Робин Рајт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Робин Рајт
Robin Wright 2009.jpg
Рајт во 2009 година
Роден(а) Робин Гејл Рајт
 8 Април 1966 (51 години)
 Далас, Тексас, САД.
Други имиња Робин Рајт Пен
Занимање Актерка, продуцент
Активен 1983–се уште
Сопруга Дејн Витерспун
 (в. 1986; раз. 1988)
Шон Пен
 (в. 1996; раз. 2010)
Деца 2 (вклучувајќи ja Дајлан Пен)
Роднини Чарли Рајт (внук)

Робин Гејл Рајт (родена 8 Април 1966) - американска актерка и продуцент. Таа станува позната како Claire Underwood во политичката драма "House of Cards" на Netlflix, за кој таа доби Златен Глобус за најдобра актерка - телевизиски сериски драми во 2013, правејќи ја првата актерка што добила Златен Глобус за онлајн-телевизиска серија на интернет. Рајт има добиено последователни Primetime Emmy номинации во категоријата Извонредна главна глумица - Драма за "House of Cards" помеѓу 2013 и 2017 година.

Рајт за прв пат доби внимание за нејзината улога како Kelly Capwell во NBC оперската сапуница "Santa Barbara", од 1984 до 1988 година. Подоцна прави транзиција во филмови, како главен лик во романтичната комедија "The Princess Bride" (1987). Таа до сега ужива во својата успешна кариера во филмската индустрија, глумејќи во разни филмови, вклучувајќи ја романтичната комедија-драма "Forrest Gump" (1994), романтичната драма "Message in a Bottle" (1999), суперхеројската драма-трилер "Unbreakable" (2000), историската драма "The Conspirator" (2010), биографската спортска драма "Moneyball" (2011), мистериозниот трилер "The Girl with the Dragon Tattoo" (2011), биографската драма "Everest" (2015) и суперхеројскиот филм "Wonder Woman" (2017).

Ран живот[уреди | уреди извор]

Рајт е родена во Далас, Тексас, ќерка на Гејл, продавачка во козметички салон и Фреди Рајт, работник во фамацевтска компанија. Рајт пораснала во Сан Диего, Калифорнија. Таа учела во La Jolla средно училиште и во Taft средно училиште во Вудлен Хилс, Лос Анџелес.

Кариера[уреди | уреди извор]

Рајт во 2009 година, Меѓународниот Филмски Фестивал во Торонто

Рајт ја започна својата кариера како модел кога таа беше 14 години. На возраст од 18 години, таа ја одигра Kelly Capwell во NBC оперската сапуница Santa Barbara, за која таа доби и неколку Daytime Emmy Award номинации.

1980–2000: Транзиција во игран филм [уреди | уреди извор]

Таа премина во игран филм како Батеркап (Buttercup) во филмот "The Princess Bride" (1987). Таа доби критичко признание за нејзината улога како Џени Куран (Jenny Curran) во Forrest Gump (1994), добивајќи Златен Глобус и Screen Actors Guild номинации за Најдобра споредна женска улога.  

Во 1996 година таа глуми главна улога во филмската адаптација на Даниел Дефо - "Moll Flanders" (1996), за која таа доби Satellite Award номинација за Најдобра Актерка во Драма. Таа беше номинирана за Screen Actors Guild Award за Најдобра Актерка за нејзината улога во "She's so lovely" (1997), филм во кој таа глуми заедно со поранешниот сопруг (тогашен)  Шон Пен. Рајт ја доби својата трета номинација Screen Actors Guild Award за нејзината улога во телевизискиот филм "Empire Falls" (2005).

2013–тековно: Куќа на Карти, понатамошна филмска работа[уреди | уреди извор]

Рајт во 2017, Канскиот Филмски Фестивал

Од 2013, Рајт се појавува во политичката сериска драма "House of Cards" во улога на Claire Underwood на Netflix. На 12 јануари 2014 година, таа го освои Златниот глобус за таа улога, станувајќи првата актерка што ја доби наградата за онлајн-телевизиска серија на интернет; беше номинирана за истата награда следната година. Таа исто така има добиено  номинации за Primetime Emmy Award во 2013 и 2014 година за истата улога. Следната 4та сезона во 2016 година, Рајт изјави дека треба да е платена за нејзината улога како Claire Underwood исто толку како и нејзиниот колега Кевин Спејси кој ја игра улогата на Frank Underwood; Netflix се согласи. Во 2017 година, за нејзиното глумење во петтата сезона, Рајт беше номинирана по петти пат заPrimetime Emmy nomination за Главна Актерка - Драма.

Во 2017 година, Рајт ја игра улогата General Antiope во Wonder Woman (2017), заедно со Гал Гадот и Крис Пајн. Таа ќе ја повтори улогата во Justice League (2017). Ќе се појави во продолжението на филмот "Blade Runner", "Blade Runner 2049"

Личен живот[уреди | уреди извор]

Рајт со тогашниот сопруг Шон Пен во Септември 2006 

Од 1986 до 1988 година Рајт беше во брак со актерот Дејн Витерспун, кого таа се сретна во 1984 година на снимањето на сапунската опера "Santa Barbara".

