Христово Рождество

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Христово раѓање)
Дел од темата
Христијанство

Христијански крст

Историја на христијанството
Исус од Назарет
Раѓање · Крстење
Распнување· Воскреснување
Велигден

Рано христијанство
Апостолите
Милански едикт · Екуменски совет

Среден век
Голем раскол
Крстоносни војни
Реформација

Свето Тројство
Господ-Отецот
Христос-Синот
Светиот Дух

Христијанска теологија
Црква
Христијанско богослужение
Божествена благодат · Спасение
Проповед на планината
Десет Божји заповеди

Библијата
Стар завет
Нов завет
Апокрифи

Христијански звања

Католицизам
Римокатолицизам · Англикализам
Независни· Стар католизам

Источно христијанство
Православие · Древноисточни цркви
Асирска црква на Истокот

Протестантство
Лутеранство · Калвинизам · Методизам
Анабаптизам · Баптизам · Адвентизам
Евангелизам · Свето движење
Пентекостализам

Антитринитаризам
Јеховини сведоци
Движење за подоцнежните светци
Унитаријанство
Христоделфијани
Единствен пентекостализам


Празнувањето на Раѓањето Христово се појавило уште во почетокот на христијанството, најверојатно во апостолскиот период. Апостолските правила одредуваат ден за празнување на Раѓањето Христово (25 декември), покажувајќи ја смислата на тој празник за Црквата: „Внимавајте браќа, првиот празник меѓу празниците е Рождеството Христово.“

Времето кое му претходело на Рождеството Христово било исполнето со длабоко чувство за едно безгранично зло. Во секој момент се чувствувала несигурноста на тоа време. Светот пред Христовото раѓање наликувал на добро изорана нива, подготвена да го прими семето на вечниот живот - начелото на идниот век.

Според Лука и Матеј, Исус е роден во Витлеем. Неговата родена мајка е Марија, по јавувањето на Светиот Дух. Според евангелието на Лука, Архангел Гаврил ја посетил Марија за да и пренесе дека таа е избраницата од Бог да го роди Синот Божји (Лука 1:26–38). Според Лука, наредбата на Октавијан Август ги натерала Марија и Јосиф на го напуштат Витлеем и да се префрлат во Назарет во куќата на предоците на Јосиф, во кој спаѓа и царот Давид.

По раѓањето на Исус, Матеј пишува за мудрите владетели кои му донеле дарови на Исус, кои пак ја пратиле ѕвездата за која верувале дека е знак дека се родил кралот на евреите (Матеј 2:1–12). Исус своето детство го поминал во Назарет, Галилеја. Исус престојувал и во Египет, по наредбата на Ирод Велики за колење на невините деца, плашејќи се и самиот тој од ѕвездата која ја видол. Според Матеј, тој и неговото семејство во Египет останал сè до смртта на Ирод Велики, по кое тие отишле во Назарет (Матеј 2:1–12).

Лука е единствениот кој зборува околу настанот кога Исусовите родители го нашле својот син во храмот, за кој сметале дека се изгубил. Тое е и единствениот случај од евангелието во кој се опишува животот на Исус помеѓу раѓањето и крстењето.(Лука 2:41–52). По евангелието на Марко, Исус бил нарекуван дрводелец. Според тоа, се смета дека Исус во своите триесет години бил столар, занает кој го водил со својот татко Јосиф (Марко 6:3, Матеј 13:55).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]