Рајски птици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рајски птици
Lesser Bird of Paradise.jpg
Видот мала рајска птица
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Passeriformes
Семејство: Paradisaeidae

Рајски птици (науч. Paradisaeidae) — семејство на птици кои припаѓаат на редот врашчевидни. Вкупно има 45 видови, од кои 38 се наоѓаат само во Нова Гвинеја и соседните острови Индонезија и Источна Австралија [1]

Распространетост[уреди | уреди извор]

Живеат во тропските дождовни шуми на Австралија и Нова Гвинеја. Нова Гвинеја често се нарекува „Остров на рајските птици“, бидејќи поголем дел од птиците живеат тука На грбот на Папуа Нова Гвинеја е рајска птица.[2]

Изглед[уреди | уреди извор]

Кога ќе ги видите прекрасните пердуви на овие птици, а исто така и нивното однесување за време на парењето, лесно е да се разбере зошто овие птици го добиле своето име рајски птици. Во исто време, особено мажјаците го привлекуваат вниманието со своите екстремно шарени пердуви и како ги шират за време на додворувањето со женките. Веројатно не постои боја што не се појавува барем кај некои видови на овие птици (само 43 познати видови живеат во Нова Гвинеја, со одредена веројатност дека, поради отежнатиот пристап до долините на ридовите и планините на овој остров, таму сè уште е непознат вид за науката). Женките честопати се помалку видливи од мажите, но не секогаш. Исто така, постојат видови во кои не постои целосен диморфизам.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ligon, Russell A.; Diaz, Christopher D.; Morano, Janelle L.; Troscianko, Jolyon; Stevens, Martin; Moskeland, Annalyse; Laman, Timothy G.; Iii, Edwin Scholes (2018-11-20). „Evolution of correlated complexity in the radically different courtship signals of birds-of-paradise“. PLOS Biology (англиски). 16 (11): 9. doi:10.1371/journal.pbio.2006962. ISSN 1545-7885. PMC 6245505. PMID 30457985.
  2. „Birds of Paradise | National Geographic“. Animals (англиски). 2010-04-11. Посетено на 2021-04-10.
  3. Irested, Martin; Jønsson, Knud A; Fjeldså, Jon; Christidis, Les; Ericson, Per GP (2009). „An unexpectedly long history of sexual selection in birds-of-paradise“. Evolutionary Biology. 9 (235). doi:10.1186/1471-2148-9-235.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]