Прејди на содржината

Чапел Роун

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чапел Роун
Чапел Роун на настап во 2022
Роден(а)Кејли Роуз Амштуц
19 февруари 1998(1998-02-19)(26 г.)
Вилард, Мисури, САД
Занимање
  • Пејачка
  • текстописец
Активен период2014–денес
Страница
iamchappellroan.com

Музичка кариера
Жанрови
Издавачи

Кејли Роуз Амштуц (англ. Kayleigh Rose Amstutz; родена на 19 февруари 1998), професионално позната како Чапел Роун (англ. Chappell Roan) ― американска пејачка и текстописец. Поголемиот дел од нејзината музика е инспирирана од синт-попот од 1980-тите и поп-хитовите од раните 2000-ти. На сцената се облекува како дрег-кралица.

Во септември 2024 година, на доделувањето на MTV Video Music Awards, Роун ја освоила наградата за најдобар нов изведувач.

Кејли Роуз Амштуц била родена на 19 февруари 1998 година во гратчето Вилард во Мисури.[1][2][3] За време на детството, одела во црква трипати неделно, а летата ги поминувала во христијански кампови.[4][5]

Роун почнала да свири пијано кога имала 10 или 11 години[6] и почнала да зема часови на 12-годишна возраст.[7] На 14 години, не ја поминала аудицијата за Америка има талент.[7] На 14 или 15 години, почнала да поставува преработки од песни на YouTube, со што го привлекла вниманието на неколку издавачки куќи.[8][7]

2015–2021: Почетоци на кариерата

[уреди | уреди извор]

Во ноември 2014 година, Роун ја поставила нејзината оригинална песна „Die Young“ на YouTube под името Кејли Роуз.[2][9] Потоа заминала за Њујорк, каде што во мај 2015 година потпишала договор со издавачката куќа Atlantic Records.[10][11] Во 2016 година, го усвоила уметничкото име Чапел Роун во чест на нејзиниот дедо Денис К. Чапел, кој починал од рак на мозок истата година.[12][7]>[11] Името било комбинација од презимето од дедо ѝ и збор земен од неговата омилена песна „The Strawberry Roan“ од Керли Флечер.[13][14]

На 3 август 2017 година, Роун го издала нејзиниот прв сингл, „Good Hurt“. Песната била позитивно оценета од списанието Интервју, кое ја пофалила нејзината „зрелост и изненадувачки длабокиот глас“.[7][15] На 22 септември 2017 година, објавила мини-албум под наслов School Nights.[10] Во 2018 година, Роун се преселила во Лос Анџелес.[2][16] Таа изјавила дека тогаш за првпат се почувствувала способна отворено да живее како хомосексуалка.[13]

Роун почнала да соработува со текстописецот и продуцент Ден Нигро кон крајот на 2018 година.[17] Во април 2020 година, Роун го објавила синглот „Pink Pony Club“, песна која веднаш станала вирална на социјалните мрежи и привлекла големо внимание.[18] Оваа песна ја прикажува трансформацијата на Чапел Роун и била опишана како химна на самоизразување и прифаќање.

Роун, во мај 2020 година, објавила уште два сингла, „Love Me Anyway“ и „California“.[19][20] Нејзините изданија не биле доволно профитабилни за Атлантик и тие го прекинале договорот со Роун во август 2020 година.[13][21] И покрај ова, весникот USA Today ја ставил песната „Pink Pony Club“ на трето место на списокот од „10 најдобри песни за 2020 година“.[22] Една година по објавувањето, мрежното место Vulture ја прогласило „Pink Pony Club“ за „Песна на летото 2021“.[2] До август 2022 година, песната била емитувана преку 10 милиони пати на Spotify.[14]

На почетокот од 2021 година, по успехот на песната „Driving Licence“ од Оливија Родриго, Нигро додека работел на албумот Sour со Родриго ја запоставил Роун; Роун не можела да најде соработник кој толку многу ѝ се допаѓа.[13]

2022–2023: Издавање на албумот The Rise and Fall of a Midwest Princess

[уреди | уреди извор]

Роун случила издавачки договор со Sony Music, а во февруари 2022 година повторно соработувала со Нигро за создавање и издавање на песната „Naked in Manhattan“.[23][24] Роун, исто така, била избрана како воведен изведувач за Оливија Родриго за концертите од нејзината турнеја под наслов Sour.[13][25][26]

Роун на настап во 2022 година

На 22 септември 2023 година, Роун го издала нејзиниот прв студиски албум, The Rise and Fall of a Midwest Princess[27] и ја започнала нејзината втора сопствена турнеја, Midwest Princess Tour. Албумот The Rise and Fall of a Midwest Princess бил вклучен во неколку топ-листи за најдобри албуми во 2023 година од публикации како:The AV Club,[28] Time,[29] Nylon,[30] Dork,[31] Ролинг Стоун,[32] Билборд[33] и Вог.[34] Исто така, се нашол меѓу 22-те најдобри поп-албуми од 2023 година според Pitchfork[35] и бил прогласен за најдобар албум за 2023 година од Pop Buzz.[36]

