Републички пат III-109

Од Википедија — слободната енциклопедија
Републички пат III-109
Републикански път III-109
Информации за правецот
Должина:12,5 км
Поважни клучки
Од:435,8 км од I-1
До:Мелник
Патна мрежа
Сообраќај во Бугарија

Републички пат IIІ-109 (бугарски: Републикански път IIІ-109) — третокласен пат од републичката патна мрежа на Бугарија кој се протега во Светиврачко, Пиринска Македонија Има должина од 12,5 км.

Патот се двои налево при 435,8-ми км на патот I-1 југозападно од с. Ново Делчево и се упатува на исток низ источниот дел на Светиврачко-петричката Котлина. Минува низ селата Спатово и Хотово и навлегува во крајните разграноци на Пирин. Поминува низ с. Дере Мислим (Лозеница), свртува на североисток и стасува до гратчето Мелник.

Републички пат ІII-109
Патишта што со излези надесно
(населено место, бр. на патот, правец)
Км Патишта што се излези налево
(населено место, бр. на патот, правец)
Општина Свети Врач, I-1, 435,8 км ← 0,0 ← 435,8 км, I-1, Општина Свети Врач
(за с. Левуново) општински пат ← 0,9 → општински пат (за с. Ново Делчево)
с. Спатово 3,8 → с. Спатово, општински пат (за с. Склаве)
с. Хотово 5,3 с. Хотово
(за с. Ѕивгелија / Зорница) општински пат ← 7,6
с. Дере Мислим (Лозеница) 9,4 с. Дере Мислим (Лозеница)
(за с. Манџово / Виногради) општински пат ← 10 
Мелник 12,5 Мелник

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]