Шар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Шар (Орб, топка со крст, лат. Globus cruciger) е топка на чиј врв се наоѓа крст, христијански симбол на авторитет кој се користел во средниот век, а може да се најде и денес на монети, иконографија и меѓу кралски симболи. Го симболизира христовото владеење (крст) над светот (топка, како глобус). Приказ на Христос кој во својата рака држи топка со крст, во европската иконографија е познат како Христос Спасител (латински јазик|Salvator Mundi).

Потекло[уреди | уреди извор]

Австријска топка со крст, дел од симболите на австријската монархија.
Податотека:Sar large.jpg
Шар на Кралот Петар I, дел од симболите на српската монархија.

Сликовен приказ на држење на светот во раката или дури светот ставен пред нечии нозе е јасна порака која уште од антиката се сретнувала меѓу паганите. Граѓаните на Рим биле запознаени со приказ на светот или свемирот како топка и царската власт или заштита над нив; на пример на монети од 4 век на царот Константин Први прикажан е тој како во раката држи глобус, а на монета од 2 век на царот Хадријан, прикажан е римскиот бог Салус како држи глобус под стапалото.

Со растење на влијанието на христијанството во Римското царство во 5 век, на топката е додаден крст, симболизирајќи ја Христовата власт над светот. Симболично, царот во раката држел топка со крст, во име и како претставник на Христос. Исто така за не-христијанските поданици на царството на кои топка во царска рака веќе им била позната како симбол на царската власт, додавањето на крст на топката означувало победа на христијанството во царството.

Историја[уреди | уреди извор]

Симболот прв пат се среќава на почетокот на 5 век, или на позадината на монетите на царот Аркадије, или 423 на позадината на монетите на царот Теодосије Втори.

Во средновековната иконографија, големината на некој облик го означувало неговото значење во однос на објектите кои го окружувале. Топката била прикажувана како мала, а царот или духовното лице големи за да се нагласел односот на тие елементи.

Иако денес поинаку се верува, во средниот век почесто било вообичаен приказ на светот како топка отколку како рамна плоча, првенствено меѓу образованите.

Топка со крст е приказжувана со моќните владетели, како и со духовните лица; ги украсувала сликите на кралевите и царевите, како и архангелите. Папството поседувајќи ја севкупната канонска власт, а во средниот век во еден момент станувајќи дури и ривал на царот на Светото римско царство, исто така го задржало овој симбол на врвот на папската тијара. Крунската топка била во општа употреба како крајна форма на западните круни. Може и дене да сес види на грбовите на савремените европски монархии. Дури и во современата Англија, Суверенова топка претставува држава но и црковна Англија, која е под заштита и власт на кралската круна.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]