Во 1989 година, Рајт беше во врска со Шон Пен по разведувањeто на него со Мадона. На Рајт и беше понудена улогата Lady Marian во филмот "Robin Hoodː Prince of Thieves" но ја одби, бидејќи била бремена. Ќерката на Рајт и Пен, Дајлан Францес е родена во Април 1991. Таа се повлече од улогата на Abby McDeere во "The Firm" (1993) поради нејзината бременост со своето второ дете. Синот на Рајт и Пен, Хопер Џек, е роден во август 1993 година.[се бара извор]

По раскинувањето и враќањето заедно, Рајт и Пен се венчале во 1996, и го промениla нејзиното име во Робин Рајт Пен. Нивната слаба врска, доведе до планови за развод, објавен во Декември 2007 година, но барањето за развод беше повлечено четири месеци подоцна по барање на парот. Во февруари 2009 година, Рајт и Пен заедно присуствуваа на Осумдесет и првото доделување на наградите Оскар заедно, на кој Пен доби награда за Најдобар Актер. Пен поднесе барање за правно разведување во Април 2009 година, но го повлече во Мај. На 12 Август 2009, Рајт поднела барање за развод, изјавувајќи дека немала планови за помирување. Во тоа време го извадила "Пен" од нејзиното професионално име. Разводот финализирал на 22 Јули 2010.

Во февруари 2012 година, Рајт започна да се запознава со актерот Бен Фостер, и нивната свршувачка беше објавена во јануари 2014 година. Двојката ја прекина нивната свршувачка во Ноември 2014 година, но повторно се обединија во Јануари 2015. На 29 Август 2015 година, тие објавија дека ја прекинуваат својата вторa свршувачка.

Филантропија и активизам[уреди | уреди извор]

Рајт е почесен портпарол на Далас, Тексас-базирана непрофитна Гордиева фондација.

Во 2014 година, Рајт соработуваше со две компании во Калифорнија; Pour Les Femmes и The SunnyLion. The SunnyLion донира дел од својата добивка за движењето Raise Hope For Congo.

Рајт е активист за човековите права во Демократска Република Конго. Таа е наратор и извршен продуцент на документарниот филм "Кога Слоновите се борат" кој нагласува како мултинационалните рударски корпорации и политичари во Демократска Република Конго ги загрозуваат човековите права, и овековечување на конфликтот во регионот. Рајт е поддржувач на Stand With Congo, кампањата за човекови права зад филмот. Во 2016 година, јавно говореше за поддршка на кампањата на филмски проекции на филмскиот институт во Њу Јорк, во медиумските интервјуа, со новинари, и преку нејзините сметки за социјалните медиуми.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Филм[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Белешки
1986 Холивудска екипа на разврати
Лори Стантон
1987 Принцеза невеста Батеркап
1990 Порекнување Сара
1990 Помилувани
Кетлин Фланери
1992 Комичари Тара Магвајер
1992 Играчки Гвен Тајлер
1994 Форест Гамп Џени Каран
1995 На крстопат Џоџо
1996 Мол Фландерс
Мол Фландерс
1997 Сакани
Хеда Амерсон
1997 Таа е прекрасна
Морин Мерфи Квин
1998 Харлибарли Дарлин
1999 Порака во шише Тереза Озборн
2000 Како да го убиеш кучето на твојот сосед 
Мелани Мекгауан
2000 Нескршлив
Одри Дан
2001 Заклетва
Лори
2001 Последниот замок Розали Ервин Непотпишана во улоги
2002 Потрага за Дебра Вингер
Себе си Документарен филм
2002 Бел олеандер 
Стар Томас
2003 Распеаниот детектив
Никола/Нина/Русокоса
2003 Девица
Г-ѓа Рејнолдс
2004 Дом на крајот на светот
Клер
2005 Девет животи
Дијана
2005 Жалам, хејтери
Фиби Торенс
2005 Макс Мајка Краткометражен филм
2006 Провалник
Лив Улман
2006 Соба број 10
Френи Џонс Краткометражен филм
2007 Ловечки пес Непозната жена
2007 Беовулф Кралица Велтоу
2008 Пикантни холивудски приказни
Кели
2008 Њујорк, те сакам Ана
2009 Како стојат работите
Ен Колинс
2009 Приватните животи на Пипа Ли
Пипа Ли
2009 Божиќна приказна
Фен Скруџ/Бел
2010 Заговорник
Мери Сарат
2011 Формула за успех
Шерон Бин
2011 Рампарт
Линда Фентрес
2011 Девојката со тетоважа на змеј
Ерика Бергер
2013 Конгрес
Себе си
2013 Совршени мајки
Роз
2014 Најбараниот човек
Марта Саливан
2015 Еверест
Пич Витерс
2017 Вондер вуман
Генерал Антиопа
2017 Истребувач 2049
Подофицер Џоши Постпродукција
2017 Лига на правдата
Генерал Антиопа Постпродукција

Телевизија[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Белешки
1983–84 Жолтата роза
Барбара Андерсон 2 епизоди
1984–88 Санта Барбара
Кели Кепвел
538 епизоди
2005 Емпајер Фолс
Грејс Роби
2011 Просветлени
Сенди 2 епизоди
2013–сеуште Куќа од карти
Клер Андервуд 
Главна улога, извршен продуцент (4. сезона) и режисер (7 епизоди)

Наводи[уреди | уреди извор]

Stefanksy, Emma (7 јуни 2017). „Robin Wright's Antiope 'Wonder Woman' character will be in 'Justice League'“. http://screencrush.com/robin-wright-justice-league/. конс. 7 јуни 2017 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]