Стенфордски затворски експеримент

Од Википедија — слободната енциклопедија
Плоча на местоположбата на Стенфордскиот затворски експеримент

Стенфордски затворски експеримент, познат и како Стенфордски затворски опит — познат психолошки експеримент што го спровел американскиот психолог Филип Зимбардо во 1971 г. Неговата цел е да ги проучува реакциите на луѓето во состојба на ограничена слобода, во услови на затворски живот и влијанието на наметнатата општествена улога врз однесувањето. Негативната средина што Зимбардо ја избрал за да ги испита своите идеи е затвор. Тој го претворил подрумот на Катедрата за психологија на Стенфордскиот универзитет во подземна зандана, ставајќи врати слични на затвор на трите канцеларии таму, и не оставил ништо друго освен три кревети во „ќелиите“. Како место за казнување на „затворениците“ била одредена мала темна соба наречена „дупка“.[1]

Учесниците во опитот биле студенти собрани со оглас. 24 од нив биле избрани од Зимбардо по тест за проверка на луѓето со можни душевни отстапувања. Тие добиваат 15 долари на ден откако по случаен избор ќе бидат назначени да бидат или „чувари“ или „затвореници“. Учесниците се „уапсени“ со доброволна помош на месната полиција (на барање на Зимбардо за експериментот и за поголема доверливост) и ставени во „затвор“. Сите „чувари“ мораат да носат униформи и сребрени одбивачки сончеви очила. На овој начин нивните очи не се гледаат. Така, Зимбардо верува дека дел од „човечкото“ во нив, од она што ги прави „луѓе“ е изгубено. Неговата цел е да создаде чувство на моќ, бидејќи — смета тој — чуварите се луѓе со моќ над другите, во овој случај — врз затворениците.[2]

Покрај спроведувањето на опитот, Зимбардо ја презел улогата на затворски управник. Неговата народба до чуварите е да го одржуваат законот и редот и ако некој затвореник избега, ќе го прекине експериментот. На „чуварите“ тој не им дозволува да користат сила, туку да најдат секакви начини да создадат чувство на страв и контрола врз нивните животи. Самите „затвореници“ се внесени во занданата со врзани очи за да бидат збунети. Таму се соблечени и исчистени. Веќе во овој миг, Зимбардо известува дека „чуварите“ почнуваат да се потсмеваат и да ги понижуваат „затворениците“, што тој го определува како „почеток на процесот на понижување“, кој се забележува според него не само во затворите, туку исто така и во многу касарни.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Bekiempis, Victoria (August 4, 2015). „What Philip Zimbardo and the Stanford Prison Experiment Tell Us About Abuse of Power“. Newsweek.
  2. Le Texier, Thibault (October 2019). „Debunking the Stanford Prison Experiment“. The American Psychologist. 74 (7): 823–839. doi:10.1037/amp0000401. PMID 31380664.
  3. „The Stanford Prison Experiment was massively influential. We just learned it was a fraud“. June 13, 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Stanford Prison Experimen — Страница со информации за опитот и неговото влијание