Шлезвиг-Холштајн (покраина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шлезвиг-Холштајн
Schleswig-Holstein
Покраина на Прусија
1868–1946
 

 

 

 

 

 

Знаме Грб
Знаме Грб
Местоположба на Шлезвиг-Холштајн
Местоположба на Шлезвиг-Холштајн
Покраината Шлезвиг-Холштајн (во црвено), во рамките на Кралството Прусија, кое било дел од Германското Царство
Главен град Кил (1866–1879)
Шлезвиг (1879–1917)
Кил (1917–1946)
Историја
 -  Основана 1868
 -  Северен Шлезвиг се отцепил кон Данска 15 јуни 1920
 -  Закон за голем Хамбург 1 април 1937
 -  Укината 1946
Површина
 -  1905 (?) 19.004 км2
 -  1939 15.682 км2
Население
 -  1905 (?) 1.504.339 жит.
Густина 79,2 жит/км2
 -  1939 1.598.328 
Густина 101,9 жит./км2
Претходи
Следи
Шлезвиг
Војводство Холштајн
Саксо-Лауенбург
Слободен Град Либек
Кнежевство Либек
Шлезвиг-Холштајн
Обенро Амт
Алтона (Хамбург)
Хадерслев Амт
Сенербор Амт
Тендер Амт
Вандсбек
Денес во  Германија
 Данска

Шлезвиг-Холштајн (германски: Provinz Schleswig-Holstein) — покраина на Кралството Прусија и на Слободната Држава Прусија од 1868 до 1946 година. Била создадена од Војводствата Шлезвиг и Холштајн, кои биле освоени од Прусија и Австриското Царство од Данска во Втората Шлезвишка војна во 1864 година. По Австриско-пруската војна во 1866 година, која завршила со австриски пораз, Шлезвиг и Холштајн биле припоени од Прусија. Покраината била создадена во 1868 година и кон неа било додадено и Војводството Лауенбург од 1876 година.

По поразот на Германското Царство во Првата светска војна, сојузничките сили организирале два референдума во Северен и Среден Шлезвиг на 10 февруари и на 14 март 1920 година, соодветно. Во Северен Шлезвиг, 75% гласале за повторно обединување со Данска, а 25% за останување со Германија. Во Среден Шлезвиг, состојбата била обратна со 80% од гласовите за Германија и 20% за Данска. Не се случило гласање во јужната третина на Шлезвиг, бидејќи се сметало за веќе донесена одлука дека скоро сите жители ќе гласаат за останување со Германија.

На 15 јуни 1920 година, Северен Шлезвиг официјално бил вратен на Данска. Остатокот на Шлезвиг останал дел од Шлезвиг-Холштајн, сега покраина на Слободната Држава Прусија.

Со Законот за голем Хамбург од 1937 година, Слободниот и ханзеатски град Либек и олденбуршката енклава Регион Либек биле припоени кон Покраината Шлезвиг-Холштајн, додека голем број соседни општини на Хамбург, меѓу нив и градовите Алтона и Вандсбек, биле припоени кон Ханзеатскиот град Хамбург. Хамбург пак ги предал енклавите Гестхахт и Гросхансдорф на Шлезвиг-Холштајн.

По Втората светска војна, Шлезвиг-Холштајн бил дел од британската окупациска зона, иако некои општини на Шлезвиг-Холштајн источно од Рацебург биле разменети за општини на Мекленбург во советската окупациска зона. Британската окупациска зона станала нова сојузна покраина на Шлезвиг-Холштајн на 23 август 1946 година, која станала дел од Сојузната Република Германија на 23 мај 1949 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Wolfgang Benz, Potsdam 1945: Besatzungsherrschaft und Neuaufbau im Vier-Zonen-Deutschland, Munich: Deutscher Taschenbuch Verlag, (=dtv Reihe Deutsche Geschichte der neuesten Zeit vom 19. Jahrhundert bis zur Gegenwart; vol. 4522), p. 262. ISBN 3-423-04522-1

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  •  Шлезвиг-Холштајн (англиски)“. Encyclopedia Americana. 1920.
  • Gemeindeverzeichnis Deutschland 1900 (германски)
  • Deutsche-Schutzgebiete.de (германски)

Координати: 54°30′ N; 9°24′ E / 54.5° СГШ; 9.4° ИГД / 54.5; 9.4