Прејди на содржината

Самјуел Ето

Од Википедија — слободната енциклопедија
Самјуел Ето
Лични податоци
Полно име Самјуел Ето Фис[1]
Роден на 10 март 1981(1981-03-10)(44 г.)
Роден во Дуала, Камерун[2]
Држава Камерун Камерун
Висина &100000000000001800000001,80 м[3][4]
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 2019 (38 г.)
Младинска кариера
1992–1996 Каџи Спорт Академија
1996–1997 Реал Мадрид Реал Мадрид
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1997–2000 Реал Мадрид Реал Мадрид 3 (0)
1997–1998Леганес Леганес 30 (4)
1999Еспањол Еспањол 0 (0)
2000–2004 Мајорка Мајорка 133 (54)
2004–2009 Барселона Барселона 145 (108)
2009–2011 Интер Интер 67 (33)
2011–2013 Анжи Анжи 53 (25)
2013–2014 Челси Челси 21 (9)
2014–2015 Евертон Евертон 14 (3)
2015 Сампдорија Сампдорија 18 (2)
2015–2018 Анталијаспор Анталијаспор 76 (44)
2018 Конијаспор Конијаспор 13 (6)
2018-2019 СК Катар СК Катар 17 (6)
Репрезентација
2000 Камерун Камерун (олимп.) 6 (1)
1997–2014 Камерун Камерун 118 (56[5])
Раководител на екипите
2015–2016 Анталијаспор Анталијаспор

Самјуел Ето (Англиски јазик:Samuel Eto'o) е камерунски фудбалер кој моментално настапува за турскиот клуб Анталијаспор. Тој е еден од најдобрите африкански фудбалери кој бил четири пати играч на годината во Африка, но и трет на списокот на ФИФА за најдобар играч на годината во 2005 година. Тој бил избран како трет играч на светот во 2005 година.

Ето постигнал повеќе од 100 голови во пет сезони за Барселона, но исто така тој е рекордер по брајот на настапи во Ла лига, како африкански фудбалер.[6] Во 2010 година тој станал прв играч кој ја освоил тројната круна, две години по ред, со Барселона и Интер. Тој е вториот играч во историјата кој постигнал два гола во две финалиња на Лигата на шампионите и четврти играч по Марсел Десаи, Пауло Соуса и Жерар Пике, кој ја освоил Лигата на шампионите две години по ред, со два различни тимови.[7]

Како член на камерунската фудбалска репрезентација, Ето бил дел од тимот кој ги освоил Летните олимписки игри 2000 година, на Олимписки турнир во фудбал. Тој, исто така, учествувал на четири Светски првенства и на шест Африкански првенства на нации (двапати е шампион) и е водечки стрелец во историјата на Африканскиот куп на нации, со 18 гола. Тој е, исто така и водечки стрелец на сите времиња за репрезентацијата на Камерун и трет по бројот на настапи.[5] , односно со 118 одиграни натпревари. На 27 август 2014 година објавил дека се пензионира од играњето во репрезентацијата. Во 2015 година, тој ја примил наградата Златна копачка. Во септември 2021 година, Самуел Ето, ја објави својата кандидатура за претседател на Камерунската фудбалска федерација (Фекафут).

  1. „Premier League Clubs submit Squad Lists“ (PDF). Premier League. 4 September 2013. стр. 8. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-10-08. Посетено на 5 September 2013.
  2. „Samuel Eto'o Fils“. FC Internazionale Milano. Архивирано од изворникот на 2009-07-31. Посетено на 12 January 2009.
  3. „Samuel Eto'o Fils“. fcbarcelona.cat.
  4. http://www.chelseafc.com/first-team/player/28608/title/samuel--eto'o
  5. 1 2 „Samuel Eto'o Fils - Century of International Appearances“. rsssf.com. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 3 June 2016.
  6. Phil Minshull (5 May 2008). „Eto'o sets La Liga record“. BBC Sport. Посетено на 5 May 2008.
  7. „FCBarcelona.cat“. fcbarcelona.com. Архивирано од изворникот на 2012-07-31. Посетено на 2017-06-21.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]