Разлика помеѓу преработките на „Конфучијанство“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
с
нема опис на уредувањето
с
с
Првиот вистински конфучијански систем е создаден од неговите ученици или од учениците на неговите ученици. Во текот на плодниот период на философијата во Кина, конфучијанството го развиле во етичка и политичка доктрина личности како [[Менг-це]] и [[Сјин-це]] (да не се меша со [[Сун Це]]). Менг-це го збогатил ова учење со тврдењето дека природата на човекот во својата суштина е добра, за разлика од Сјин-це, кој го тврдел спротивното дека човечката природа е лоша и затоа е потребно да бидат учени и изложени на обреди.
 
Некои од учениците на Сјин-це, како [[Хан Феј]] и [[Ли Сји]] станале легалистилегисти (еден вид ран [[тоталитаризам]], сосема различен од учењето на конфучијанството).
 
Конфучијанството онакво какво што опстојало до [[XIX век|XIX]] и [[XX век]], главно доаѓа од школите на [[неоконфучијанство]]то, предводено од [[Чу Сји]]. Неоконфучијанството ги комбинира идеите на [[таоизам|таоизмот]] и [[будизам|будизмот]] со постоечките конфучијански идеи, и со тоа се претвора во покомплетен систем на [[метафизика]]та. Во исто време, многу форми на конфучијанството историски се декларирале како спротивни на системот на верувања на будизмот и таоизмот.
{{cquote|Води ги луѓето со административни налози и постави ги на своите места со „[[кривичен закон]]“, и тие ќе ги избегнуваат казните, но нема да имаат чувство за срам. Води ги со одличност и постави ги на своите места со обреди, тогаш кај нив ќе се развие чувството за срам и самите ќе се доведат во ред. (''Аналекти'' II, 3)}}
 
Погорниов цитат ја објаснува суштинската разлика меѓу [[легализамлегизам|легализмотлегизмот]] и [[ритуализам|ритуализмот]], како и меѓу европското и источно-азиското општество.
 
Како што се случува со [[превод]]ите на древни текстови, така и за овие текстови преводите се разликуваат во зависност од гледната точка на преведувачот. Некои преводи од [[XVIII век]], поимот „[[обред]]“ го преведуваат со „[[ритуал]]“ во смисла на религиозно [[жртвување]]. Сепак, поимот „обред“ може да се сфати како изнаоѓање баланс меѓу спротивставени квалитети, кои инаку би воделе кон конфликт. Ритуалот ги дели луѓето на категории и гради хиерархиски врски преку церемонии и протоколи.

Прегледник