Прва македонско-косовска ударна бригада: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
сНема опис на уредувањето |
|||
Ред 22: | Ред 22: | ||
| notable_commanders=[[Петар Брајовиќ]] |
| notable_commanders=[[Петар Брајовиќ]] |
||
}} |
}} |
||
'''Првата македонско-косовска ударна бригада''' била формирана на 11 |
'''Првата македонско-косовска ударна бригада''' била формирана на 11 ноември 1943 година во село [[Сливово]], [[Дебарца]]. Бригадата се состоела од: Батаљонот „Мирче Ацев“, Кичевскиот батаљон, Првиот косовски батаљон „Рамиз Садику“ и Вториот косовски батаљон „Боро Вукмировиќ“. |
||
Освен [[Македонци]], во редовите на бригадата се бореле и [[Срби]], [[Црногорци]], [[Албанци]], [[Словенци]]. |
Освен [[Македонци]], во редовите на бригадата се бореле и [[Срби]], [[Црногорци]], [[Албанци]], [[Словенци]]. |
Преработка од 16:52, 10 ноември 2015
Прва македонско-косовска ударна бригада | |
---|---|
Борци на Првата македонско-косовска бригада во Февруарскиот поход, 1944 | |
Активна | 11 ноември 1943 – 24 јуни 1944 |
Големина | 800 борци |
Битки | Февруарски поход Пролетна офанзива |
Одликувања | |
Команданти | |
Истакнати команданти | Петар Брајовиќ |
Првата македонско-косовска ударна бригада била формирана на 11 ноември 1943 година во село Сливово, Дебарца. Бригадата се состоела од: Батаљонот „Мирче Ацев“, Кичевскиот батаљон, Првиот косовски батаљон „Рамиз Садику“ и Вториот косовски батаљон „Боро Вукмировиќ“.
Освен Македонци, во редовите на бригадата се бореле и Срби, Црногорци, Албанци, Словенци.
Формирање на бригадата
Со цел формирање на бригадата, двата македонски и двата косовски батаљони биле концентрирани во Сливово уште на 10 ноември 1943 година. Наредниот ден, на 11 ноември, во претпладневните часови, членот на Врховниот штаб и делегат на ЦК на КПЈ, Светозар Вукмановиќ - Темпо, одржал говор по повод формирањето на бригадата. За командант бил поставен Петар Брајовиќ, за заменик командант Чеде Филиповски - Даме, за политички комесар Мита Миљковиќ и за заменик политички комесар Вера Ацева.
Во редовите на бригадата скоро 22% биле членови на КПЈ, а повеќе од 50% од младите биле членови на СКОЈ. Голем број од борците биле жени.
Почетни дејствија
Веднаш после формирањето, бригадата водела борби против германските и балистичките единици на теренот на Кичево и против бугарските единици на подрачјето на Крушево, Ресен и Охрид. Во почетокот на декември водела одбранбени борби против германско-балистичките единици кои концентрично напаѓале од Кичево, Дебар и Струга на слободната територија во Дебарца, каде се наоѓал и Централниот комитет на КП на Македонија и Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.
Под притисок на надмоќните германско-балистички единици, бригадата заедно со Главниот штаб и ЦК на КПМ извршила марш преку планината Галичица и Албанија и на 13 декември 1943 година пристигнала во Меглен, Егејска Македонија. По заминувањето на бригадата слободната територија во Дебарца повторно била окупирана од страна на Германците и балистите, при што биле запалени селата Мраморец, Турје и Сливово.
Февруарскиот поход
Пролетна офанзива
Од групата македонски батаљони на 8 јуни 1944 година формирана е Првата македонска ударна бригада, а од групата косовско-метохиски батаљони на 24 јуни 1944 била формирана Првата косовско-метохиска бригада.