2024–денес: Пробив на музичката сцена

[уреди | уреди извор]

Роун, од февруари до април 2024 година, била воведен изведувач за Оливија Родриго за нејзината светска турнеја Guts за концертите во САД и Канада.[37][38]

Во април 2024 година, Роун го издала синглот „Good Luck, Babe!“, опишувајќи ја како „прва песна од следното поглавје“.[39] Во јуни, песната станала нејзин прв топ-20 хит на Billboard Hot 100, [40] а во август се искачила на шесто место.[41] Иако песната не била вклучена во нејзиниот прв албум, успехот на песната придонел и за популаризација на албумот. Во јуни 2024 година, The Rise and Fall of a Midwest Princess за првпат влегол меѓу првите десет на Billboard 200.[42][43] Во август, албумот се искачил на второ место.[44][40]

Во септември 2024 година, на доделувањето на MTV Video Music Awards, Роун ја освоила наградата за најдобар нов изведувач.

Личен живот

[уреди | уреди извор]

Роун денес живее во Лос Анџелес.[23] Иако била воспитана во христијански дух, таа рекла дека повеќе не се идентификува со црквата и дека нејзиниот сегашен однос со религијата „еволуира“.[45] Роун во минатото имала врски со мажи, но изјавила дека повеќе не излегува со мажи[46][47] и се идентификува како лезбејка.[48] Од септември 2024 година, Роун е во врска со жена.[49]

На Роун ѝ било дијагностицирано биполарно II растројство кога имала 22 години.[4][45]

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

[уреди | уреди извор]
  • The Rise and Fall of a Midwest Princess (2023)

