Црква „Св. Никола“ - Враниште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Никола
Викиекспедиција во Дримкол 126.jpg

Поглед на црквата

Македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Ложанска
Местоположба
Координати 41°12′43″N 20°39′57″E / 41.21194° СГШ; 20.66583° ИГД / 41.21194; 20.66583Координати: 41°12′43″N 20°39′57″E / 41.21194° СГШ; 20.66583° ИГД / 41.21194; 20.66583
Населено место Враниште
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1804 (обновена)
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Свети Никола — главна селска црква во селото Враниште.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Во средината на селото се наоѓа црквата Свети Никола Талалеј. За неа е објавено дека е обновена во 1804 година, а самото градење го финансирал некој Абаз-паша. На денот на црковната слава во исто време е и селска слава и тука се одржува „ордија“ (панаѓур). На тој ден доаѓаат гости од соседните села и од градот. Домаќините на гостите роднини им приредуваат ручек во своите домови, додека за останатите гости се дава ручек кај самата црква. За таа пригода се коли теле.[2]

Црква била обновена во 1804 година.[3]

Музеј[уреди | уреди извор]

Во рамките на прославата од 210 години обнова на храмот бил отворен музеј во неговите простории. Во музејската поставка може да се видат многубројни археолошки предмети од различни периоди од неолитот преку енеолитот, па до бронзеното време. Средновековната изложбена поставка опфаќа неколку поствизантиски икони, кои датираат од времето на XVI и XVII век, две икони од XIX век, дело на Аврам Дичов, како и неколку литургиски сребрени предмети. Особено се истакнува иконата на свети Никола со сцените од неговото житие, а која е една од ретките житијни икони во Македонија од овој период.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 180-183. 
  3. 3,0 3,1 „СВ. МЧ. ТАЛАЛЕЈ И ОТВОРАЊЕ НА НОВИОТ МУЗЕЈ ВО ВРАНИШТА“. Дебарско-кичевска епархија. 2 мај 2014. конс. 1 ноември 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]