиска групација Валиби и го прекрстила во Валиби Штрумф со нови атркации.

Неколку години, канадскиот Вондерленд имал комплетно Штрумф село за шетање, завршувајќи со замокот на Гаргамел.

Каровиндс на Парамаунт имал вештачки остров кој, неколку години за време на 80-те и 90-те, бил наречен Штрумф остров и имал комплетно Штрумф село – вклучувајќи печуркасти куќи во кои можело да се влегува.Во 2020 забавен парк ќе биде отворен во Лида, во Каталонија[21] а во Шпанија, повеќе години како атракција постоело шпанското село Јуцар, на Коста дел Солa кое привлекувало туристи благодарение на Штрумфовите[22].

Видео игри[уреди | уреди извор]

Штрумфовите се појавуваат во видео игри направени за повеќето големи конзоли за игри (вклучувајќи ги Нинтендо НЕС, Супер НЕС, и Гејм Бој системите, Атари, КолекоВижн, Сега Гејм Геар, Мастер Систем, Мега Драјв и Мега ЦД Системите, и оригиналните Сони Плејстејшн) и за компјутери. Во 2010 година, Штрумфовите се прошириле во светот на апликации за Андроид, iPad, iPhone и iPod на допир со играта Штрумф село.

Наслови:[уреди | уреди извор]

  • Штрумф: Спасување од замокот на Гаргамел[23]
  • Штрумф Играј и учи[24]
  • Штрумфовите ја спасуваат ситуацијата[25]
  • Штрумф Сликај и играј работилница[26]
  • Штрумфов летен одмор[27]
  • Роденден на Штрумфета[28]
  • Штрумфови (Инфогрејмс) (1994)
  • Штрумфови 2: Патување низ светот (1996)
  • Штрумфови 3 (1997)
  • Кошмарот на Штрумфовите (1998)
  • Штрумфови (Плејстејшн) (1999)
  • Авантурите на Штрумфовите (2000)
  • Штрумф тркач! (2001 година)
  • Одмаздата на Штрумфовите (2002 година)
  • Селото на Штрумфовите (2010 година)
  • Игранката на Штрумфовите (2011 година)
  • Штрумфови ДС (2011 година)
  • Грабнувачот на Штрумфови (2011 година)
  • Штрумфови и Ко (Фејсбук) (2011 година)

УНИЦЕФ[уреди | уреди извор]

Во 2005 година, реклама со штрумфовите била емитувана во Белгија во која селото на штрумфовите е уништено од воени авиони[29]. Оваа УНИЦЕФ реклама, направена со одобрување на семејството на починатиот творец на штрумфовите, Пејо, била прикажана на националната телевизија по 9 часот навечер, за да не ја гледаат децата туку само возрасните. Таа помогнала во кампањата за собирање на средства на белгискиот огранок на УНИЦЕФ за рехабилитацијата на децата на поранешни војници во Бурунди и Демократската Република Конго – двете поранешни белгиски колонии.

Во чест на нивната 50-годишнина во 2008 година, Штрумфови започнале едногодишна “Среќен штрумфден европска турнеја” поврзана со УНИЦЕФ. Штрумфовите посетиле 15 европски земји на денот на нивниот 50-ти штрумфден во вид на јавно делење на бели украсни статуетки. Добитниците можеле да ги декорираат и да ги пратат на натпревар. Резултатите од овој натпревар биле понудени на аукција и собрале вкупна сума од 124,700 евра за потребите на УНИЦЕФ.[30]

Преводи[уреди | уреди извор]

