Хемус (автопат)
Хемус (бугарски: Автомагистрала „Хемус“) е автопат во Бугарија, кој го поврзува главниот град Софија, преку Велико Трново, со третиот по големина град во земјата Варна на Црното Море. Автопатот го носи античкото име на Стара Планина низ која минува дел од трасата на автопатот.
Планираната должина на автопатот „Хемус“ e 433 километри, од кои до 2019 година 175 километри се во изградба. Трасата, што е во изградба е во два дела — првиот е од Софија до Јабланица и вториот — од Шумен до Варна. Автопатот парира на патиштата E70 (Варна-Шумен), E772 (Шумен-Јабланица) и E83 (Јабланица-Софија).
Делницата Правец-Јабланица е меѓу најтешките за спроведување поради многу суровиот планински релјеф на Стара Планина. Таа официјално била отворена на 5 декември 1999 година. Делницата е 5,47 километри во должина, а уште 16 км биле во реконструкција. Таа располага со два виадукта и еден тунел („Правешки Ханови“), додека целиот правец Софија-Јабланица има три тунели. Изградбата на делницата Правец-Јабланица започнала во 1984, но престанала во доцните 1980-те години поради недостаток на средства.[1] Делницата од 12,8 километри која ги поврзува Шумен со Каспичан на исток била отворена на 30 декември 2005 година и чинела 77 600 000 лева.[2]
До 2011 година бугарската влада се обидувала да го вметне автопатот Хемус во приоритетните сообраќајни проекти на ЕУ за „ОП Транспорт“ во програмскиот период 2014-2020 година. Идејата е изградба на останатите, приближно, 275 километри и да започне во вториот програмски период на ЕУ на почетокот на 2014 година. Во март 2011 година била извршена процедурата за избор за изведувач на делницата од станица Јана до Обиколениот пат на Софија (од км 0 +000 до км 8 +460) со должина од 8,46 километри.[3] Изградбата на овој дел започнала на 26 септември 2011 година со проектен рок за изградба од 22 месеци и проценета цена од 47 732 340 лева.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Иван Костов откри участъка Правец - Ябланица на магистрала "Хемус"“. Botevgradski Vesti. 6 December 1999.
- ↑ „Строежът на „Хемус" е в ръцете на държавата“. BiG.BG. 8 October 2009. Архивирано од изворникот на 2013-01-15. Посетено на 2012-12-14.
- ↑ „Информация за тръжната процедура за избор на изпълнител на допълнително проектиране и строителство на обект: "Автомагистрала /А2/"Хемус" "СОП–Пътен възел Яна" от км 0+000 до км 8+460“. Агенция „Пътна инфраструктура“. 2011-04-01. Архивирано од изворникот на 2018-12-12. Посетено на 2011-04-05.
- ↑ „Стартира строителството на нов участък от АМ "Хемус" – Софийски околовръстен път-пътен възел Яна“. Агенция „Пътна инфраструктура“. 2011-09-26. Архивирано од изворникот на 2014-12-23. Посетено на 2011-10-03.