Јохан Петер Екерман: Разлика помеѓу преработките

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Додадени 775 бајти ,  пред 1 година
→‎Животопис: дополнување
(дополнување)
(→‎Животопис: дополнување)
 
Набргу по доаѓањето во [[Гетинген]], Екерман му испратил на Гете примерок од својата поетска збирка, а во 1823 година му го испратил и својот ракопис „Прилози кон поезијата“ (''Beiträge zur Poesie''), со молба да му помогне да најде издавач. Откако разбрал дека Гете имал убаво мислење за неговите дела, во мај 1823 година, Екерман заминал пеш во [[Вајмар]] со намера лично да се запознае со Гете.<ref>„Увод“, во: J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Rad, Beograd, 1960, стр. 107-108.</ref> <ref>[https://theoryofcolor.org/Physical+Colours#footnotenotel Goethe's Theory of Colours, Part II: Physical Colours, Eastlake's Note L]</ref> Таму, Екерман работел како приватен учител при што во текот на девет години му бил личен секретар на Гете,<ref>J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Rad, Beograd, 1960, стр. 85.</ref> а неколку години му бил учител на синот на големиот [[војвода]]. Во 1830 година заминал на пат низ [[Италија]], заедно со синот на Гете. Во 1838 година бил назначен за војводски советник и библиотекар на војвотката.{{sfn|Chisholm|1911|p=885}}
 
Екерман му останал верен на Гете и по неговата смрт, кога се зафатил со редактирање на книжевното наследство на Гете и со објавувањето на посмртното издание на Гетеовите целокупни дела. Инаку, Екерман не бил платен за својата работа како секретар на Гете, така што умрел во голема [[сиромаштија]] која пред крајот на животот му го попрачила умот.<ref>E. K., „Pogovor“, во: J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Beograd: Rad, 1960, стр. 116.</ref>
 
==Творештво==

Прегледник