Прејди на содржината

Список на претседатели на Франција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Елисејската палата е резиденција на претседателот на Франција од Втората република.

Претседателот на Франција е шеф на државата на Франција. За прв носител на оваа функција се смета Луј-Наполеон Бонапарта, кој бил избран во 1848 година и извел државен удар во 1851 година, за подоцна да се прогласи за цар како Наполеон III. Неговиот државен удар, кој се покажал популарен бидејќи барал враќање на општото право на глас за мажите, претходно укинато од законодавниот дом, даде цврста основа на новооснованото Второ Царство. Републичкиот режим повторно воведен во 1870 година со Третата Република, по падот на Наполеон III. Референдумот од 1962 година одржан за време Петтата Република на барање на претседателот Шарл де Гол го променил изборот на претседател на Франција од електорски колегиум на гласање на народот. Оттогаш се одржани единаесет претседателски избори. 25. и сегашен носител на функцијата е Емануел Макрон од 14 мај 2017 година (втор мандат од 14 мај 2022). Функцијата ја извршуваа 25 претседатели со вкупно 29 мандати. Околу Втората светска војна функцијата ја извршувале вршители на должност.

Бр. Портрет  Име Период на владеење Политичка партија
Втора Република (1848—1852)
1 Луј Наполеон Бонапарта 20 децембар 1848 2 децембар 1852 Бонапартист
1848
Трета Република (1875—1940)
2 Адолф Тјер 31 август 1871 24 мај 1873 Умерена монархистичка партија
3 Патрис де Мак Маон 24 мај 1873 30 јануари 1879 Монархистичка
4 Жил Греви 30 јануари 1879 2 декември 1887 Опортунистички републиканец
5 Сади Карно 3 декември 1887 25 јуни 1894 Опортунистички републиканец
6 Жан Казимир-Перие 27 јуни 1894 17 јануари 1895 Опортунистички републиканец
7 Феликс Фор 17 јануари 1895 18 февруари 1899 Опортунистички републиканац
8 Емил Лубе 18 февруари 1899 18 февруари 1906 Демократско-републикански сојуз
9 Арман Фалиер 18 февруари 1906 18 февруари 1913 Демократско-републикански сојуз
10 Ремон Поенкаре 18 февруари 1913 18 февруари 1920 Демократско-републикански сојуз
11 Пол Дешанел 18 февруари 1920 21 септември 1920 Демократско-републикански сојуз
12 Александр Милеран 23 септември 1920 13 јуни 1924 Независен
13 Гастон Думерг 13 јуни 1924 13 јуни 1931 Радикално-социјалистичка и Радикална републиканска партија
14 Пол Думер 13 јун 1931 7 мај 1932 Независен
15 Албер Лебрен 10 мај 1932 11 јули 1940 Демократски сојуз
Вишиевска Република (1940—1944)
- Маршал

Филип Петен

11 јули 1940 20 август 1944 Француска милиција
1940
Слободна Франција (1940—1944)
- Бригаден генерал

Шарл де Гол

18 јуни 1940 3 јуни 1944 Силите на Слободна Франција
1940
Привремена влада (1944—1946)
- Бригаден генерал

Шарл де Гол

3 јуни 1944 26 јануари 1946 Независен
1944
- Феликс Гуен 26 јануари 1946 24 јуни 1946 Француска секција на Работничката интернационала
1945
- Жорж Бидо 24 јуни 1946 28 ноември 1946 Популарно републичко движење
1946
- Венсан Ориол 28 ноември 1946 16 декември 1946 Француска секција на Работничката интернационала
1946
- Леон Блум 16 декември 1946 16 јануари 1947 Француска секција на Работничката интернационал
1946
Четврта Република (1947—1959)
16 Венсан Ориол 16 јануари 1947 16 јануар 1954 Француска секција на Работничката интернационала
1947
17 Рене Коти 16 јануари 1954 8 јануари 1959 Национален центар на независните и селаните
1953
Петта Република (1959 —)
18 Шарл де Гол 8 јануари 1959 28 април 1969 Унија за нова република
19 1958 1965 Унија на демократите за Република
- Ален Поер 28 април 1969 20 јун 1969 Демократски центар
20 Жорж Помпиду 20 јуни 1969 2 април 1974 Унија на демократите за Република
1969
- Ален Поер 2 април 1974 27 мај 1974 Демократски центар
21 Валери Жискар Д'Естен 27. мај 1974. 21. мај 1981. Републиканска партија
1974 Унија за француска демократија
22 Франсоа Митеран 21 мај 1981 17 мај 1995 Социјалистичка партија
23 1981, 1988
24 Жак Ширак 17 мај 1995 16 мај 2007 Трка за Републиката
25 1995, 2002 Унија за народното движење
26 Никола Саркози 16 мај 2007 15 мај 2012 Унија за народно движење
2007
27 Франсоа Оланд 15 мај 2012 14 мај 2017 Социјалистичка партија
2012
28 Емануел Макрон 14 мај 2017 Во тек Преродба
29 2017, 2022

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]