Прејди на содржината

Црква „Св. Никола“ - Ижиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола

Поглед на црквата во далечина
(фотографирано од сретселото на Ижиште)

македонска православна црква
ЕпархијаДебарско-кичевска
Архијерејско намесништвоБродско
ПарохијаРусјачка
Местоположба

Карта

Координати41°29′25″N 21°05′20″E / 41.49028°N 21.08889°E / 41.49028; 21.08889
МестоИжиште
ОпштинаМакедонски Брод
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Никола
ИзградбаXIV или XVII век
ЖивописXVII век
Архитектонски опис
Архит. типеднокорабна

Свети Никола — главна селска црква во бродското село Ижиште.[1]

Црквата е сместена надвор од селото во североисточна насока, а околу нејзе се наоѓаат самите селски гробишта.

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Црквата претставува средновековна или поствизантиска градба.

Таа е еднокорабна гробишна црква.[2]

Целосно е живописана. Насликаното и стилските одлики (суво и речиси линеарно сликарство и сиромашната палета) се својствени на т.н. поствизантиска уметност застапена главно во периферните селски црквички на Балканот.[2]

Внимание предизвикува допојасјето на „Св. Ѓорѓи Нови (Кратовски)“ во фризот на мачениците.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Најпрвин била изградена во XIV век, а подоцна била обновена и живописана во XVII век, или пак целосно изградена во 1692 година.[3]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 1 2 3 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Свети Никола“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1331. Text "series " ignored (help)
  3. „Русјачка парохија“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 11 октомври 2017.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]