Саксија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Керамичка саксија

Саксија — сад во кој се чува земја и растение. На дното има дупка, така што вишокот вода може да излезе во посебен сад направен за таа намена, кој е во облик на чинија. Традиционално, саксиите биле изработувани од керамика, а денес тие сè почесто се прават од пластика, а во последно време и од биоразградливи материјали. Садовите се користат за различни намени:

  • одгледување украсни растенија
  • транспортирање на растенија на нова локација
  • одгледување садници
  • одгледување деликатни растенија во области со студена клима.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Низ вековите, употребата на саксиите влијаела на хортикултурната употреба на растенијата. Египќаните биле меѓу првите кои користеле саксии за транспорт на растенија од една до друга локација. Римјаните ги внесувале саксиите со засадени растенија внатре, кога времето било студено. При откривање на нови делови од светот и нови растенија, саксиите се користеле за транспорт на нови култури во другите делови на светот.[2]

Занимливости[уреди | уреди извор]

Во Атина во периодот помеѓу 371 и 287 г. пр. н. е., саксии со растенија биле фрлани во морето за време на фестивалот во чест на Градината на Адонис. Растението, кое го нарекле јужно дрво, се одгледувало во саксии, бидејќи било тешко да се одгледува во природата.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Etaerio - A Plant News Weblog: The History of the Flowerpot“. Ubcbotanicalgarden.org. 7. 9. 2004. Архивирано од изворникот на 24. 5. 2010. Посетено на 22. 4. 2010.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archive-date= (help)
  2. „In praise of the flowerpot / The Christian Science Monitor“. CSMonitor.com. 18. 8. 2004. Посетено на 22. 4. 2010.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  3. Birch, Samuel (1858). History of Ancient Pottery. J. Murray. стр. 202.

Литература[уреди | уреди извор]