Славе Ѓорѓо Димоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Славе Ѓорѓо Димоски
Роден/а18 март 1959
Македонија Велестово, Македонија
ЗанимањеПоет

Славе Ѓорѓо Димоски — [[Маhttp://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Славе_Ѓорѓо_Димоски&action=submitкедонци|македонски[мртва врска]]] поет, есеист и културен деец.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Славе Ѓорго Димоски е роден во 1959 во Велестово, дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Живее во Охрид. Работи како наставник по македонски јазик и литература. Пишува поезија за деца и возрасни. Застапуван е во многу антологии и преведуван на неколку десетици јазици (англиски, руски, српски, латвиски и други).[2][3][4]

Димоски е основач на поетскиот фестивал „Поетска ноќ во Велестово“ која традиционално се организира секое лето во неговото родно село. Исто така, тој е директор е на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“.[5]

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Гравири (1979)
  • Проект (1982)
  • Студен порив (1985)
  • Последните ракописи (1988)
  • Спореден пат (1991)
  • Предмети и аргументи (1994)
  • Анабаза (1994)
  • Форми на страста (1998 и 1999)
  • Темно место (1999)
  • Мерач на зборовите (2007)
  • Поле. Бојно поле? (2008)
  • Мајчин јазик
  • Поезија-ткаења (2014)

На 25 јули 2014 година, во рамките на фестивалот "Охридско лето", во Домот на културата "Григор Прличев" во Охрид, по повод 35 годишнината од неговото поетско творештво била промовирана книгата "Поезија-ткаења", која ги содржи десетте збирки поезија на Димоски. Истовремено, на промоцијата бил прикажан и документарниот филм "Поет на мал народ" од Антонио Велјаноски, посветен на творештвото на Димоски.[6]

Награди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 73.
  2. Песни на охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски објавени во престижното списание „Поетска планета“
  3. Поезија на Славе Ѓорго Димоски објавена во меѓународна публикација во Латвија
  4. Препеви од поетот Ѓорго - Димоски објавени во индиско списание
  5. Славе Ѓорго Димоски е новиот претседател на Управниот одбор на СВП, Утрински весник, 14.10.2008
  6. "35 години творештво на Ѓорго Димоски собрани во поетска книга", Дневник, година XVIII, број 5525, петок, 25 јули 2014, стр. 21.
  7. „Охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски добитник на годинешното највисоко општинско признание“. Архивирано од изворникот на 2012-12-08. Посетено на 2013-02-25.
  8. Орден „Сергеј Есенин“ за охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски
  9. Промоција на Кумова слама од Славе Ѓ. Димоски наградена со Антево перо