Струма (автопат)

Струма (бугарски: Автомагистрала „Струма“) е автопат во Бугарија, која го поврзува автопатот Љулин преку Даскалово во близината на градот Перник со граничниот премин „Кулата-Драготин“ и на тој начин се обезбедува патна врска на Софија со Егејска Македонија во денешна Грција.
Трасата на идниот автопат е со приближна должина од 156 километри во правец на патот Е79 и е дел од европскиот транспортен коридор 4. За автопатот има прединвестициони истражувања со утврдена траса, со исклучок на делот во Кресненската Клисура. Во овој регион изградбата е проблематична, бидејќи автопатот се планира да помине низ една од најважните заштитени територии на биоразновидноста во Бугарија.
Завршени делници
[уреди | уреди извор]На 31 јануари 2007 година била отворена првата делница од автопатот, која била со должина од 19 км од Драгичево до Долна Дикања. Автопатот е со габарит од 29 метри, со 2 ленти од по 11,50 метри, со активни 2 ленти и итна лента и има вредност од 54 милиони евра.
Планирани делници
[уреди | уреди извор]Остатокот од автопатот, кој треба да биде изграден, е поделен на четири дела. Изградбата на 1 и 4 дел се очекува да започне во јуни/јули 2011 година. [1] Финансирањето е овозможено од Европската унија, но деловите 1, 2 и 4 ќе бидат финансирани по оперативната програма „Транспорт“ 2007-2013 (бугарско кофинансирање) и имаат вкупна вредност од 250 милиони евра.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Инж. Василка Костадинова (2010-12-17). „Извештај за подготовка и спроведување на сообраќајните инфраструктурни проекти, вклучени во Оперативната програма "Транспорт" 2007-2013. Приоритетна оска II“. ОП "Транспорт. Архивирано од изворникот на 2014-12-22. Посетено на 2010-12-21.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Струма (автопат)“ на Ризницата ? |
- ОП Транспорт 2007-2013 - АМ „Струма“ Архивирано на 22 декември 2014 г. (бугарски)