Прејди на содржината

Републички пат III-197

Од Википедија — слободната енциклопедија
Републички пат III-197
Републикански път III-197
Информации за правецот
Должина:89,1 км
Поважни клучки
Од:87,7. км на II-19, Неврокоп
До:Девин
Патна мрежа
Сообраќај во Бугарија

Републикански път IIІ-197 (бугарски: Републикански път IIІ-197) — третокласен пат од републичката патна мрежа на Бугарија кој се протега на територијата на Пиринска Македонија и Смољанската област. Има должина од 89,1 км.

Патот се двои налево на 87,7. км од патот II-19 во источниот дел на градот Неврокоп (Гоце Делчев). Ја преминува реката Места и источниот дел на Неврокопската Котлина, па кај селото Дабница навлегува во Доспат Планина (Дабраш) од Западните Родопи. Тука потоа минува низ селата Долно Дреново и Сатовча, па ја напушта Пиринска Македонија. Влегува во Смољанската област, стрмно спуштајќи се по источното подножје на планината, ја пресекува реката Доспат и стасува до центарот на гратчето Доспат. Оттаму продолжува на исток, го сече Велиичко-виденичкиот Дел на Родопите, минува низ селото Борино и се спушта во долината на реката В’ча кај селцето Тешел. Од овде свртува на североисток и по долината низ селото Грохотно и населбата Настан стасува до градот Девин.

На 7. км, кај пиринското село Дабница од десната страна се двои патот III-1972 (33,7 км), кој потоа минува низ селата Фустане (Хвостјане), Блатска, Абланица, Боголин, В’лкосел и Фргово и повторно доаѓа до републичкиот пат ІII-197 кај 27,1. км источно од Сатовча.

Републички пат ІII-197
Патишта што со излези надесно
(населено место, бр. на патот, правец)
Км Патишта што се излези налево
(населено место, бр. на патот, правец)
Општина Неврокоп, Пиринска Македонија, II-19, 87,7 км, Неврокоп0,0Неврокоп 87,7 км, II-19, Пиринска Македонија, Општина Неврокоп
Општина Грмен2,1Општина Грмен
3→ општински пат (за с. Грмен)
6,3← 15,9 км, III-1905 (од Господинци)
(за 27,1 км на патот III-197) III-1972, 0 км, с. Дабница7,0с. Дабница
(за с. Крибул) општински пат ←13,3
13,6→ општински пат (за с. Крушево)
с. Долно Дреново14,5с. Долно Дреново
Општина Сатовча17,5Општина Сатовча
21,1→ општински пат (за с. Долен)
24,2→ општински пат (за с. Плетена)
с. Сатовча26,1с. Сатовча
(од 7 км на III-197) III-1972 33,7 км →27,8
(за с. Кочан) општински пат ←29,4
(за с. Осина) општински пат ←36,7
Општина Доспат, Смољанска област39,7Смољанска област, Општина Доспат
(за с. Љубча) општински пат ←42
(за с. Барутин) II-37, 218,9 км, Доспат50,8Доспат, 218,9 км, II-37 (од с. Џурово)
(за с. К’сак) општински пат ←54,5
(за с. Змеица) општински пат ←58,9
Општина Борино64,2Општина Борино
(за с. Чала) општински пат, с. Борино68,2с. Борино
(за с. Бујново) општински пат ←73,9
Општина Девин, (за с. Триград) општински пат ←74,7Општина Девин
с. Грохотно79с. Грохотно
(од Смољан) III-866[1] 49,5 км, Девин85,2Девин
(за Стамболијски) III-866 51,2 км, Девин86,9Девин
Девин89,1Девин

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Во должина од 1,7 км (од 85,2. до 86,9. км) патот ІІІ-197 се дублира со патот III-866 (од 49,5. до 51,2. км)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]