Стрелиција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стрелиција
Strelitzia larger.jpg
Видот кралска стрелиција
Научна класификација
Царство: Plantae
Оддел: Angiosperms
Класа: Monocots
Ред: Zingiberales
Семејство: Strelitziaceae
Род: Strelitzia
Биномен назив
Strelitzia reginae
A.

Стрелиција (науч. Strelitzia) — род од пет вида повеќегодишни растенија, со потекло од Јужна Африка. Припаѓа на растителното семејство Strelitziaceae.[1] Родот го носи името на војводството Мекленбург-Стрелиц, родното место на кралицата Шарлот од Велика Британија. Вообичаено име на родот е рајско цвеќе / цветот рајска птица, поради сличноста на нејзините цвеќиња со рајските птици.

Некои видови се широко одгледувани како украсни растенија на отворено, а некои на затворено во саксии. Стрелицијата е зимзелено растение, која во своето природно живеалиште расте како диво растение. Нивните лисја се како лисја од банана, а пламениот цвет е како глава на рајска птица.[2]

Опис[уреди | уреди извор]

Видот николајска стрелиција е најголем во родот, достигнувајќи 10 метри висина, со одлични бели и сини цвеќиња; другите видови обично достигнуваат висина од 2 до 3,5 метри. Тие се повеќегодишни растенија, со дрвенести стебла или тревни без стебла, формирајќи густи групи на бројни ластарки. Лисјата се големи и долги 30 — 200 см и широки 10 — 80 см распоредени спротивно во два реда во една рамнина, формирајќи „вентилатор“. Цветовите се спектакуларни, со специфична форма.[3]

Размножување[уреди | уреди извор]

Тие се опрашуваат од нектарниците (сончеви птици). Стрелицијата нема природни опрашувачи како инсекти; затоа во области без нектарници, на растенијата од овој род обично им е потребно рачно опрашување со цел успешно да има семе.[4]

Видови[уреди | уреди извор]

Пет вида се препознаваат:[5]

  • Strelitzia alba (бела стрелиција)
  • Strelitzia caudata (планинска стрелиција)
  • Strelitzia nicolai (николајска стрелиција)
  • Strelitzia reginae (кралска стрелиција)
  • Strelitzia juncea

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Tropical Flower Guide“. Архивирано од изворникот на 2012-10-14. Посетено на 30 ноември 2012.
  2. „Our House Plants - Bird of Paradise“. Посетено на 18 јули 2014.
  3. Eliovson, Sima (1981). Shrubs, trees, and climbers. Macmillan South Africa. ISBN 0-86954-011-4. Посетено на 2009-09-12.
  4. Ogren, Thomas (2015). The Allergy-Fighting Garden. Berkeley, CA: Ten Speed Press. стр. 200. ISBN 978-1-60774-491-7.
  5. Cron, Glynis V.; Pirone, Cary; Bartlett, Madelaine; Kress, W. John; Specht, Chelsea (2012). „Phylogenetic Relationships and Evolution in the Strelitziaceae (Zingiberales)“. Systematic Botany. 37 (3): 606–619. doi:10.1600/036364412X648562. S2CID 17046806.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]