И стриповите и цртаните филмови се преведени на многу јазици. Во повеќето случаи, оригиналното име “Schtroumpf” било заменето со нов термин. Најчести се варијантите “Smurf”, додека другите имиња го назначуваат нивниот џуџест изглед.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Schtroumpf alors!“. originedesmots.blogspot.mk. http://originedesmots.blogspot.mk/2013/04/schtroumpf-alors.html. конс. 4 октомври 2017 г. 
  2. 2,0 2,1 „Johan et Pirlouit #9 - La Flûte à Six Trous (Issue)“ (на en). Comic Vine. https://comicvine.gamespot.com/johan-et-pirlouit-9-la-flute-a-six-trous/4000-281288/. конс. 4 октомври 2017 г. 
  3. Smurfs preparing big 50th birthday celebrations“, „The China Post“, 16 јануари 2008 (конс. 20 октомври 2008 г).
  4. „Smurfs (Team) - Comic Vine“ (на en). Comic Vine. https://comicvine.gamespot.com/smurfs/4060-55688/. конс. 4 октомври 2017 г. 
  5. Le Sortilège de Maltrochu (French for "Maltrochu's Spell"), written and drawn by Peyo, published in 1967
  6. „Les Schtroumpfs, tome 9 : Schtroumpf Vert et Vert Schtroumpf - Babelio“. www.babelio.com. https://www.babelio.com/livres/Peyo-Les-Schtroumpfs-tome-9--Schtroumpf-Vert-et-Vert-S/598944. конс. 4 октомври 2017 г. 
  7. „Les Flamands et les Wallons - Problèmes communautaires en Belgique“ (на fr-fr). www.histoire-des-belges.be. http://www.histoire-des-belges.be/au-fil-du-temps/epoque-contemporaine/flamands-et-wallons. конс. 4 октомври 2017 г. 
  8. CBC News: Reports from abroad, Nov 2007“, Cbc.ca, 6 ноември 2007 (конс. 7 мај 2009 г).
  9. La Flûte à six Schtroumpfs (1958) и Le Pays maudit (1961), напишани и нацртани од Пејо
  10. „97, The Smurfs“. IGN. 23 јануари 2009. http://tv.ign.com/top-100-animated-tv-series/97.html. конс. 23 јануари 2009 г. 
  11. „Smurfs: Metaphor for Socialism?“. Koreatimes.co.kr. https://www.koreatimes.co.kr/www/news/art/2009/03/142_30610.html. конс. 10 февруари 2012 г. 
  12. Schmidt, Marc (1998). „Socio-Political Themes in The Smurfs“. http://www.pop-cultured.net/socio-political-themes-in-the-smurfs/. 
  13. Flood, Alison. „Smurfs accused of antisemitism and racism“, „The Guardian“, 6 јуни 2011. (на en-GB)
  14. New SMURFS TV Series In Development“, „Newsarama“, 31 август 2017 (конс. 22 септември 2017 г).
  15. IMPS & Dupuis Plan New ‘Smurfs’ Series“, „Animation Magazine“, 31 август 2017 (конс. 22 септември 2017 г).
  16. http://www.c21media.net/smurfs-to-return-to-tv/
  17. „Koninklijk Belgisch Filmarchief“ (на dutch). Koninklijk Belgisch Filmarchief. архивирано од оригиналот на 10 мај 2007. https://web.archive.org/web/20070510035306/http://www.ledoux.be/nl/jeunesjong.htm. конс. 16 јануари 2008 г. 
  18. IMDb entry for The Baby Smurf, IMDb entry for Here are the Smurfs
  19. Flores, Terry (14 јуни 2015). „Demi Lovato, Rainn Wilson, Mandy Patinkin Join ‘Get Smurfy’ Voice Cast“. Variety. http://variety.com/2015/film/news/demi-lovato-rainn-wilson-mandy-patinkin-get-smurfy-cast-1201519449/. конс. 25 јули 2015 г. 
  20. The Smurfs and the Magic Flute, Magna Home Entertainment
  21. NacióLleida. „El parc temàtic dels Barrufets serà una realitat a les Basses“. (на ca)
  22. „Шпанско „штрумф“ село ќе плаќа за авторски права“ (на mk-MK). http://novamakedonija.com.mk. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=&id=76c6a1c6-5dfc-48a0-ab0c-a0f6eaff01a7. конс. 4 октомври 2017 г. 
  23. Smurf: Rescue in Gargamel's Castle (1982)
  24. Smurf Play & Learn (1982)
  25. The Smurfs Save The Day (1983)
  26. Smurf Paint 'n' Play Workshop (1983)
  27. A Smurfin' Summer Holiday (1987)
  28. Smurfette's Birthday (креирана за Атари 2600 и Интелвижн, но никогаш не била издадена)
  29. „Did UNICEF bomb the Smurf Village?“. http://bluebuddies.com/help/unicef_smurf_bombing.htm. конс. 13 септември 2014 г. 
  30. Charity auction of 15 celebrity Smurfs on 50th anniversary“, 3news.co.nz, 25 октомври 2008 (конс. 23 ноември 2010 г).