Мини-албуми

[уреди | уреди извор]
  • School Nights (2017)
  1. Paz, Keylee (February 21, 2023). „Chappell Roan Celebrates Birthday with a Euphoric Performance at Bronze Peacock in Houston“. Coog Radio. Архивирано од изворникот на April 24, 2024. Посетено на April 11, 2024.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Alter, Rebecca (May 27, 2021). „Sorry But the Song of Summer 2021 Is This Stripper's Delight From Summer 2020“. Vulture. Архивирано од изворникот на May 27, 2021. Посетено на December 1, 2021.
  3. D'Souza, Shaad (December 29, 2023). „Chappell Roan, pop's next big thing: 'I grew up thinking being gay was a sin'. The Guardian. ISSN 0261-3077. Архивирано од изворникот на August 26, 2024. Посетено на April 29, 2024.
  4. 4,0 4,1 „Chappell Roan doesn't care if she's going to hell“. The Washington Post. October 14, 2023. Архивирано од изворникот на October 18, 2023. Посетено на April 26, 2024.
  5. Shafer, Ellise (September 22, 2023). „Confessions of a 'Midwest Princess': How Chappell Roan's Debut Album Arose From the 'Deep Pits of Hell' to Become a 'Dream Come True'. Архивирано од изворникот на December 28, 2023. Посетено на October 5, 2023.
  6. Lindsay, Kathryn (January 3, 2018). „The Drop: Exclusive Music Video Premiere For Chappell Roan's "Die Young". Refinery29. Архивирано од изворникот на October 11, 2019. Посетено на December 26, 2021.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 Holman, Gregory J. (August 17, 2017). „Chappell Roan is a singer from Willard. She just made the big time“. Архивирано од изворникот на December 26, 2021. Посетено на December 26, 2021.
  8. Kato, Brooke (February 20, 2018). „Chappell Roan to show off evolving sound at The Lost Horizon“. The Daily Orange. Архивирано од изворникот на February 21, 2018. Посетено на December 26, 2021.
  9. Factora, James (April 22, 2024). „Troye Sivan Saw Chappell Roan's Success Coming a Decade Ago“. Them (англиски). Архивирано од изворникот на April 28, 2024. Посетено на April 28, 2024.
  10. 10,0 10,1 Празен навод (help)
  11. 11,0 11,1 „From School Days to 'School Nights': Former Willard Student Hits All the Right Notes“. Willard High School (англиски). Архивирано од изворникот на April 10, 2024. Посетено на April 28, 2024.
  12. Ribner, Sonya (August 12, 2022). „Slumber Party Pop: A New Authenticity with Chappell Roan“. Cherwell (англиски). Архивирано од изворникот на September 5, 2022. Посетено на July 29, 2024.
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 Празен навод (help)
  14. 14,0 14,1 Ribner, Sonya (August 12, 2022). „Slumber Party Pop: A New Authenticity with Chappell Roan“. Cherwell (англиски). Архивирано од изворникот на September 5, 2022. Посетено на September 5, 2022.
  15. Czemier, Zuzanna (August 1, 2017). „Exclusive Track & Video Premiere: 'Good Hurt,' Chappell Roan“. Interview (англиски). Архивирано од изворникот на August 5, 2017. Посетено на December 26, 2021.
  16. „V Exclusive: Chappell Roan's 'Pink Pony Club' out NOW!“. V Magazine. Interview with Chappell Roan. April 3, 2020. Архивирано од изворникот на April 5, 2020. Посетено на December 26, 2021.CS1-одржување: друго (link)
  17. Aswad, Jem (March 1, 2023). „Rising Star Chappell Roan Meets Her Moment With Ecstatic New York Show: Concert Review“. Variety (англиски). Архивирано од изворникот на March 12, 2023. Посетено на March 11, 2023.
  18. Levine, Nick (February 5, 2024). „Chappell Roan: the pop supernova who feels like one of the 'Drag Race' girls“. NME (англиски). Архивирано од изворникот на April 26, 2024. Посетено на April 26, 2024.
  19. Love Me Anyway (англиски), May 1, 2020, Архивирано од изворникот на May 11, 2024, Посетено на May 11, 2024
  20. California (англиски), May 29, 2020, Архивирано од изворникот на May 11, 2024, Посетено на May 11, 2024
  21. „Exclusive Interview with 'Chappell Roan'. Illustrate Magazine (англиски). June 19, 2022. Архивирано од изворникот на April 28, 2024. Посетено на April 28, 2024.
  22. Ryan, Patrick (December 16, 2020). „The 10 best songs of 2020, including Billie Eilish, The Weeknd and Cardi B“. USA Today (англиски). Архивирано од изворникот на December 16, 2020. Посетено на December 26, 2021.
  23. 23,0 23,1 Празен навод (help)
  24. „Naked in Manhattan“. Bandcamp. February 18, 2022. Посетено на September 10, 2024.
  25. Treadgold, Emily (March 4, 2022). „Chappel Roan's "Naked in Manhattan" is a shimmering story of young love“. Earmilk. Архивирано од изворникот на January 30, 2023. Посетено на April 23, 2022.
  26. Moiseieva, Anna (March 10, 2023). „Chappell Roan Concert Review: Cambridge's Pink Pony Club“. The Harvard Crimson. Архивирано од изворникот на March 11, 2023. Посетено на March 11, 2023.
  27. Carter, Daisy (August 11, 2023). „Chappell Roan shares new track 'HOT TO GO!'. DIY. Архивирано од изворникот на October 5, 2023. Посетено на October 5, 2023.
  28. Gillis, Drew; Erlewine, Stephen Thomas; Keates, Emma; Lowery, Tim; Gajjar, Saloni; Carr, Mary Kate (December 13, 2023). „The 27 best albums of 2023“. The A.V. Club. Архивирано од изворникот на December 14, 2023. Посетено на December 27, 2023.
  29. Празен навод (help)
  30. Празен навод (help)
  31. „Dork's Top 50 Albums of 2023: 50-41“. Dork. December 18, 2023. Архивирано од изворникот на December 27, 2023. Посетено на December 27, 2023.
  32. Празен навод (help)
  33. Празен навод (help)
  34. „The Best Albums of 2023“. October 23, 2023. Архивирано од изворникот на December 29, 2023. Посетено на December 27, 2023.
  35. „The Best Pop Music of 2023“. Pitchfork. December 12, 2023. Архивирано од изворникот на December 26, 2023. Посетено на December 27, 2023.
  36. „The best albums of 2023“. PopBuzz. December 1, 2023. Архивирано од изворникот на December 15, 2023. Посетено на June 12, 2024.
  37. Празен навод (help)
  38. Празен навод (help)
  39. Chelosky, Danielle (April 5, 2024). „Chappell Roan - "Good Luck, Babe!". Stereogum. Архивирано од изворникот на April 5, 2024. Посетено на April 5, 2024.
  40. 40,0 40,1 Празен навод (help)
  41. McIntyre, Hugh (July 15, 2024). „Chappell Roan's Breakout Hit's Sales Climb By 340% As It Reaches The Top 10 For The First Time“. Forbes (англиски). Архивирано од изворникот на July 16, 2024. Посетено на July 16, 2024.
  42. Празен навод (help)
  43. Празен навод (help)
  44. Празен навод (help)
  45. 45,0 45,1 Fromson, Audrey (September 18, 2023). „Chappell Roan on Making Pop Music and Giving Back“. Vanity Fair. Архивирано од изворникот на November 9, 2023. Посетено на January 17, 2024.
  46. Zhang, Cat (August 2, 2023). „Chappell Roan's Gloriously Unserious Pop“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на April 18, 2024. Посетено на April 26, 2024.
  47. Празен навод (help)
  48. Празен навод (help)
  49. Празен навод (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]