Базелските ѕвона: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-рентген +рендген)
 
Ред 11: Ред 11:


==Осврт кон романот==
==Осврт кон романот==
Во својата критика на романот, напишана во 1936 година, [[Бруно Шулц]] ги определува „Базелските ѕвона“ како прв обид во новиот стил на пишување на Арагон, наречен [[социјалистички реализам]]. Притоа, тој го оценува романот како „донекаде, сензационална книга“, во која Арагон пишува со проникливост на [[Рендгенски зраци|рентгенски зрак]], продира длабоко во ткивото на животот, а тоа го прави конкретно, сувопарно и хроничарски. Арагон застапува [[Марксизам|марксистички]] гледишта и ја поставува [[Класна борба|класната борба]] како длабока основа на сите појави во општествениот живот. Од неговиот роман како да допира татнежот на историјата. Арагон мајсторски умее да ја прикаже јаловоста на времето и безизлезноста на епохата. Но, наспроти хроничарскиот тон, во романот има голема доза на епска воздишка и историски патос.<ref>„Базелските ѕвона“, во: Бруно Шулц, ''Митизација на реалноста''. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 98-105.</ref>
Во својата критика на романот, напишана во 1936 година, [[Бруно Шулц]] ги определува „Базелските ѕвона“ како прв обид во новиот стил на пишување на Арагон, наречен [[социјалистички реализам]]. Притоа, тој го оценува романот како „донекаде, сензационална книга“, во која Арагон пишува со проникливост на [[Рендгенски зраци|рендгенски зрак]], продира длабоко во ткивото на животот, а тоа го прави конкретно, сувопарно и хроничарски. Арагон застапува [[Марксизам|марксистички]] гледишта и ја поставува [[Класна борба|класната борба]] како длабока основа на сите појави во општествениот живот. Од неговиот роман како да допира татнежот на историјата. Арагон мајсторски умее да ја прикаже јаловоста на времето и безизлезноста на епохата. Но, наспроти хроничарскиот тон, во романот има голема доза на епска воздишка и историски патос.<ref>„Базелските ѕвона“, во: Бруно Шулц, ''Митизација на реалноста''. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 98-105.</ref>


== Наводи ==
== Наводи ==

Последна преработка од 14:25, 9 октомври 2017

Базелските ѕвона (француски: Les cloches de Bâle) - роман на францускиот писател Луј Арагон.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Романот претставува пресек на традицијата на француското општество во последните дваесеттина години пред Првата светска војна. Во првата книга се опишува историјата на еден скандал во француското општество во чиј центар се наоѓа Дијана де Нетанкур, жена со успешна кариера во Париз, благодарение на убавината и еротската рафинираност. Менувајќи ги љубовниците, на крајот таа завршува во постелата на Брујон, криминален тип кој врши нечисти работи за својот шеф, Виснер. Во домот на Брунел извршува самоубиство еден од неговите должници, а непријателите на Виснер од тоа прават првокласен скандал. Кампањата ја води екстремното десничарско движење „Француска акција“, но Винсер успева да ја запре акцијата против него. За несреќа, генералот Дорш ја открива позадината на настанот, па Виснер мора да го жртвува компромитираниот Брунел, по што Дијана се разведува од него.

Во вториот дел се опишува средината во која се мешаат различни општествени слоеви. Катерина Симониѕе, ќерка на нафтен индустријалец од Баку, живее со мајка ѝ, која живее авантуристички живот по скапите хотели на Француската ривиера, но која одржува романси и со револуционерите. И Катерина се заразува со романтичните револуционерни страсти и во неа се јавува стремежот за ослободување на жената при што низ еротските авантури таа талка низ повеќе идеологии. Одредено време, Катерина е опчинета од анархистот Либертад, кој подоцна е убиен, а таа ги менува мажите.

Во третиот дел се опишуваат бројни историски настани во Франција и во Европа, во периодот 1911-1912: испреплетувањето на интересите и политиките, класната борба, штрајкот на шоферите во Париз итн. Во тие настани се вплеткани владата, политичарите и полицијата, а сиет се марионети во рацете на злосторниците, како Кенел и Виснер или поситните сплеткари како Де Хутен, кој со помош на полицијата успева да испровоцира терористичка акција со цел да го искомпромитира штрајкот во јавноста.

Последниот дел, во обем од петнаесетина страни, е насловен „Клара Цеткин“, по името на германската социјалистка, и претставува лирски епилог на романот.[2]

Осврт кон романот[уреди | уреди извор]

Во својата критика на романот, напишана во 1936 година, Бруно Шулц ги определува „Базелските ѕвона“ како прв обид во новиот стил на пишување на Арагон, наречен социјалистички реализам. Притоа, тој го оценува романот како „донекаде, сензационална книга“, во која Арагон пишува со проникливост на рендгенски зрак, продира длабоко во ткивото на животот, а тоа го прави конкретно, сувопарно и хроничарски. Арагон застапува марксистички гледишта и ја поставува класната борба како длабока основа на сите појави во општествениот живот. Од неговиот роман како да допира татнежот на историјата. Арагон мајсторски умее да ја прикаже јаловоста на времето и безизлезноста на епохата. Но, наспроти хроничарскиот тон, во романот има голема доза на епска воздишка и историски патос.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бруно Шулц, Митизација на реалноста. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 98.
  2. „Базелските ѕвона“, во: Бруно Шулц, Митизација на реалноста. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 98-105.
  3. „Базелските ѕвона“, во: Бруно Шулц, Митизација на реалноста. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 98-105.