Фолклорот на Финска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Фолклорот на Финска се однесува на традиционалните и народни практики, технологии, верувања, знаење, ставови и навики во Финска. Финската народна традиција, односно фолклор вклучува широк обем на финската традиционална народна култура, вклучително, руралните традиции.

Според познатиот есеј на Алан Данди, фолклорот вклучува барем народни приказни и други вербални традиции, музика, традиционални предмети и згради, религија и верувања, како и кулинарска традиција. [1]


Народите во Финска[уреди | уреди извор]

Селанки во традиционален фустан од Руоколахти, источна Финска, во 1882 година
Фински народни танци

Јазик[уреди | уреди извор]


Фински фолк танчери облечени во народни носии
Руни пејачи во 1894 година.

Луѓето кои зборуваа фински се нарекуваат Финци но тие вклучуваат и субкултура на Финци кои зборуваат шведски јазик. Финскиот јазик не е индоевропски јазик и припаѓа на уралското семејство на јазици. Финците традиционално се поделени на подгрупи (heimo) според дијалектот, но овие групи имаат само мало значење поради урбанизацијата на 20 век и поради внатрешната миграција.

Старо верување[уреди | уреди извор]

Религијата започнала како паганство, митологија и магија. Традициите биле делумно домородни, но и под влијание на балтичкото и нордиското паганство. Магиското пеење и обожувањето на мечката се карактеристични обележја на старата религија. Пред христијанизација во 11 век, финскиот паганизам бил основната религија. Финците се блиски до природата и земјоделските корени се вградени во руралниот животен стил. Финците, исто така ја вреднуваат традицијата и се идентификуваат по етничка припадност или клан.

Субкултури[уреди | уреди извор]

Субкултурите биле дел од финската историја. Најголемата субкултура се Финците кои зборуваат шведски. Во

Лапландскиот регион на север, (Лапонија) живее населението Сами (Лапонци). До околу 1500 година, Самите биле главно рибари и трапери, со номадски животен стил. Тие традиционално ги организираат своите општества поинаку од Финците поради нивниот номадски начин на живот. Нивниот мајчин јазик не е фински, туку е еден од трите лапонски јазици што се зборуваат во Финска.

Усна поетска традиција[уреди | уреди извор]

Усната традиција се пренесувала од генерација на генерација. Таа вклучува бајки, народна мудрост, поговорки и поезија. Поезијата во "Калевала" е лесна да се запомни поради нејзината метрика, повторливите делови и алитерација.[2]

Собирањето народна поезија, почнувајќи од 19-тиот век, резултирало со најголема светска поетска архива, чија картотека брои околу 2,2 милиони записи. Овие собрани збирки биле финансирани од Финското литературно друштво[3] кое меѓу другите, ги спонзорирала и десетте патувања на собирачот Елиас Ленрот[4]. Тој ги уредувал песните и со другите ги собрал во националниот еп Калевала и Кантелетар и објавил збирки фински бајки и загатки. [5]

Народна музика и танци[уреди | уреди извор]

Голем дел од народната музиката на Финска е под влијание на традиционалните карелијански мелодии и текстови, како оние во Калевала. Карелијанската култура се смета за најчистиот израз на финските митови и верувања, малку под германско влијание. Финската народна музика имала коренито заживување во последните неколку децении дотолку што станува дел од популарната музика, како примерот на групата Вартина.

Лапонската музика е застапена во северна Финска, Шведска и Норвешка. Лапонците се познати првенствено по високо духовните песни наречени јојк.

Фолклорни фигури[уреди | уреди извор]

Јулупуки е финска божиќна фигура. Името буквално значи "Божикна коза". Од овој стар скандинавски обичај фигурата на крајот станала повеќе или помалку поврзана со Дедо Мраз[6]

Традиционални објекти и предмети[уреди | уреди извор]

Еден од најпознатите предмети како дел од финската традиција е сауната која била дел од финските древни традиции.[7]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „What is folklore“. University Library of University of Illinois at Urbana-Champaign. конс. 2015-10-17. 
  2. „Kalevalamitta“ (Finnish). Kalevalaseura. конс. 2015-10-17. 
  3. „Keisari lahjoitti tontin Suomen kielen talolle“ (Finnish). Helsingin Sanomat. конс. 2015-10-17. 
  4. Laaksonen, Pekka; Lonnrot, Elias; Fromm, Lore; Fromm, Hans (1971 г). Kalevala. Das finnische Epos des Elias Lonnrot. „Jahrbuch für Volksliedforschung“ том  16: 260. doi:10.2307/847114. ISSN 0075-2789. http://dx.doi.org/10.2307/847114. 
  5. „Lönnrot, Elias (1802 - 1884)“ (Finnish). Suomalaisen Kirjallisuuden Seura. конс. 2015-10-17. 
  6. „How did Finland get Santa Claus ?“. almondella (Finnish). конс. 2015-10-17. 
  7. „Bare facts of the Sauna“. This is Finland. конс. 2015-10-17.